Во сообраќајка повредена пратеничка на СДСМ и градоначалникот на Валандово


Во сообраќајна несреќа која се случила вчеравечер кај Удово, потешко повредена е пратеничката од СДСМ Мери Лазарова (33), а со полесни повреди поминал градоначалникот на Валандово Перо Костадинов (30). Пратеничката итно била пренесена во Ургентниот центар во Скопје, со повреди на главата и телото. Како што информираат од полицијата, автомобилот марка „опел корса“ се превртело, […]

Филипче: Експерти од ЕУ ќе обучуваат лекари во Македонија


Бараме партнер, универзитетска болница од ЕУ, со цел експерти, посебно за работи коишто не се изведуваат кај нас, да пратат доктори кои во Македонија ќе ги тренираат нашите лекари, вели министерот за здравство Венко Филипче во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Во таа насока веќе е разговарано со Министерството за здравство од Бугарија, а, […]

Двајца алпинисти исчезнаа на Кајмакчалан


Двајца македонски алпинисти исчезнаа на планината Кајмакчалан, потврди Министерството за внатрешни работи. Станува збор за девојка и момче на возраст од 26, односно 35 години. По нивните тела се трага од саботата околу 23.30 часот. Временските услови се лоши, поради што е отешната акцијата за извлекување на телата.

Груби: Конечното решение за името да биде достоинствено и взаемно прифатливо


Пратеникот на ДУИ, Артан Груби и посредникот на Обединетите Нации за спорот со името Метјуц Нимиц на работен ручек во Њујрок разговарале општо за спорот и посредништвото на медијаторот и споделиле размислувања за актуелните случување, соопшти собраниската Комисија за европски прашања, чиј претседател е Груби. Груби му ги пренел на Нимиц впечатоците од средбите во […]

Во Маврови Анови 48 сантиметри снег


Во Маврово изутрина до седум часот се наврнати 52 литри воден талог на метар квадратен, 49 во Демир Капија, 38 во Пожаране, 29 во Крушево, 26 во Гевгелија и Струмица, 23 во Тетово и Дојран, 20 во Битола, 17 во Берово, 15 во Ѓуриште…. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека најмногу снег има во Маврови […]

Сообраќајот отежнат, одрони и забрани за камиони на дел од патиштата


Поради отстранување одрони во близина на село Истибање сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин. Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Ѓавато и Стража, како и на патните правци Маврово-Дебар и село Шипковица- Попова Шапка. Поради појава на магла видливоста на патот село Шипковица-Попова Шапка е намалена […]

„Исцелител“ -најдобар меѓународен филм на фестивал во Санта Барбара


„Исцелител“ на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески е добитник на награда за најдобар филм на престижниот фестивал во Санта Барбара, Калифорнија. Филмот се натпреваруваше во интернационалната селекција со уште 11 други филмови, меѓу кои и номинираниот за „Златна палма“ на Кан минатата година, францускиот „Двоен љубовник“, добитникот на специјална награда на венецискиот филмски фестивал, францускиот „Редот […]

Снег го парализира сообраќајот на планинските превои


Поради врнежи од снег, вечерва е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато, соопшти Автомотосојузот на Македонија. И на патниот правец Маврово – Дебар и планинските премини Стража и Пресека има забрана за движење на камиони поради врнежите од снег.

Француски волонтери спасени од премрзнување на Шапка


Полицијата и Гроскоспасителската служба успеале денеска на Попова Шапка да пронајдат и да спасат двајца француски државјани кои залутале во планината. Попладнето било пријавено во СВР – Тетово дека двајца Французи, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово, залутале и се изгубиле на падините на Попова Шапка и единствено знаеле дека се наоѓаат покрај […]

Синдикатот бара анализа за пензискиот систем


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во реакција на информациите за зголемување на границата за пензионирање, предлага да се преземат мерки за намалување на обемот на неформалната економија и на нерегистрираните плати и да се спречи емиграцијата на високо едуцирани млади луѓе. ССМ наведува дека е потребна повисока продуктивност за повисоки плати и потенцира дека […]

Пробиен ли е рокот за Законот за јазици ?


