Клековски: Почна да работи ПЕТ-скенот


 Од денеска почна да работи ПЕТ-скенот, закажани се девет пациенти. Денеска е донесена неопходната количина на радиоизотопот од Истанбул. Комуницираме и со Софија, бидејќи Истанбул работи од понеделник до четврток, сакаме да обезбедиме и алтернатива на Истанбул за да можеме ПЕТ-скенот да работи во сабота, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. ПЕТ-скенот, појасни министерот, во […]

Шасивари кон Апасиев: Политичката критика е легитимна, но навредите кон функционери не


Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, го искритикува новиот министер за правда Јетон Шасивари дека не е ниту уставно, ниту законски, ниту етички министерот и претседателот на Уставниот суд да се среќаваат јавно или приватно, бидејќи ја доведува во прашање независноста на двете институции.Апасаиев во објава на Фејсбук насловена како  „Што беше тоа поделба на власта“ […]

Укината епидемијата во Гостивар, по 5.000 пациенти, Клековски уверува дека нема нови


По нешто повеќе од еден месец, здравствените власти ја укинаа епидемијата во Гостивар, прогласена поради загадената вода во градскиот водовод. Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес извести дека нема нови случаи на заразени од водоводот. „Денска Центарот за јавно здравје Тетово одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар. Според нивните епидемиолошки податоци нема […]

Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните зa ширењето лажни вести за модуларните болници


ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да им се извинат на семејствата на загинатите зашто пет години си играа со нивните чувства и емоции, да им се извинат и на граѓаните зашто пет години ширеа лажни вести и го загадуваа јавниот простор со невистини – рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со вчерашната одлука […]

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп – Битола e со одлична динамика, првите километри следната година


 Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.  – Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика. Вчера имавме работен состанок и очекувам веќе следната година да има доста  добри вести […]

Кујната се пренаменува во занимални – уште 50 деца повеќе во градинката „Гоце Делчев“ во Илинден


Општина Илинден соопшти дека почнува проект со кој кујната во градинката „Гоце Делчев“ ќе се пренамени за дополнителни простории, со што ќе се создадат услови за згрижување на уште 50 деца и градинката ќе има вкупен капацитет за околу 650 деца. Постојниот кујнски простор во градинката ќе биде целосно реконструиран и пренаменет во две нови […]

Мицкоски за фамозните 325 отсто за пензиите: Месечниот пораст изминатите две години е 296 денари, пред тоа беше 91 денар


Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на новинарско прашање за споредба на просечната старосна пензија во време на претходната и актуелната Влада, посочи дека на месечно ниво таа се зголемува за 325 проценти повеќе отколку во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ потенцирајќи дека е подготвен аргументирано да зборува за тие податоци.  – Гледам како на […]

За Мицкоски скандалозна е одлуката на Обвинителството за случајот со модуларните болници


 За случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде што изгореа 14 луѓе, секогаш може да се најдат нови докази и тој повторно да стане актуелен – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчера објавената инфомација дека нема кривично дело што би произлегло од јавните набавки за 19-те модуларни болници. Мицкоски со […]

Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти


Имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините – информира денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Прилеп.  Мицкоски посочи дека во Прилеп за капитални проекти се инвестираат 12 милиони евра, потенцирајќи дека посакува нивната реалзирација да биде во зададените рокови.    – […]

Вирусот потврден и кај мртов гавран, до денеска 43 пациенти со западнонилска треска


Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, а регистрирани се и први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир. Бројот на заболени е 43. „Имаме 43 случаи на западнонилска треска, имаме 40 потврдени, од кои три се потврдени со […]

Три јавни повици за поддршка од 3 илјади до 150 илјади евра за Скопје европска престолнина на културата


 Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ги отвори трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на „Скопје 2028“. Повиците се за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои […]

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер


 Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните, а особено до сопствениците и операторите на дронови, за доследно почитување на правилата за безбедно користење на воздушниот простор. Од МВР посочуваат дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, […]

Скопје ги следи сите службени возила со GPS: Ѓорѓиевски најави поголема контрола на трошоците


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS-уреди и се следат преку современ систем за мониторинг, со цел да се намалат трошоците и да се спречат можни злоупотреби. Преку системот во реално време се следат локацијата на возилата, нивната маршрута, брзината, […]

МВР упати предупредување до операторите на дронови поради гаснењето на пожари од воздух


Министерството за внатрешни работи ги известува сите граѓани на Република Северна Македонија, а особено сопствениците и операторите на беспилотни воздухоплови – дронови, дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата […]

Прилепските пожарникари со контрапожар спречија огнот да стигне до Подмоле


 Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици. Ангелов повтопрно апелира до граѓаните да бидат внимателни бидејќи доволна е само искра, која, ако падне на сува трева, може да настане вистинска катастрофа.   – Утрово, селата […]

Општина Аеродром конечно ги расчистува насобраните купишта гранки и диви депонии


Вчеравечер, комуналните екипи до доцна во ноќта работеа на расчистување на дивите депонии и уредување на јавните површини на повеќе локации во Општина Аеродром.   Засилените активности продолжуваат, со цел почисти, поуредни и поубави јавни простори за сите граѓани.   Рано утрово екипите повторно се на терен и продолжија со редовните активности за одржување на […]

Без вода дел од Лисиче


Поради дефект на приклучна цевка, без вода од 09:00 часот се корисниците од улиците „Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“, „Благоја Мучето“, „Архитект Сотир Томовски“, „Димитар Благоев“ и дел од улиците „Митре Влаот“ и „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

ЕУ и Македонија во летна слатка трка: Кој повеќе произведува, а кој повеќе троши сладолед


етото, високите температури и желбата за брзо освежување секоја година уриваат нови рекорди во производството, трговијата и потрошувачката на сладолед. Новите податоци на Еуростат и на македонскиот Државен завод за статистика откриваат интересна анализа: додека Европа произведува милијарди литри, Македонија бележи впечатлив надворешнотрговски суфицит и извезува значително повеќе сладолед отколку што троши нејзиното население. Бројките […]

Сончево и многу топло до 40 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува […]