Ерозија на образованието: Во основно 200 паралелки помалку, во средно – 100


  Учениците ќе имаат учебници, тие се дистрибуирани и се наоѓаат во училиштата, соопшти денеска на прес-конференција министерката за образование Весна Јаневска, но затоа објави дека годинава има 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно.  Министерката обелодени дека во учебната 2026/2027 се запишани околу 14.500 првачиња, но тоа не е дефинитивниот […]

Пехчево не сака дата центри – Советот беше едногласно против


  По малку неочекувано Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар во градот. На денешната седница на Советот сите девет советници гласаа против. Пет советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, 3 од СДСМ и коалицијата и 1 советник од Движење ЗНАМ, едногласно ја отфрлија иницијативата да има дата-центар во Пехчево. Имаше бурни реакции во […]

Преку порталот е-наука лесно се стигнува до истражувачите – моќна алатка за бизнисите и меѓународните научни мрежи


Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на денешната промоција рече дека порталот e-nauka.mon.gov.mk ги покажува истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Тој е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати Web […]

Нови смарт-табли во ООУ „Блаже Конески“ за целосно современа настава


Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење. Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава. Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците […]

Три авиони на ДЗС, пожарникари и екипи на „Национални шуми“ го гаснат пожарот на Китка


Продолжува и денеска интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа Каршијак, при што на терен се ангажирани сите расположливи државни ресурси. Во гаснењето се вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и тимови на „Национални шуми“. Исто така, директорот на […]

Реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“ е во завршна фаза


Општина Центар е во завршна фаза со реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“, која до почетокот на новата учебна година ќе биде целосно обновена и подготвена за учениците. Во салата веќе се заменети светилките на плафонот, а старите фен-којлери се заменети со нови инвертер клима-уреди. Во тек се работите на електричната инсталација во […]

Од утре почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк: Бруцошите добиваат 140 денари дневно


Од утре, 26 август, почнува пријавувањето за субвенционираниот студентски оброк, информира Министерството за образование и наука, кое го објави јавниот повик за остварување на ова право. На повикот можат да се пријават редовни студенти запишани на прв и втор циклус студии, како и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети. Услов е студентот да […]

Бутел обезбеди ранец со училиштен прибор и униформа за сите првачиња


Општина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа. Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток […]

Кисела Вода и Природнонаучниот музеј потпишаа Меморандум за соработка


Градоначалничката на општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината – информира денеска општинската прес-служба. Со Меморандумот се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во […]

Без вода улиците „Јоаким Крчовски“, „Самоилова“ и „Банатска“


Прекинот на водоснабдувањето, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ќе започне во 9:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот. Денеска, поради уличен дефект ф-150 мм на ул.„Самоилова“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Самоилова“, ул. „Јоаким Крчовски“ и ул.„Банатска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот […]

Попладне можни се грмежи, пороен дожд и услови за невреме, најавува УХМР


Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Берово и Виница, каде се измерени по 6 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според утринската информација на УХМР, 4 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, а по 2 литри во Струмица и Гевгелија. Од Управата посочуваат дека […]

Фотографски натпревар „Вики ги сака спомениците 2026“ на Википедија


Википедија на македонски јазик и здружението Викимедија МКД го организираат фотографскиот натпревар насловен „Вики ги сака спомениците 2026“. Се работи за натпревар за фотографирање градби (куќи, манастири, цркви, џамии, археолошки наоѓалишта, споменици, јавни и општествени градби, и останати места) кои се заведени како културно наследство на Македонија. Право на учество имаат сите што ќе регистрираат […]

Активни три пожари на отворен простор, 25 изгаснати во текот на изминатото деноноќие


На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, […]

Сончево и топло, во вечерните часови наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе […]

Без вода утре делови од Центар и Карпош


Без вода утре од 08.30 часот ќе бидат дел од улиците „Мирче Ацев“ и „Мирче Мацан“ во општина Центар, а од 9 часот улица „2“ и дел од ул.„Козле“ – висока зона во општина Карпош – најави Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.  Причина за прекинот во снабдувањето со вода е изведување […]

Кај Крушево и Пробиштип појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира дека во одредени делови од земјата има појава на град, пороен дожд и засилен ветер. – Источно од Крушево има појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Северно од Велес има појава на пороен дожд и можна појава на суградица – посочуваат од УХМР. – Се […]

Во велешките села Иванковци и Кумарино забранета водата за пиење од селските водоводи


Општина Велес ги известува жителите на селата Иванковци и Кумарино дека согласно решение издадено од Агенција за храна и ветеринарство, се забранува водата за пиење од селски водоводи во селата Иванковци и Кумарино. На неколку локации во овие две велешки села  е поставено предупредување „Водата не е за пиење“.  Поради утврдена неправилност, водата не смее […]

Во делови од земјата има појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира дека во одредени делови од земјата има појава на град, пороен дожд и засилен ветер. – Источно од Крушево има појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Северно од Велес има појава на пороен дожд и можна појава на суградица – посочуваат од УХМР. УХМР информира […]

Средните училишта во Скопје добиваат современи лаборатории, паметен пластеник и метеоролошка станица


Средните училишта во Скопје се опремуваат со современи кабинети и лаборатории, со цел наставата по природните и математичките науки да се насочи кон практична работа, експерименти и интерактивно учење. Во тек е уредување на кабинети по математика и физика, како и лаборатории по хемија и биологија, кои ќе добијат нова наставна опрема, дидактички помагала, интерактивна […]

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е дали уште треба да поддржуваме вакви проекти


Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочарување за уништената зимската маркација од проектот „Славков“ на патеката за планинарење Попова Шапка – Титов Врв. Дипломатот објави дека земјите од Вишеградската група – Австрија, Словачка и Чешка во иднина ќе се запрашаат дали вреди да се поддржуваат вакви проекти. Повеќе од 45 од вкупно 112 […]