Архитектите бараат нова локација за Клинички центар


Промена на локацијата на Клиничкиот центар мора да има зашто на постојната, со целиот сообраќаен метеж и загрозена животна средина, тој ќе умре, смета Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Архитектите денеска се пожалија дека Владата не побарала од нив стручно мислење за овој проект, констатирајќи дека продолжува практиката на нивно изземање кога се донесува одлука […]

Деца со аутизам од социјално загрозени семејства бесплатно во Центар за сензорна терапија


Деца со аутистичен спектар на нарушување на возраст од две до девет години од социјално загрозени семејства ќе добијат едногодишен бесплатен ран третман и терапија во Центарот за сензорна терапија „Во мојот свет“ во Скопје. Ова го овозможува проектот што го подготви Министерството за труд и социјална политика во соработка со Здружението „Во мојот свет“ […]

Градоначалниците Богоев, Марин и Наумоски со точак стасаа на работа(Фото)


Денеска во Македонија се одбележува интернационалниот ден „Со велосипед на работа во зима“ (Winter bike to work day) на иницијатива на движењето „На Точак“. Во одбележувањето на овој ден се вклучија и Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука, Град Скопје и уште неколку општини. Утринава на работа со точак […]

Прилеп се подготвува за 17-от по ред меѓународен карневал „Прочка 2018“


Општина Прилеп се подготвува за одржување на 17-от по ред меѓународен карневал „Прочка 2018“. Карневалските свечености ќе почнат на 16 февруари со отворање на традиционалната изложба на детски маски во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Ден потоа ќе се одржи детскиот карневал за учесници до 14 години. Главната манифестација ќе се одржи на Прочка, на […]

Шуга во Крива Паланка и во Ранковце


Во јануари на подрачјето на Крива Паланка и Ранковце се регистрирани пет заболени од грип, а шест лица од двете општини заболеле од шуга, информираат од Подрачната единица на Хигиено-епидемиолошка служба на Центарот за јавно здравје – Крива Паланка. – Месецот кој измина се регистрирани пет случаи на заболени од ова вирусно заболување на подрачјето […]

Груевски до судијата: На Заев му се закажуваат рочишта на три месеци, а мене на три дена


Судењето за предметот „Т.Н.Т“ на Специјалното јавно обвинителство, во кое обвинети за уривањето на комплексот „Космос“ се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, е одложено за 15 февруари. Одложувањето го предложи судијата Огнен Ставрев, на што одбраната реагираше дека времето […]

Се гради нов потпорен ѕид на Водно


Општина Центар почна да гради потпорен ѕид на улица „Христо Татарчев“ за да го реши проблемот со ерозија на земјиштето на дел од улицата. Ѕидот ќе биде долг должина од 15 метри, а ќе достигне висина од 8 метри. „Жителите реагираа и бараа од Општината да ги заштити од секојдневните опасности од слегнување, лизгање и […]

Уште 90.000 евра за новата зграда на ЕЛЕМ


И новото раководство на „Електрани на Македонија“ продолжува да троши пари за доизградба на административната зграда, која е дел од проектот „Скопје 2014“. Од компанијата процениле дека треба да потрошат уште околу 90.000 евра за комплетирање на електричната инсталација во зградата, чија вредност достигна речиси 18 милиони евра. Новите трошоци биле неопходни за купување подни […]

Во Хрватска се отвара центар за лечење со канабис


Во бањата „Свети Мартин“ на север на Хрватска наскоро ќе се објави првиот „канабис центар“ каде во лечењето ќе се користи медицински канабис, објави Хрватската телевизија. Терапијата најпрво ќе биде наменета за хронични болни и ќе трае по три недели. За останатите корисници, бањата ќе биде достапна од април. Лекувањето ќе чини повеќе од 400 […]

Шилегов и Каминис ќе го зацврстуваат пријателството меѓу Атина и Скопје (Видео)


Скопје и Атина ќе го зацврстуваат пријателството и соработката меѓу градовите и земјите. Ова генерално било договорено на денешната прва заедничка и официјална средба меѓу градоначалниците Петре Шилегов и Јоргос Каминис на која домаќин беше градоначалникот на главниот град на јужниот сосед. Средбата која се одржала во пријателска атмосфера, како што информираат од Град Скопје, […]

Одложени рочиштата за „Тотал“ и „Труст“, Латас не дојде на суд


Новинарот Драган Павловиќ Латас кој е осомничен за даночно затајување во предметот на СЈО „Тотал“, како што информираше неговата одбрана, поради лични и семејни причини не присуствуваше на денешното рочиште. Одбраната на Латас за неговата неможност да присуствува, пред Судот достави доказ од клиника. Новинарот Драган Павловиќ-Латас е осомничен за даночно затајување како сопственик и управител […]

Бездомник пронајден починат кај Зелено пазарче


Бездомник утрово е пронајден починат на плочникот кај месарниците на Зелено пазарче во Скопје. Случајот во полиција утринава во 6.30 часот го пријавил граѓанин. Од МВР информираат дека станува збор за педесетгодишен маж. Пазарџиите коментираат дека го познавале и дека тој речиси секојдневно се движел околу пазарчето и низ центарот на Скопје. Екипи на полицијата […]

Почна средбата Шилегов – Каминис


Во позитивна атмосфера предмалку почна средбата на градоначалниците на Атина и Скопје, Јоргос Каминис и Петре Шилегов, на која двајцата ќе разговараат за можностите за соработка меѓу двата града. На почетокот на средбата Каминис и Шилегов проговорија за локалните избори во нашата земја, на кои скопскиот градоначалник нагласи дека беше избран уште во првиот круг, […]

Османи уверен дека ќе го фати возот


Сега е вистинскиот момент Македонија да влезе во возот кој земјата ја носи кон НАТО и ЕУ и истиот не смее да се пропушти. Со ваков став излегоа вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и пратеникот на ДУИ, Артан Груби. Османи, претставувајќи ја Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан, процени дека во неа јасно е […]

Millions of euros gone with the wind, instead of producing electricity from wind


Sonja Risteska The production of electricity from renewable energy sources is far behind thermal power plants and large hydropower plants, as well as from the import of electricity for which Macedonia allocates millions of euros each year. Renewable sources, however, grow year by year – there is abundant solar energy, the price of production is […]

Три години од првата „бомба“ на Зоран Заев (Видео)


Пред точно три години, лидерот на СДСМ од партиското седиште за првпат пред јавноста ги обелодени снимките, таканаречените „бомби“. Заев тогаш откри дека биле прислушувани над 20 илјади граѓани, меѓу кои и новинари, функционери од тогашниот состав на Владата, но и претседателот Иванов. СДСМ набргу по првата бомба, поднесе и кривична пријава против ексдиректорот на […]

ВМРО-ДПМНЕ со променливо расположение: Ем бојкотираат ем патуваат


Привремениот координатор на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев отпатува во Вашингтон, а неговиот сопартиец и колега во парламентот Антонио Милошоски во Стразбур… До крајот на овој месец, пратеници на најголемата опозициска партија се очекува да учествуваат и на претстојната конференција што ја организира британскиот институт „Вилтон парк“ во Лондон, каде што се расправа вообичаено за битни прашања […]

Таравари: Подобро се снаоѓав како министер отколку како градоначалник


Подобро се снаоѓав како министер отколку како градоначалник, вели Арбен Таравари, екс министерот за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, во интервју за МИА. Таравари е лекар и Виш научен соработник на Клиниката за неврологија во Скопје. – Кога ја презедов министерската функција, пристапив со голем елан и желба да се сменат состојбите во здравството. Оформив […]

Медицинските сестри стареат, нема кој да дежура на клиниките


Во болниците низ државата има двојно помалку медицински сестри отколку што се потребни, а и тие што ги има се во поодмината возраст, кога не смеат да бидат на дежурства. Проблемот повторно се актуализира откако Клиниката за детски болести привремено го затвори Одделот за хематологија поради недостиг на кадар, па потоа повторно го отвори. На […]

Србија и Црна Гора се пред епидемија од мали сипаници


Во Србија се создадени услуви да се прогласи епидемија од моррбили (мали сипаници) откако за три месеци, од вирусот заболеа околу 1.900 лица и имаше три смртни случаи. Тамошните лекари изјавуваат дека причина за прогласување на епидемијата е тоа што бројката надминала 1.500 заболени лица. Велат дека мерката засега се избегнува поради материјални причини, бидејќи […]