И денеска топло време, кон крајот на денот се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер


Топлото време ќе се задржи и денеска, соопштија синоптичарите. Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд – над 15 литри на […]

Пожарот над Штип под контрола


Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна единица и на доброволците пожарникари од Доброволното Противпожарно друштво-Штип ја запре огнената стихија, која се доближуваше до првите куќи во штипската населба Кадидаре. МИА информираше дека попладнево од гром се запали сува трева и грмушки, но поради ветерот брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак. Градоначалникот на […]

Голем пожар беснее над Штип, градоначалникот Јорданов најави вонредна прес-конференција


Голем пожар беснее над градот Штип. Зафатени се ридови со трева и грмушки. Видливи се големи огнени јазици. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Штип кои интервенираат со сите расположиви средства. Засега нема информации за повредени.   Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по […]

„Четворка“ за учебната година: За промени и реформи во образованието треба време, вели министерката Јаневска


Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека оваа учебна година би ја оценила со четворка. Како што истакна вечерва, изминатиов период е сработено многу, но за спроведување на реформите во образованието треба време.   -Годинава беше подобра од претходните, би и дала четворка што е многу солидна оценка. Недостаток ни е времето. За промени […]

Скопската вода е безбедна за пиење


Водата на скопската територија е безбедна за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, информирајќи за дневните мониторинг- активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие биле земени 40 примероци од скопската водоводна мрежа.   […]

Поевтинуваат ХПВ тестирањето и ликвид ПАП цитологијата


Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) донесе одлука за значајно намалување на референтните цени на две клучни дијагностички услуги во рамките на програмата за рано откривање на рак на грлото на матката – ХПВ генотипизацијата и ликвид ПАП цитологијата. Мерката е веќе во сила и директно придонесува кон зголемување на бројот на достапни тестирања […]

Дигитални свидетелства за учениците од прво до трето одделение


 Дигиталните свидетелства од оваа година се воведуваат за учениците од прво до трето одделение, а в година ќе бидат воведени и за учениците од четврто до шесто одделение – најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.   – Како Министерство обезбедивме електронски печати и електронски потписи, а оваа година, за да не се случи […]

Промовирано академското рангирање на балканските универзитети – АРБУ, еве каде се македонските


Со присуство на претставници на академската заедница, институциите и бизнис секторот, денес во Скопје официјално беше промовирана платформата АРБУ – Академско рангирање на балканските универзитети (Academic Ranking of Balkan Universities), првото регионално академско рангирање кое ги опфаќа универзитетите од целиот Балкан и нивното научно влијание. АРБУ претставува најобемна анализа на високото образование во регионот досега. […]

На атрактивна локација во Аеродром ќе се продава државно земјиште по 2.000 денари квадрат


  Општина Аеродром продава градежно земјиште по 2.000 денари по метар квадратен. Земјиштето зафаќа површина од 23.000 метри и се наоѓа на атрактивна локација, непосредно до хотелот „Русија“ и спортската сала Јане Сандански. За оваа електронската аукција закажана за почетокот на следниот месец за почетните 2.000 денари по метар квадратен се бара банкарска гаранција од […]

„Ни трошка не сум виновен“: Пеце Матевски, екс-директорот на РЕК „Битола“, на судењето за јаловината од 2022 


  БИТОЛА – Обвинетиот Пеце Матевски, екс-директор на РЕК „Битола“ на вчерашното рочиште во Основниот суд во Битола рече: „Не се чувствувамни трошка виновен“ затоа што јавната набавка била спороведена по закон и критериумите на АД ЕСМ за ископ на јаловина во 2022 година со фирмата „Рудкоп “ Битола. „Јас како директор на подружница РЕК […]

МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства


Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании, соопштија од Министерството.   Со трансферот, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда […]

Андоновски: Дигиталната трансформација клучна за конкурентноста и безбедноста


Дигиталната трансформација претставува клучен предуслов за економска конкурентност, национална безбедност и институционална отпорност – порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отворањето на конференцијата „Акцелератор за дигитална трансформација на Западен Балкан“, што се одржува во Скопје во организација на Амбасадата на САД, во име на Бирото за киберпростор и дигитална политика (CDP) при Стејт […]

Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци


Градот Скопје соопшти дека на 11.06.2026 година (четврток), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје.   Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, се вели во соопштението. […]

„Домче“ доби мобилна верзија – македонскиот јазик на дофат на децата во дијаспората


Македонскиот јазик е еден од најцврстите темели на македонскиот идентитет. Токму затоа, неговото зачувување кај најмладите генерации во дијаспората е главната мисија на „Домче“ – првата дигитална платформа создадена специјално за македонски деца кои растат надвор од татковината. „Само неколку минути дневно се доволни детето да слуша македонски, да игра, да се смее и да […]

Бесплатна полуматурска забава за деветтоодделенците од Кисела Вода под мотото „Спремни за средно!“


Општина Кисела Вода организира бесплатна полуматурска забава за деветтоодделенците под мотото „Спремни за средно!“, наменета за сите ученици кои го завршуваат основното образование во оваа општина. Настанот ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во спортската сала „Независна Македонија“ при ООУ „Невена Георгиева Дуња“ и ќе трае до 23:30 часот. Се очекува присуство […]

Промоција на АРБУ – платформа за академско рангирање на универзитетите во Балканскиот регион


Во Стопанската комора на Северна Македонија денеска од 11 часот ќе се одржи презентација на АРБУ (ARBU) – платформа за академско рангирање на универзитетите во Балканскиот регион, како и претставување на извештаи за состојбата на високото образование и научно-истражувачката дејност. Пред присутните ќе се обратат претседателот на АРБУ, Марјан Бојаџиев, министерката за образование и наука, […]

Дел од општина Центар и неколку скопски села без струја


Дел од корисниците од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Ленинова“ (Аминта III) во општина Центар, како и кафулињата „Кала“, „Ателје“, „Адмирал“ и останати објекти денеска од 8:30 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Во период од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од селото Долно […]

ФЗОМ ќе презентира податоци и измени во цените за ПАП и ХПВ тестирање


Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска со почеток во 11:30 часот ќе се одржи прес-конференција посветена на тестирањето за рано откривање на рак на грлото на матката, информираат од Фондот. Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе бидат презентирани состојбите и трендовите во спроведувањето на скрининг-програмите, опфатот на осигурениците со ПАП и ХПВ […]

Конференцијата за дигитална трансформација на Западен Балкан во Скопје


Во Скопје денеска и утре ќе се одржи регионалната конференција „Акцелератор за дигитална трансформација на Западен Балкан“, во организација на Амбасадата на САД, во име на Бирото за сајбер простор и дигитална политика при Стејт департментот. Настанот што ќе се одржи во хотелот „DoubleTree Hilton“ денеска ќе го отворат вршителката на должноста шеф на мисијата […]

Дел од општина Карпош без вода


Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на крстосницата меѓу улиците  „Милан Марковиќ“ и „Брадфордска“ денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Милан Марковиќ“, „Крчин“, „Пијанец“, „Копачка“, „Илија Павлев“, „Стрезово“ и дел од улиците „Леринска“ и „Братфордска“ во општина Карпош. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, […]