Законот за лекови неделава ќе биде вратен во процедура


Во текот на оваа недела по завршните консултации со правниците, Законот за лекови и медицински средства ќе биде вратен во собраниска процедура на прво читање. Ова денеска го истака министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека ќе има јавна расправа за да ги образложат деталите за промените кои ги направиле. Одговарајќи на новинарско прашање […]

„Катимерини“: Седум точки во предлог договорот


Името, спектарот на употреба, јазикот, идентитетот, трговските употреби, кратенките и акронимите се седумте точки што ги содржи грчкиот предлог на нацрт спогодбата, според весникот „Катимерини“. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, овие впрочем се и точките што самиот Коѕијас ги спомена, во интервјуто за државната ТВ ЕРТ, минатиот месец, кога за прв пат […]

Околу 30 милијарди евра ќе чини изградбата на транспортните коридори на Западен Балкан


Околу 30 милијарди евра ќе чини изградбата на транспортните коридори на Западен Балкан, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на отворањето на Инвестицискиот форум на Европакста банка за обнова и развој (ЕБРД) во Лондон. Тој додаде дека уште околу пет милијарди евра ќе чини изградбата на дигиталната инфраструктура во регионот. Главните коридори кои се во […]

„Та неа“:  Атина преферира име на македонски, непреведено и слеано


Атина преферира новото име да биде на македонски јазик, непреведено и напишано слеано во еден збор, објавува весникот „Та неа“ во денешната анализа за нацрт спогодбата што Грција ќе и ја достави на Македонија. Документот изготвен на 20 страници, според весникот, Коѕијас на Ципрас му го доставил минатиот вторник пред патувањето на грчкиот премиер за […]

Дежурни телефони за пријавување проблеми со снегот во Ѓорче Петров


И Општина Ѓорче Петров отвори дежурни телефони за пријавување проблеми со снегот. Со јавување на 2044-441 и 2039-307, граѓаните можат да пријават неисчистена општинска улица, затрупан приод до некој јавен објект и слично. Телефоните ќе бидат отворени до 16.30 часот, но, по потреба, велат од Општината, ќе станат достапни и 24 часа. Истовремено, од Општината […]

Now what?


Petar Arsovski I think the conclusion that we do not know what to do with freedom is absolutely correct. But I would add, we are a little afraid of freedom. The authoritarian system creates both servants and rebels, but at the same time provides stability, an easy excuse that someone else thinks about you, that […]

ЗНМ: Иванов ги терал новинарите да потпишат сертификати за да молчат


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) изрази загриженост поради тоа што според нивни информации кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов на одредени новинари им понудил безбедносни сертификати во име на поголема транспарентност на институцијата, оценувајќи го таквиот чекор како обид за притисок и контрола врз медиумите. Како што истакна на денешната прес-конференција претседателот на […]

Кичевските села останаа 12 часа без струја


Снежното невреме што го зафати кичевскиот регион предизвика дефект во електро-дистрибутивната мрежа, поради што поголем дел од околните села веќе 12 часа се без струја. Од ЕВН велат дека работат на отстранување на дефектот. Жителите од овие села се соочуваат и со проблем со водоснабдувањето, бидејќи поради прекинот на струјата пумпите за вода не работат, […]

Филипче: Владата целосно ќе ги финансира превентивните програми за ХИВ и туберкулоза


Република Македонија ќе биде домаќин на бордот на Глобалниот фонд кој годинава ќе се одржи на 8 и 9 мај. Од Глобалниот фонд го препознаа лидерството на нашата земја во регионот како земја која целосно го презема финансирањето на превентивните програми за ХИВ и туберкулоза од Глобалниот фонд. Одлуката едногласно беше донесена пред неколку недели […]

Град Скопје: Исчистени се сите булевари и градски улици


Градските власти велат дека зимската служба излегла на терен веднаш по паѓањето на првиот снег. Службата ги исчистила сите булевари и улици што се во надлежност на Градот Скопје, а дополнително со сол биле поминати и т.н. „критични точки“. Зимската служба работи со механизацијата на јавното претпријатие „Улици и патишта“, односно со 19 разновидни возила и […]

Македонската Википедија 62. во светот: Еден Македонец создал 10 отсто од сите статии


Новите технологии му донесоа такви можности на човештвото кои на крајот на минатиот век, или пред само 20 години, не можеа да се замислат. Придобивка на новата дигитална ера е лесниот пристап до сè што нè интересира, а во широкиот опсег на достапното е и најголемата слободна електронска енциклопедија – Википедија. Наместо трагања по архиви […]

Цените на нафтата растат втора недела по ред


Цените на нафтата на светските берзи минатата недела, втора седмица по ред, пораснаа за над три отсто, како последица на проблемите со производството на енергенсот во Либија и информациите за намалување на нафтените резерви на глобално ниво. На Лондонската берза цената на северноморската нафта минатата недела порасна за 3,6 проценти на 67,20 долари за барел, […]

Новата зграда на НБРМ сѐ уште под земја


Сѐ уште не се наѕираат катовите на новата зграда на Народна банка вредна речиси 25 милиони евра која ќе биде во стилот на „Скопје 2014“. Уште се вршат градежните работи под земја. Непречено и без проблеми. Така барем велат од НБРМ. „Текот на изградбата на новиот објект на Народната банка се реализира со нормална динамика, […]

Се навршуваат 14 години од смртта на претседателот Борис Трајковски


Денеска се навршуваат 14 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар. Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани. Претседателот Трајковски загина во […]

Снегот скрати и укина повеќе линии на ЈСП


Поради снегот денеска во Скопје повеќе градски и приградски автобуски линии се скратени. Не сообраќа автобусот до Нерези (Македонско село) и приградските линии 64, 80, 80а и 180. Како што соопшти ЈСП „Скопје“, автобусот со број 3 место до „Панорама“ сообраќа до Клинички центар, а 16 место до Пржино сообраќа до црквата „Св. Петка“. Автобусот со број […]

Проблеми со снегот во Центар пријавете на 076-313-381


Жителите на Центар можат да пријават проблеми со снегот на 076-313-381. Телефонот е во функција 24 часа. Од Центар велат дека досега имале само неколку јавувања, генерално апели за чистење на неколку улички на Водно. Улиците биле расчистени во најкус рок, впрочем, расчистување на делот на Водно било и приоритет во започнатата акција на зимската […]

Независни Грци нема да гласаат за име со вклучен термин Македонија


Коалицискиот партнер во грчката Влада, партијата Независни Грци, не отстапува од цврстиот став, да не поддржи договор за името со вклучен термин Македонија. Оваа позиција, уште еднаш ја повтори портпаролката на партијата, Мадалена Пападопулу во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА. „Во однос на прашањето со Скопје, Независни Грци во никој случај, нема да гласа […]

На Заев во „Поткуп“ ќе му се суди на 6 март


По барање на одбраната, судењето за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев е одложено за 6 март. Премиерот Заев, придружуван од владина делегација денеска во Лондон ќе учествува на Самитот за Западен Балкан за привлекување странски инвестиции. И минатото рочиште беше одложено, на барање на јавен обвинител кој го известил новиот судија […]

Смени или само промени во власта?


Третпат во рок од четири дена, премиерот Зоран Заев најави вчера смени на функционери во извршната власт, но за разлика од неговите претходни изјави, овој пат пролетната реконструкција ја оправда со проширување на мнозинството во Собранието. „Да нема дилеми. Евентуалната реконструкција ќе се случи поради окрупнување на парламентарното мнозинство. Оттука доаѓаат работите. Ако се случи […]

Претседателот на ЕК со охрабрувачки пораки: Јункер ќе ги спојува географијата и историјата


  „Импресивно е, но продолжете“, беше охрабрувањето на претседателот Жан Клод Јункер за премиерот Зоран Заев, за време на вчерашната посета на Накедонија. Тој не штедеше комплименти за реформите, но не беше дециден кога Европската комисија ќе ја тргне условената препорака за Македонија, најавувајќи ја како реална можност за наредните месеци. „Не дојдовме овде за […]