Доцнат решенијата за данок на имот во Скопје, но затоа ќе натежнат


Повисоки сметки за данок на имот се очекува да добијат скопјани во наредниот период, затоа што Град Скопје, воден од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во соработка со УНДП врши репроценка на вредноста на имотот на граѓаните, нешто што според нив не е направено повеќе години. „Не може становите да се продаваат по 2.500 евра за квадрат, […]

По цревните инфекции, можна е појава и на жолтица во Гостивар


Од Комисијата, која е советодавно тело на министерот за здравство, велат дека будно ја следат ситуацијата со епидемијата во Гостивар и здравствената слика кај пациентите што изминатиот период се јавија во болниците поради стомачни тегоби и посочуваат оти во актуелната ситуација не смее да има опушрање ниту кај гостиварци, ниту кај здравствените власти. „Ние како […]

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Термин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини


Министерот за здравство Сашо Клековски денеска одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство „Мој Термин“, на која е разговарано за можноста матичните лекари побрзо и поефикасно обезбедуваат термини за специјалистички прегледи преку системот „Мој Термин“. На средбата, како што информираат од Министерството за здравство, на која учествувале претставници на ЗЛОМ […]

По Шар Планина, и на Пелистер падна снег


Денеска на планината Баба, на врвот Пелистер (2.601 м.н.в) падна снег, информираа од ЈУ национален парк „Пелистер“. Од јавната установа потврдија дека промнеливото време и ниската температура, дождот го претворија во снег, со што како што велат Пелистер како крал на планините во Македонија и понатаму е непредвидлив и моќен. Фотографијата е на вработените од […]

Владата позајмила 7 милиони евра од М-НАВ


  Со одлука што ја изгласала на седница на 14 јули, Владата зема заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ), објави порталот „Сдк“. Тројцата директори Владимир Ристески (претседател нa УО на М-НАВ), Милан Кораќ и Фатмир Зимбери, минатиот петок на 17јули ја потпишале одлуката за одобрување на краткорочна позајмица. Таа треба да се […]

Утре бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес


По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје организира бесплатен панорамски разглед на градот. Со панорамски автобус и стручен туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да слушнат приказни за објектите што […]

Бела пена се влева по Лепенец во Вардар – Ѓорѓиевски најави санкции


Необична пенлива супстанца го покри вливот на реката Лепенец во реката Вардар, во Скопје. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски излезе на терен со инспекциски служби и посочи дека иако ова е во ингеренции на Министерството за животна средина, тие земале мостри и ќе испитаат кој е загадувачот. Тој вели дека вакви испади и неодоговрно однесување […]

Македонскиот рубин ќе се промовира и преку Центар за промоција на геонаследството


По значајниот исчекор што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го направи со воспоставувањето институционална заштита на македонскиот рубин како автентично минерално богатство на Македонија, започнува нова фаза – негова промоција, заедно со целокупното геолошко наследство на државата. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на Здружението за промоција на […]

„Пошта“ проработи по три дена прекин, ги изнервирал Апасиев


Од Македонска пошта стигна известување дека работата е нормализирана, откако Димитар Апасиев реагираше за нејзиното неработење на социјалните мрежи. Причина што три дена не се примаа пратки било невремето. „Кога Димитар Апасиев нема факти, прибегнува кон лаги, навреди и евтин популизам. Да, Поштата три дена не работеше поради сериозното невреме и техничките последици што ги […]

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош


Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден, соопшти Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” во Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од […]

Водата во Валандово повторно може да се користи


Водата од градскиот водовод на Валандово од денес е повторно во целосна употреба, согласно документот издаден од надлежната Агенција за храна и ветеринарство, со кој се укинува досегашната забрана за пиење на водата, соопшти денес на прес-конференција градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев. Првичната информација се објави во средата преку соопштение на ЈП „Комунален сервис“ од […]

Среде лето на Шар Планина падна снег


Заладувањето што го почувствувавме денеска, донесе и слаби врнежи од снег на Шар Планина. Над Попова Шапка, падна снег и покрај тоа што е средина на летото. На надморска височина над 2.300 метри температурата се спуштила под нулата. Од SkiMacedonia апелираат до сите посетители на планините секогаш да носат соодветна облека и опрема, бидејќи временските […]

В понеделник наутро штрајкуваат грчките цариници на Богородица, Дојран и Меџитлија


Патниците и превозниците кои в понеделник наутро планираат да патуваат кон јужниот сосед ќе се соочат со затворени рампи и застој на граничните премини. Македонското Министерство за внатрешни работи денеска излезе со итно предупредување до граѓаните, пренесувајќи ги официјалните известувања добиени од грчките надлежни служби за најавениот протест на тамошните цариници. Штрајкот на грчката царина […]

„Паркови и зеленило“ со апел да не се паркира под дрвја – паднатите уште не се отстранети


Поради најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за појава на нестабилно време, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, апелираме до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвја и да избегнуваат задржување во близина на висока вегетација, со цел да се намали ризикот од евентуални несакани последици, напишаа денеска од ЈП […]

Левица предлага сите стратешки објекти да ги чува АРМ


  Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денес во Собранието на Република Македонија одржа прес-конференција на која најави изготвување на нов Предлог-закон за критична инфраструктура. Со предложеното законско решение, Левица бара обезбедувањето на стратешките објекти и критичната инфраструктура од највисоко национално значење да го врши Армијата, во координација со другите надлежни институции. Осврнувајќи се на неодамнешните […]

Советникот од СДСМ во Центар, Матевски го донираше паушалот за помош на оштетените од невремето


Советниците на Општина Центар го усвоија Предлог-правилникот на Општина Центар за доделување еднократна финансиска помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме. Паралелно со ова некои советници, како и градоначалникот Горан Герасимовски ги донираа своите паушали кои им следуваат за учество на седниците да ги донираат со цел да им […]

И водата во Пласница е неисправна за пиење!


И водата во Општина Пласница и во Преглово не е за пиење, покажуваат документи од Центарот за јавно здравје во Прилеп од последните испитувања на водата од 14 јули годинава. Жителите се жалат дека со децении пијат загадена вода и никој не презема ништо. Во продолжение докуемнтите од Центарот за јавно здравје Прилеп од лабораториските […]

Недоречености во законот за сместување на студентите во домовите


Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, се проследува на натамошна постапка во Собранието – заклучи денеска на седница собраниската Комисија за образование, наука и спорт.  Предлагачи на законот се пратениците Даниела Христова, Каролина Насковска, Иванка Василевска и Велика Стојкова-Серафимовска. Комисијата не прифати шест амандани поднесени од група пратеници […]

Муцунски има план: Дивоградбите во Охрид ќе се уриваат законски. Досега ниедна не е урната


  Откако Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, вели дека дивоградбите не само во Охрид, туку секаде, треба да се уриваат на законски начин. Владата доби уште пет години за да ги спроведе забелешките […]

УХМР: За викендот стабилно време, во понеделник повторно дожд


За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Нови врнежи од дожд, проследени со локална нестабилност, се очекуваат во понеделник. На поединечни места ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Од вторник повторно следува период на стабилно и претежно сончево време, со постепен […]