„Независен весник“ ја поддржува кампањата за Денот на ретките болести


Редакцијата на „Независен весник“ ја дава својата поддршка на пациентите со ретки болести. Тие утре ќе го одбележат својот ден – 28 февруари, Ден на ретките болести. За таа цел, насловните фотографии на нашите профили на Фејсбук и на Твитер, денеска и утре ќе бидат во знак на ретките болести. Своја поддршка за кампањата дадоа […]

Владата ќе го разреши Џејсон Мико од позицијата почесен конзул


На предлог на Министерството за надворешни работи, се очекува Владата да го разреши Џејсон Мико од позицијата почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона, САД , на која беше именуван во 2013 година, дознава БИРН. Како отворен лобист за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, Американецот Џејсон Мико пишуваше колумни во „Дневник“ се до затворањето на весникот и […]

Бакојани: Пакет решение за името, а не решение на делови


Ставот на опозициската Нова демократија дека спорот со името не може да се решава во делови, туку само со едно пакет решение, уште еднаш го повтори поранешната министерка за надворешни работи на Грција, а сега пратеник Дора Бакојани. Во исто време, упати критики до грчката влада, за начинот на кој ги води преговорите. – Владата […]

Во Скопје ќе се одржи првиот салон на занаетчиско пиво


Домашна пивска сцена? Да. Toa се оние луѓе кои произведуваат пиво во домашни услови, во кујна, гаража, креативни – секој на свој начин, со многу љубов и почит кон овој древен, корисен и здрав пијалак неправедно деградиран од општеството, што си го бара своето место под сонцето. Вака порталот sakampivo.mk го најавува првиот Пивски салон […]

„То Вима“: Мали очекувања за решавање на името


Да бидеме внимателни во очекувањата за прашањето за името со Скопје, рекле за „То Вима“ кругови од грчката дипломатија, поткрепувајќи го ова со ставот дека разликите меѓу двете страни, за одредени точки сѐ уште се големи. Како што јави дописникот на МИА од Атина, весникот, во текстот под наслов „Мали очекувања за решавање на името […]

Грчки медиуми: Заев стави вето за промена на Уставот и за име без превод


Во коментарите на вчерашното интервју на македонскиот премиер Зоран Заев за „Еуроњуз“ грчките медиуми ја користат изјавата на Ангела Меркел од заедничката прес конференција во Берлин токму со него за тоа дека „јавните изјави може повеќе да му наштетат на процесот“. „Грчки дипломатски извори се прашуват која е намерата на јавните споменувања од скопската страна на […]

For the Macedonian Affairs


Zvonko Davidovic 115 years ago, Krste Petkov Misirkov, in the book “For the Macedonian Affairs”, presented his scientific-theoretical views on the identity and distinctiveness of the Macedonian people with historical approach to the emergence of other European and Slovenian peoples, and as a unique idea and goal of national affirmation to the Macedonian people in […]

ЕБОР ни даде 86 милиони евра за реконструкција на 400 километри регионални и локални патишта


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе обезбеди 86 милиони евра за надградба на транспортната инфраструктура и зајакнување на регионалната интеграција на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Инвестицијата е делумно поддржана и од Фондот на Централнo европската иницијатива (ЦЕИ), обезбеден од Владата на Италија. Од втората транша во вкупен износ од 181 милиони […]

Милошоски контра ВМРО-ДПМНЕ: Пратеникот со бебето в рака најави дека ќе оди на протест (Видео)


Антонијо Милошоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, со видео порака на својот фејсбук-профил најави дека денеска ќе присуствува на протестот против промената на името и покрај резервата која во однос на овој собир ја изрази ВМРО-ДПМНЕ. „Протестот за зачувување на идентитетот и на уставниот суверенитет на Република Македонија, доколку биде достоинствен и мирен, без разлика што е […]

Половина Скопје ќе стане лизгалиште


  Половина Скопје ќе стане лизгалиште ако се остварат прогнозите на синоптичарите за екстремно ниски температури до крајот на неделава, а во меѓувреме снегот не се исчисти. И покрај напорот на зимската градска служба и оние општинските, се чини дека голем дел од јавните површини во текот на вчерашниот ден како да не виделе лопата […]

Во буџетот во јануари прибрани речиси 7 отсто од планираните приходи


Во првиот месец од годината во државната каса се слеале 13.328 милиони денари или 6,89 проценти од вкупниот буџет за годината, додека расходите се реализирани со 6,56 проценти или 13.891 милион денари. Во однос на претходната година има поголема наплата. Според објавените податоци на Министерството за финансии даночните приходи и придонеси во првиот месец изнесуваат […]

Новиот видеопристап на Мицкоски


Економијата тоне, граѓаните осиромашуваат, БДП е околу нула, девизните резерви опаѓаат, имаме за 100 милиони евра помалку странски инвестиции… предупреди вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од својот кабинет во партиското седиште. Најави средби и со тројцата европратеници: Кукан, Вајгл и Флекештајн. Речиси истовремено, најголемата опозициска партија лиферуваше соопштение во кое се наведува дека дејствијата […]

Заев: Не прифаќам име без превод


Премиерот Зоран Заев не прифаќа име на државата без превод и менување на македонскиот Устав. Ваквиот став тој го изнел во интервјуто за германскиот магазин „Шпигел“. „Не можам да препознаам разумни аргументи за такво нешто. Како тоа практично би изгледало, да не се преведува нашето име? Дали треба да ги натераме канцеларката Меркел и претседателот […]

Семејно – пријателски врски ја тресат обвинителската фела


Непотизам и судир на интереси го тресат Советот на јавни обвинители, како институција која е надлежна за именување на обвинителите во основните обвинителства низ земјава. На ова укажа вчера американскиот амбасадор Џес Бејли, како говорник на Итерпарламентарната конференција во македонското Собрание. Бејли, кој пред неколку месеци го отвори скандалот со високите надоместоци на ДИК, сега […]

Скопје и Атина се позиционираат за името


Уставот е домашна книга и нема последници надвор од земјата, поради тоа нема потреба да се смени, порача вчера премиерот Зоран Заев во интервју за Еуроњуз. Тој смета дека доволна е ревизијата на Уставот од 1993 година која се направи поради чувствата на, како што рече, нашите пријатели Грците и за да се чувствуваат поудобно […]

Две деца од штипско со армиски возила пренесени во болница


Две болни дечиња на возраст од шест и осум години од штипското село Почивало со возила на АРМ попладнево се однесени во општата болница во Штип. Како што објави АРМ на својот фејсбук профилот, поради снежните врнежи единствено само со армиските возила било возможно да се дојде до селото и да им се помогне на […]

Средба Заев-Палмер: Членството во ЕУ и НАТО ќе биде добро за целиот регион


Премиерот Зоран Заев за време на дводневната работна посета на Велика Британија се сретна со в.д. заменикот помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот на САД, Метју Палмер. Палмер на средбата, како што соопшти владината прес-служба, ги поздравил напорите на новата влада за демократски реформи. Тој го поддржал процесот на ЕУ и […]

Мицкоски на средба со европратениците Вајгл, Кукан и Флекејштајн


Христијан Мицкоски денес (26 февруари 2018та година) заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на Извршниот Комитет, Драган Данев оствари средба со европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекејштајн. На средбата се разговараше за актуелните состојби, за застојот со европските интеграции и предизвиците на државата на општетсвен и политички план. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски […]

ЕБОР обезбеди 86 милиони евра за наградба на патната мрежа во Македонија


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува 86 милиони евра за надградба на транспортната инфраструктура и зајакнување на регионалната интеграција на македонското јавно претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Ова е втора транша од проектот што е вреден 181 милиони евра, а ќе послужи за финансирање на надградбата на 26 делови од македонската патна мрежа, […]

Во четврток температура од 10 степени под нулата


Времето утре во Макеоднија ќе биде променливо облачно и студено со повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и крајните источни делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој во Пелагонија на моменти ќе се засилува. Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната […]