Премиерот Заев ќе учествува на работниот состанок на ЕУ со Западен Балкан во Софија


Премиерот на Република Македонија Зоран Заев, ќе учествува на работниот состанок на претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов (како премиер на земја претседавач со ЕУ) со шефовите на држави и влади од Западен Балкан, што на четврток ( 01.03.2018 ) ќе се одржи во Софија, Република Бугарија. Покрај премиерот Заев, […]

Братот на Сашо Мијалков дал оставка од местото советник на директорот на Царината


Влатко Мијалков, братот на Сашо Мијалков и братучед на Никола Груевски, кој го советуваше директорот на Царинската управа, поднел оставка на функцијата, потврдија оттаму за „Макфакс“. Од Царина додаваат дека оставката била на негово барање и не сакаат да споделат повеќе информации, за како што велат, да не му се нарушела приватноста. Влатко Мијалков му […]

Анѓушев на Самит на ЕБОР: Формирање на еден заеднички енергетски пазар е иднината на регионот


Енергетската иднина на земјите од регионот на Западен Балкан вицепремиерот Кочо Анѓушев ја гледа во создавање на еден заеднички енергетски пазар, без административни граници. – Доколку сакаме одржлив енергетски систем во регионот, верувам дека формирање на еден заеднички енергетски пазар, единствена регионална берза и воведување на универзален снабдувач за електрична енергија и гас е вистинско […]

Заев: БДП мора да биде над четири проценти за граѓаните да почувствуваат разлика


Коридорот 8 и Коридорот 10, но и другите коридори кои поминуваат низ другите земји биле дел од темите за кои денеска се разговарало на инвестицискиот Самит во Лондон кој е во организација на ЕБОР. Како што соопшти владината прес-служба по Самитот премиерот Заев истакнал дека се работи за сериозни финансиски средства, оти проценката на Коридорот […]

АХВ: Препораки за одгледувачите на животни во услови на ниски температури и снег


Одгледувачите на животни во услови на ниски температури и обилни врнежи од снег треба да обезбедат вода и храна во количини доволни за задоволување на потребите на сите животни во одгледувалиштето во траење од најмалку две недели, а храната да е со хранлива вредност соодветна на видот и категоријата на животни, се вели во препораките […]

(ВИДЕО/ФОТО) Снежното време ги радува граѓаните, но им го отежнува и движењето


Снегот во текот на денешниот ден не престана да паѓа, а дел од граѓаните му се радуваат, други пак се жалат поради потешкотиите во движењето. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На сите сообраќајни правци во државата врне снег и има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби. Поради појава […]

МЗШВ: Проблемот со брашното ќе биде надминат


Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и на Република Србија, Љупчо Николовски и Бранислав Недимовиќ се во комуникација и проблемот со брашното ќе биде надминат. Ова денеска за МИА го посочија од македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Разговорите меѓу двајцата министри следат откако Србија најави контрамерки по воведувањето на мерките […]

Средба на г.г. Стефан со Даријан Сотировски


Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски денеска се сретна со поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан. Од Комисијата соопштија дека покрај срдечните честитки за изборот на Сотировски за директор, г.г. Стефан ги истакнал своите искрени желби за негова успешна работа и поддршка за сите […]

Голем пад на трговијата со биткоини


Вредноста на биткоинот продолжи да се намалува, и сега најпопуларната криптовалута повторно изнесува под 10.000 долари. Биткоинот вчера се намали на 9.300 долари, за наскоро потоа да се искачи на 9.600 долари. Највисоката точка за валутата беше постигната на 20 февруари, кога еден биткоин се продаваше за 11.765 долари, но позначајна од вредноста е количеството […]

ЕБОР: Нови инвестиции и економска интеграција на Западен Балкан


Интензивиран интерес и прилив на странски инвестиции во Западен Балкан е целта на „Регионалната инвестициска платформа“ на ЕБОР што дененска е промовирана на лондонскиот Инвестициски самит за Западен Балкан во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а на која учествува премиерот Зоран Заев и премиерот од регионот. Идејата на иницијативата е да […]

Мицкоски: Граѓаните се за 11 проценти посиромашни споредено со 2016 година


Во текот на денешниот ден ќе остварам средба со тројцата европратеници, господата Кукан, Вајгал и Флекенштајн. На средбата ќе стане збор за актуелната политичка ситуација во државата. Но, она што е поважно за граѓаните е лошата економска состојба на секој од нив поединечно, која што е резултат на погрешните и лоши политики кои што владата […]

ФЕНИ Индустри почна со производство


Во ФЕНИ Индустри од утрово е успешно рестартиран производниот процес. Електро-печката се враќа во работа со полна пареа, целосната опрема е ставена во функција и тековно се врши дотур на репро-материјали за континуирано производство. Рестартирањето на комбинатот следи по само три седмици интензивни подготовки и набавки. Меѓу вработените, повеќе од 700, владее огромно задоволство и […]

Во Кисела Вода фрлени околу 20 тони сол, во Карпош се чисти рачно и со механизација


Општина Кисела Вода информира дека се расчистуваат улиците од снежните наноси. Со помош на камиони и механизација за расчистување на снегот фрлени се околу 20 тони сол. Работниците на фирмата „Анизор“, ангажирана од општината, заедно со сезонските работници од вчера, од 18 часот, биле излезени на терен во текот на ноќта, а нивните активности продолжиле […]

Плаќајте ги сметките со „Мастер кард“ на мобилен


Комерцијална банка ја активираше најновата апликација „KomPay“, преку која се овозможува бесконтактно плаќање на продажните места. Станува збор за апликација наменета за физички или правни лица што се корисници на „Мастер кард“ платежните картички, а кои поседуваат мобилен уред со Андроид оперативен систем. Откако апликацијата бесплатно се презема на „Google play“, потребна е регистрација, се […]

Кабинет на Иванов: Сертификатите за новинари се за подготовка на Стратегијата за одбрана


Кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов, преку соопштение ја демантира изјавата на претседеталот на ЗНМ Насер Селмани, дека издавале безбедносни сертификати на новинари, посочувајќи дека тој е погрешно информиран. Според кабинетот, врз основа на деловникот за работа на Советот за безбедност седниците во определени случаи можат да бидат јавни. Стручни лица, наведуваат, може да […]

Делегација на Град Скопје му оддаде почит на Борис Трајковски


По повод одбележувањето на 14 години од смртта на поранешниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, делегација на Град Скопје, положи цвеќе на неговиот гроб во Алејата на Великаните на градските гробишта Бутел. Делегацијата на Град Скопје, беше составена од Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, советникот на градоначалникот, Азиз Максутовиќ и членот […]

Бејли го искритикува за непотизам Советот на обвинители


Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли денес јавно го искритикува Советот за јавни обвинители, по информациите дека претседателот на оваа институција учествувал во одлуката за назначување на неговата внука за обвинителка во „организиран криминал“. Како што рече Бејли, во Советот за јавни обвинители има конфликт на интереси и, доколку некои медиуми не биле охрабрени […]

Заев во Лондон ги презентира инвестициските предности на Македонија


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во рамки на работната посета на Велика Британија, денеска учествува на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во Лондон во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) каде се обрати на дебатниот панел на премиерите. На форумот беа презентирани нивните погледи во однос на приоритетите за […]

Во декември 75,2 отсто од потрошената струја од домашно производство


Македонија лани во декември вкупно потрошила 789.209 мегават часови електрична енергија, 38.090 милиони нормални метри кубни природен гас, 535.674 тони јаглен и 99.083 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статитстика, 75,2 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 97,4 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на […]

Заев за Еуроњуз: Нема потреба да се промени Уставот (ВИДЕО)


Нема потреба да се смени Уставот. Уставот е домашна книга и нема последници надвор од земјата, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за Еуроњуз, јави дописникот на МИА од Атина. – Направивме ревизија на нашиот Устав во 1993 година поради чувствата на нашите пријатели Грците. Сакаа да бидат повеќе покриени, да се чувствуваат поудобно […]