Герасимовски предлага еднократна помош за штетите од невремето – ќе го поддржи ли Советот?


По иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар е предложена дополнителна точка со која ќе се утврдат начинот и условите за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме што го зафати градот на 21 јули. „Уште од првиот ден сме […]

Како и каде да пријавите штета од невремето во Аеродром – еве ги правилата


Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година. По одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Општина Аеродром веднаш формира Комисија за утврдување на фактичката состојба и ја започна постапката за прием на барања, како предуслов […]

СДСМ бара вонреден надзор и анализи на сите водоснабдителни станици во државата


Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес конференција побара итно да се спроведе вонреден надзор и анализи на сите водоснабдителни станици во државата и јавно да се објават резултатите од физичките анализи, матност, мирис… како и хемиски анализи за нитрати, нитрити, амонијак, микробиолошки анализи и анализи за хлорирањето. Тој исто така побара и политичка […]

Со 840 милиони евра на Фондот за здравство сега ќе раководи тренер, вели Филипче


  Буџетот на Фондот за здравство во 2025 година изнесуваше 840 милиони евра (51,5 милијарди денари) и сега со него ќе раководи човек кој по професија е тренер – поранешниот министер за локална самоуправа, Златко Перински. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека со Фондот за здравствено осигурување, како една од најважните […]

Инспекции ќе ги проверуваат објектите од кои летаа лимени покриви


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во наредниот период ќе бидат спроведени засилени инспекциски контроли на објектите чии покриви биле однесени или сериозно оштетени за време на невремето. „Ќе се проверуваат сите објекти со оштетени кровови за да се утврдат причините за настанатите оштетувања, имајќи предвид дека нивното одржување е обврска на куќните совети“, […]

Премиерот пречекан со транспарент: Мицкоски на базен, а народот во Гостивар пие вода со фекалии!


СДСМ објави видео на кое се гледа како премиерот Христијан Мицкоски е пречекан со транспарент пред градскиот базен во Кавадарци. „Мицкоски на базен, а народот во Гостивар пие вода со фекалии! Како го пречека Мицкоски во Кавадарци, погледнете на видеото“, објави опозициската партија. Премиерот денес е на настан во Кавадарци по повод започнување со работа […]

Град Скопје ќе засади 60 нови садници во Градски Парк


За да ги санира последиците од невремето во Градскиот Парк, Град Скопје најави засадување 60 нови дрвја.   „Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк. Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Но, ние не дозволуваме […]

Ни се заканува ли катастрофа со водата за пиење поради депонијата во Јегуновце?- прашува ДОМ


По неодамнешните случувања и проблемите со водата во Гостивар, од политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) упатија јавен апел и предупредување дека слично катастрофално сценарио му се заканува и на главниот град. Од партијата бараат итно и превентивно решавање на опасноста која доаѓа од депонијата на поранешниот гигант „Југохром“ во Јегуновце, посочувајќи дека присуството […]

Ветерот го однесе државното знаме од плоштадот во Куманово


Силниот ветер што вчера го зафати Куманово го откорна државното знаме од јарболот на градскиот плоштад. Од Општина Куманово информираа дека знамето било пронајдено и преземено од полициски службеници, но е оштетено. „Знамето е оштетено. Ја информиравме Службата за општи и заеднички работи при Владата за состојбата. Оттаму нè известија дека ќе обезбедат ново знаме“, […]

ДЗР: Дури 50 милиони евра ненаплатени даноци на имот имаат општините


Општините во Македонија неефикасно ги наплаќат даноците по основ на недвижен имот, немаат ажурирани регистри, а се отпишуваат долгови по однос на задоцнето плаќање и камати… Дури близу 50 милиони евра останале ненаплатени за периодот од 2020 до 2024 година, а речиси 4 милиони евра се отпишани долгови. Проблемот се зголемува и поради неекипираност на […]

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за […]

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 23 јули 2026 година, 204-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 161 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 18 минути, а ќе зајде во 20 часот и 2 минути. Денов трае 14 часа и 43 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Скопските општини со комисии за пријавување на штетите од невремето – Градот има фонд за обесштетување


Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје, ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување, најави скопскиот […]

Водата во Гостивар сè уште е неисправна за пиење и за техничка употреба


Согласно резултатите од анализите на мострите извршени од Институтот за јавно здравје, водата во Гостивар во моментов е неисправна за пиење и за техничка употреба. Граѓаните се повикуваат строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатамошно известување да не ја користат водата од водоводната мрежа. Ова е информација за која, меѓудругото, се […]

За Зелен Хуман Град епидемијата во Гостивар е свесен биолошки напад


Зелен Хуман Град  го смета за свесен биолошки напад и терористички чин загадувањето на водата во Гостивар. Во реакцијата објавена денес тие сметаат дека коренот на сите несреќи во Македонија е ист – картелизирани јавни институции со неспособни партиски кои ги крадат парите на граѓаните.  „Нова недела, ново фијаско на македонските институции – илјадници граѓани […]

Пронајдени јајца од цревен паразит кај гостиварец по пиење на водата со фекалии


Поранешниот кандидат за градоначалник на Гостивар од партијата Левица, Дарко Грујоски денеска објави дека има бактерија во организмот од водата со фекалии која речиси цел месец циркулира низ гостиварскиот водоснабдителен систем. Според микробиолошкиот наод кој го објави Грујоски, кај него се пронајдени јајца од цревен паразит – Ascaris lumbricoides. Овој паразит е познат по тоа […]

И водата во Валандово нема да се пие, откриен арсен


Во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен, соопшти денес ЈП „Комунален сервис“ од Валандово. Според информацијата објавена на социјалните медиуми од страна на јавното претпријатие, присуството на арсен во водата за пиење е утврдено во добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје. […]

Вчера, уште 108 пациенти побарале помош за гастроентеритис во Гостивар


Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (21.07.2026 година) продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи […]