Граѓаните да пријават штета од невремето, повикаа од општинскиот кризен штаб Куманово


Кризниот штаб на Општина Куманово донесе повеќе мерки за справување со последиците од силното невреме што го зафати градот и околните населени места. Најголеми штети претрпе електродистрибутивната мрежа, а надлежните најавуваат дека расчистувањето на паднатите дрвја и санирањето на штетите ќе продолжи и во наредните денови. На денешната седница на Кризниот штаб, свикана по предлог […]

СДСМ: Труjачите на водата добија уште 5 години да го спасуваат Охрид


СДСМ реагира на одлуката на УНЕСКО да не го става Охридскиот регион на листата на светско наследство во опасност. „УНЕСКо на оваа власт ѝ даде уште пет години. Истите што за три дена дозволија загадена вода во четири града, истите што не можеа да обезбедат безбедна вода ниту во болница, сега добија нов рок да […]

Охрид останува надвор од Листата светски наследства во опасност, УНЕСКО даде нов рок


Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната Сесија што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. На државата и е даден дополнителен рок од пет години за да ги спроведе препораките поврзани со заштитата на природното […]

Се реконструира поликлиниката „Идадија“


 Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија со мерки за зголемување на енергетската ефикасност“ се реализира преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), кој го имплементира Проектната единица при Министерството за финансии, во соработка […]

Грузија победник на осмото издание на Фолк фест Скопје 2026


Осмото издание на Меѓународниот фестивал „Folk Fest Skopje 2026“ синоќа заврши на Плоштад „Скендербег“, со финална вечер исполнета со музика, танци и традиции од различни земји во светот. По настапите на ансамблите учесници, Грузија беше прогласена за победник на фестивалот, а пехарот за првото место го врачи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Мексико го освои второто место, […]

СДСМ: Автобусите за Скопје ги доби компанија на човек од кругот на Орбан


  Опозицискиот СДСМ вели дека на тендерот за електрични автобуси во Скопје и други градови победникот унгарскиот „Икарус“ сега доставил понуда поскапа за 8.000 евра по парче во споредба со претходниот оглас. СДСМ тврди дека претседателот на компанијата „Икарус“, Габор Селеш, е долгогодишен поддржувач на Виктор Орбан.  Според „Форбс“, Габор Селеш е деветтата најбогата личност […]

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 24 јули 2026 година, 205-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 160 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 19 минути, а ќе зајде во 20 часот и 1 минута. Денов трае 14 часа и 41 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Општина Кисела Вода почнува постапка за обесштетување на граѓаните погодени од невремето


Општина Кисела Вода започнува процедура за обесштетување на граѓаните кои претрпеа материјални штети од силното невреме што го погоди подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година. По одржаниот координативен состанок со Градот Скопје, во Општина Кисела Вода итно се формираше Комисија за утврдување на фактичката состојба на терен. Со ова започнува процесот за […]

Во велешкото езеро Младост нема капење – водата има цијанобактерии и токсини


Според последните анализи од стручните лица од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Велес, направени овој месец, водата во вештачката акумулација езеро „Младост“ кај Велес и понатаму е забранета да се користи за капење и рекреација, се додека од страна на стручна институција не се докаже отсуство на цијанобактерии, но и цијанотоксини. – Со тоа би можело […]

Голем пожар над Копаница, вклучени се авиони за гаснење


Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) попладнево испрати дополнителни сили за справување со големиот пожар над селото Копаница, во Општина Сарај, кој и понатаму претставува сериозен предизвик за противпожарните служби. ​​​​​​​За поддршка на скопската Бригада за противпожарна заштита, во акцијата се ангажирани два противпожарни авиони „Air Tractor“, кои интервенираат од воздух, како и две специјализирани […]

Експертски тим од скопски „Водовод“ ја контролира водата во Гостивар – до крајот на следната недела може да биде употреблива


Емилија Јанеска која е дел од лабораториско – експертски тим и доаѓа од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје на прес-конференцијата на кризниот штаб во Гостивар даде стручно појаснување за текот на испитувањата на водата од гостиварскиот водовод. Таа посочи дека пред два дена биле земени 9 примероци, од кои 3 примероци биле земени од […]

Предупредување за крушевчани: Превривајте ја водата од градскиот водовод


Центарот за јавно здравје – Прилеп информира дека водата за пиење од градскиот водовод во Крушево е бактериолошки неисправна, поради што на жителите им се препорачува за пиење да користат исклучиво пакувана вода. Од ЈП „Комуна“ – Крушево соопштија дека водата од градскиот водовод може да се користи за лична хигиена, подготовка на храна, перење […]

Четири компании дадоа понуди за електрични автобуси, пак е избран унгарски „Икарус“


  Четири компании доставија понуди на повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, информираше Министерството за транспорт. Меѓу нив е унгарската „Икарус“ со заедничка понуда со австриската ЕВН, која победи на претходниот тендер, но потоа тој беше поништен поради неправилност во постапката. Другите три компании се: кинеската „Голден драгон […]

Пакомак: Ако сакате да бидете успешни во управување со отпад мора над 80% од приходите да ги реинвестирате


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и оваа година ја обнови лиценцата на Пакомак за постапување со отпад, откако уште еднаш, 15-та година по ред го одобри годишниот извештај на компанијата. Министерството позитивно ја оцени работата на Пакомак во изминатата година и потврди дека компанијата ги остварила, па дури и ги надминала поставените […]

Црвениот крст отвори сметка за донации за Гостивар


Црвениот крст отвори сметка на која сите хумани граѓани ќе можат да им помогнат на жителите на Гостивар кои се соочуваат со епидемија откако беше утврдено дека водата не е за користење.  – Во овие тешки моменти, кога голем број семејства во Општина Гостивар се соочуваат со последиците од загадувањето на водата за пиење и […]

Унгарски „Икарус“ повторно најевтин понудувач за автобусите за ЈСП


Во однос на Jавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, информираме дека до крајниот рок понуди доставија четири компании и тоа:   – Xiamen Golden Dragon Bus Co, Ltd.   – YES -EU DENMARK A/S YUTONG   – BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi – – IKARUS Electric […]

Со милион евра од унгарскиот кредит обновен базенот во Кавадарци


Со инвестиција вредна околу еден милион евра, обезбедена преку вториот јавен повик на Владата, денеска официјално беше пуштен во употреба целосно реконструираниот градски базен во Кавадарци. На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Реконструкцијата опфати целосна обнова на базенскиот комплекс, вклучувајќи нов систем […]

Правилата за боледување не се ревидирани од 2012 година: Ќе воведеме српски или словенечки систем?


Вклучување на сите засегнати страни во дијалогот и пронаоѓање оптимален баланс меѓу потребата да се намали бирократијата и потребата да засилат контролите на местата каде има ризик од можни злоупотреби на боледувањата и примена на искуства од други земји, е целта на работилницата „Зајакнување на управувањето со боледувањата“, што се одржува денеска во Владата, а […]

Угостителите во Гостиварско послужуваат храна со пластичен прибор – водата е небезбедна дури и за миење


Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во вторникот, во Гостиварско спроведоа 70 вонредни надзори со кои беа опфатени промет, кафе-барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук и други оператори со храна. Акцент при контролите беше ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената […]