Лекарите бегаат од Македонија


Младите лекари бегаат од државата. Според податоците на Лекарската Комора, од 220 студенти кои завршуваат медицина во Скопје, дури 173 бараат да одат да работат во странство. Еснафските здруженија алармираат дека ако продолжи овој тренд, за неколку години ќе нема доволен број на матични лекари и педијатри за најмладите. Здруженијата бараат да добијат повеќе пари […]

Скопје повторно загадено


Загадувањето на воздухот и утринава над дозволеното. Граѓаните на Скопје повторно се гуши во канцерогените пм 10 честички, мерните станици за квалитетот на воздухот, покажуваат ниво на загаденост над нормалата. Мерните станици во Лисиче и Ректорат бележат високо ниво на загаденост. Градот Скопје веќе подолго време е на листата на најзагадени градови во светот.

Протекуваат новите згради – колкава ќе биде конечната сметка за Скопје 2014?


Пред 4 дена се поплави Архивот на Република Македонија. Малку подолг дожд беше доволен да за прокисне кровот на новиот објект од СКОПЈЕ 2014-та, вреден 42 милиони евра. Оваа поплава само ја освежи меморијата на јавноста, кога пред околу 2 ипол месеци се поплави и новиот театар. Дожд, малку посилен и подолг од вообичаеното, беше […]

Општина Центар: Нема да се градат Шпанските скали


Градиначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, го поништи и го прогласи за ништовно издаденото оддобрени на „Амадеус Девелопмент“ за изградба на објекти за комерцијални и деловни намени во централното градско подрачје, информираат од Општина Центар. Надлежните во општината констатирале, дека инвеститорот во рок од две години по правосилноста на решението, колку што пропишува Законот за […]

Коѕијас-Силурис разговарале за името: „Сакаме Грција да има помалку проблеми”


Спорот со името заедно со кипарското прашање биле главните теми за кои разговарале шефот на грчката дипломатија и претседателот на кипарскиот Парламент, на нивната средба во грчкото МНР. Ова, како што јавува дописникот на МИА од Атина, го откри Димитрис Силурис на неговиот твитер профил. – Средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос […]

Пратеникот Груби учествуваше на Молитвениот појадок во Вашингтон


Пратеникот Артан Груби од ДУИ за време на посетата на Вашингтон имаше средби со американскиот конгресмен Џим Бенкс и поранешниот претставник на Стејт Департментот, аналитичар и универзитетски професор Даниел Сервер. Груби учествуваше на традиционалниот Молитвен појадок заедно со лидери од 140 земји од светот, чиј домаќин беше претседателот на САД Доналд Трамп. Од американскиот конгресмен […]

ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе од 3 месеци невини луѓе се жртви на измислен тероризам


„Десетици македонски патриоти повеќе од три месеци се жртви на континуиран политички прогон за измислен тероризам. Невини луѓе, доктори, глумци, режисери, политички без никаква правна основа се држат во привор во Истражниот затвор Скопје. Институциите не смеат да се злоупотребуваат за фабрикување на политички постапки и политички прогон. Конструираните случаи не смеат да станат наше […]

Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Мавровска раскрсница-Дебар


Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места, додека на планинските, осојничави места коловозите се влажни. Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка и на планиските премини Маврово, Стража, Пресека и Ѓавато, кој во мометов не преставува пречка за нормално одвивање на сообраќајот. Од 09:00 часот воведена е забрана […]

Заев во официјална посета на Германија на 21 февруари


Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев на 21 февруари во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Средбата, како што соопшти владината прес-служба, е во рамки на официјалната посета на владина делегација предводена од Заев на Сојузна Република Германија. По средбата, канцеларката Меркел и премиерот Заев ќе имаат заедничка прес – […]

Серија преговори меѓу Македонија и Грција


Делегации од  министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција одржаа средба  во рамките на преговорите за градење мерки на доверба меѓу двте земји. “Атмосферата беше конструктивна” , изјавија од МНР по средбата. Притоа, договорена е соработка  во разни области, вклучително и во земјоделството, образованието, здравството, заштитата на населението и други.Следниот круг преговори ќе се […]

Европската перспектива на Балканот: мит или реалност?


Пред 15 години во Солун европските лидери свечано изјавија дека иднината на Западниот Балкан е во ЕУ. ЕУ чекаше повеќе од една деценија и по три крвави војни, по падот на комунистичкиот режим и федерална Југославија, за да заклучи дека мирот, стабилноста и демократијата во овој турбулентен регион не може да се издвои од членството […]

Шекеринска: Груби изгледа е голем оптимист, не мислам дека е точна таа проценка


Вицепремиерката Радмила Шекеринска во вечерашното интервју на ТВ 24 коментирајќи ја изјавата на Артан Груби дека е постигнат договор за името, вели дека далеку е од такво нешто. „Груби изгледа е голем оптимист. Не мислам дека е точна таа проценка. Во спорови кои траат толку долго, нијанси одлучуваат. И се додека немате договор, сте далеку […]

Mерките за градење доверба: Седма рунда консултации меѓу македонското и грчкото МНР


Делегации на министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Грција денеска во Скопје ја одржаа седмата рунда консултации во врска со Мерките за градење доверба (МГД). Како што соопштија од МНР, состанокот претставуваше продолжение на пријателскиот и конструктивен дијалог за различни области од заеднички интерес, во поддршка на напорите на Владите во создавањето […]

Средба на Заев со делегација на организацијата „Лајонс Македонија“


Премиерот Зоран Заев денеска на средба со делегација на интернационалната асоцијација на Лајонс клубовите (ЛЦИ) „Лајонс дистрикт 132-Македонија“ ја поздравил нивната хуманитарна мисија и придонесот за претставување на Македонија, нејзините туристичките потенцијали и можностите за инвестирање на меѓународен план. Членовите на „Лајонс клуб – Дистрикт 132 Македонија“ го запознале премиерот со најновите активности, како што […]

Архивскиот материјал во Државниот архив не е оштетен, покажал увидот на комисијата


Архивскиот материјал во зградата на Државниот архив не е оштетен, утврдила комисија составена од претставници од Влада на РМ, Архив на РМ и Јавното обвинителство, соопшти вечерва владината прес-служба. Увидот е извршен на барање на министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, а во него учествувале и секретарот на Јавното обвинителство, Митко Митревски […]

Вилма Трајковска доби награда за општествени заслуги од ОМД


Во канцеларијата на Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) вчера им беа врачени награди на Вилма Трајковска, сопругата на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, и на Маријана Петир, пратеничка во Европскиот парламент од Хрватска. На приемот  организиран од ОМД во нивна чест, претседателот Мето Колоски и врачи награда на Трајковска за oпштествени заслуги и за […]

Заврши вештачењето: Мерцедесот кој го нарача Груевски со дупло пониска цена


Според тврдењата на 24 вести луксузниот мерцедес кој го нарача поранешниот премиер Никола Груевски, сега вреди дупло помалку. Односно, според формулите на проценителот, утврдено е дека неговата вредност сега е 60% помалку од онаа во 2012. кога бил купен. Со возилото досега биле поминати 80.500 километри. Неговата регистрација има важност до јули 2019 година. Гумите, кои […]

Воспитувачката од Аеродром уште оди на работа (Видео)


Воспитувачката од градинка во скопски Аеродром, која беше обвинета од страна на родителите дека го истепала нивниот син и понатаму оди на работа, потврди градоначалникот на Аеродром, Златко Марин. Инспекциските служби и Министерството за труд и социјала немаат докази за утврдување на вината на воспитуваачката и поради тоа не може да биде прекинат нејзиниот работен […]

Шилегов за „Етнос“: „Плановите на Груевски нѐ вратија назад“


Иднината на Скопје се наоѓа во европското општество, истакнал скопскиот градоначалник во интервјуто под наслов „Плановите на Груевски нѐ вратија назад“, објавено во денешното издание на грчкиот весник „Етнос“. Во интервјуто Шилегов објаснува дека уште пред да стане градоначалник бил свесен за предизвиците со кои што ќе се соочи, но дури по преземањето на должноста, […]

Општина Аеродром ќе донира 300.000 денари на Центарот за сензорна терапија


Општина Аеродром ќе издвои 300.000 денари од својот буџет за стручни лица кои ќе работат во втора смена во Центарот за сензорна терапија „Во мојот Свет“. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Аеродром, Златко Марин кој заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е Иван Петков го […]