Иако утре истекува рокот што спикерот Талат Џафери го спомна како последен за почеток на расправата за Законот за употреба на јазиците, во трето читање, не е закажано продолжение на 32.седница, на чиј дневен ред е регулативата што е дел од преткоалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ. Шансите, Собранието да заседава утре се мали, меѓудругото […]

ВМРО-ДПМНЕ: Кој лаже, Заев и Димитров или Груби кога вели дека се преговара и за идентитетот и јазикот


Владеачката коалиција секојдневно нанесува огромна и ненадоместлива штета на Република Македонија во спорот околу проблемот кој што соседна Република Грција го има со нашето име. СДСМ и ДУИ како да се натпреваруваат кој ќе направи поголема отстапка без да се направи проценка за последиците  врз највисоките национални интереси,  реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на пратеникот Артан Груби […]

Алаѓозовски: Интензивно се работи за да се изнајде решение за Архивот


Интензивно работиме за изнаоѓање решение за просторниот проблем на Државниот архив на Република Македонија. Ситуацијата е многу комплицирана. Проблемот е во тоа што во ниеден од објектите кои фигурираа во јавноста како можни, дури и враќање во старите простории на Архивот не ги имаат идеалните услови. Ова денеска го истакна министерот за култура Роберт Алаѓозовски кој рече […]

Мицкоски на средби со дијаспората во Њу Џерси


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера оствари повеќе средби со дијаспората во Њу Џерси, САД, и одржа трибина на која се разговараше за акутелните политички состојби во Република Македонија. Мицкоски оствари средба со претставниците на Движењето за човекови права во Њу Џерси – организација која повеќе од 30 години презема голем број активности насочени кон […]

Ќе се санираат објектите на националните културни установи


Со годишната програма на Министерството за култура обезбедуваме средства за динамична културна програма низ целата земја, ја подобруваме инфраструктурата и условите за вработените и за публиката, ги отвораме установите за независната културна сцена, создаваме нови програми, ги зголемуваме можностите за поддршка за сите актери во културата и обезбедуваме механизми за суштинска вклученост на сите засегнати […]

Министерството за финансии го презентираше новиот софтвер за јавни набавки


Во Министерството за финансии денеска беше презентиран најновиот софтвер на Бирото за јавни набавки, со цел овозможување поголема транспарентност и отчетност во процесот на склучување договори за јавни набавки. Новина во надградениот систем е објава на склучените договори, бесплатен преглед на тендерската документација, критериумите и условите и поради транспарентноста на самите договори, може да се […]

МВР: Кандидатите за полицајци ќе полагаат испит од областа на сообраќајот


Во периодот од 12 до 15 февруари годинава, во сите Сектори на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, ќе се спроведува практичен испит од областа на сообраќајот – Контрола на возила и возачи за 610 кандидати од Основна обука за полицаец 2017/18 година, соопшти МВР. Во рамки на Секторот за внатрешни работи Скопје поради […]

Ѕанакопулос: Димитров и Коѕијас ќе разговараат за сите отворени прашања


За сите отворени прашања во рамките на преговорите ќе разговараат Димитров и Коѕијас, изјави портпаролот на грчката Влада во однос на тоа што ќе се најде на масата разговори на двајцата министри за надворешни работи на нивната следна средба, јавува дописникот на МИА од Атина. Одговарајќи на новинарско прашање, на вчерашниот брифинг, во врска со […]

Жител на село Горна Бањица починал во пожар


Осудесетитригодишен старец во село Горна Бањица, гостиварско, починал најверојатно од задушување со чад откако во собата каде што престојувал избувнал пожар. Полицијата соопшти дека вчера во 14:30 часот во село Горна Бањица, гостиварско, во неговата куќа бил пронајден починат М.Ш. (83). Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото […]

Ќе остане ли споменикот на Александар на скопскиот аеродром?


Постапката за преименување на автопатот „Александар Македонски“ на Коридорот 10 и на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе почне по објавување во ЈП „Службен весник“ на одлуката што за Скопје” како и автопатот што го поврзува Скопје со грчката граница во автопат “Пријателство”. Од декември 2006 година, пак, исто така со одлука на претходната Влада […]