Измени на триесетина закони на собраниските комисии


Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за култура, за транспорт, врски, за екологија и за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија. Предлог – законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција, во прво читање, е на дневен ред на Комисијата за култура. На дневен ред […]

Родителите на девојчето со молк ја слушнаа пресудата за Чапароски


Родителите на девојчето не покажале никаква реакција по пресудата за д-р Александар Чапароски, поранешен директор на Клиниката за неврохирургија, на кого судот вчера му изрече условна казна од една година затвор доколку во рок од две години не направи кривично дело. Чапароски беше обвинет дека од таткото на девојчето побарал 1.000 евра поткуп за да […]

Неколку илјади граѓани протестираа за одбрана на уставното име на Македонија


Неколку илјади граѓани протестираа вечерва од Мисијата на ЕУ во Скопје, па се до Собранието за одбрана на уставното име на Македонија и за прекин на преговорите за името со Грција. „Бараме итен крај на разговорите за името на државата. Отфрламе референдум за името. Ја повикуваме власта да се откаже од намерата за промена на името, ја охрабруваме опозицијата да ги одбрани името и идентитетот […]

Лазар Еленовски назначен за специјален пратеник на Владата на РМ во НАТО


Владата денеска на 56. седница го назначи Лазар Еленовски за специјален пратеник за НАТО интеграции во Брисел. На денешната владина седница беа отповикани неколку конзули на Република Македонија, Ричард Голдман, Џејсон Мико, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо, како и Пуршотам Карамангала Џајарам. Владата го именуваше Бујар Дарлишта за в.д. директор на Управата за […]

Мицкоски: Владата и Заев креираат хаос и се наддаваат за спорот со името


Пред очите на целата јавност гледаме како се одвива вистински хаос креиран од владата и премиерот во поглед на најсуштинското прашање, а тоа е спорот со нашиот јужен сосед, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил. -Збунувачки за целата јавност е што меѓународен медиум тврди дека Премиерот Заев рекол дека би се […]

Грешката на советникот од Алијансата за Албанците го сели Ќосето во Сопиште?


Советникот од Алијанса за Албанците, Орхан Гафури бара ново гласање за тоа дали општина Сопиште да го вдоми споменикот на Ќосето, објави Телма. Орхан Гафури тврди дека гласал против споменикот да биде преселен во нивната општина со што се доведува во прашање резултатот од денешното гласање со 6 наспроти 4, за прифаќање на споменикот. Советникот […]

Поради мито приведен советникот на градоначалникот на Шутка


Попладнево е приведен Суад Мемеди, советник на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш. Како што неофицијално дознаваме, Мемеди е уапсен под сомнение дека барал мито за легализација на куќа. Мемеди, според информацијите, бил фатен со обележани банкноти во раце.Веднаш по приведувањето, советникот е однесен во скопска полициска станица.

Заврши 56 владина седница: Милијарда денари за субвенционирање на нови вработувања


Владата издвои над милијарда денари за субвенционирање на нови вработувања, средства за започнување на сопствен бизнис, обука и други мерки за зголемувања на вработеноста, со акцент на младите во оваа држава. Измени на законот за стечајни работници со што се решава овој долг историски проблем. Од кадровските решенија, именување нов директор во управата за водење […]

Министерството за здравство ја одзеде дозволата за работа на „Санте Плус“


Министерството за здравство донесе решение да ја одземе дозволата за работа на ПЗУ „Санте Плус гроуп“ откако по извршениот вонреден испекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат беа утврдени неправилности во работата на болницата во однос на кадарот и опремата. Родилката од Кичево почина при породување со царски рез, па од приватната болница била однесена […]

Заев не предлагал имиња за Македонија


Македонскиот премиер Зоран Заев не искажал став дека нашата земја е подготвена на мали промени со името во Уставот, соопштија од владиниот кабинет, реагирајќи на делови од неговото интервју за агенцијата Ројтерс преземени, како што е наведено, од страна на некои од македонските медиуми. „Кабинетот на претседателот на Владата категорично тврди дека премиерот Заев нема […]

ММФ го назначи за Себастијан Соса за резидентен претставник во Македонија


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го назначи Себастијан Соса за резидентен претставник во Македонија. ММФ, како што стои во соопштението, го назначи Соса, кој е резидентен претставник на ММФ во Србија, исто така, да ја врши функцијата и на резидентен претставник во Македонија. Седиштето на Соса ќе остане во Белград и ќе ги покрива двете држави. […]

Заев: Македонија понудила четири опции за промена на името


Македонија понудила четири опции за решавање на спорот за името со Грција, изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за Ројтерс, пренесе Дојче веле. „Предлозите се Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје)“, изјави Заев за Ројтерс во Лондон, каде присуствуваше на инвестицискиот самит за Западниот Балкан во организација на Европската банка […]

Двесте деловни објекти куртулиле казни заради снегот


Градските власти информираат дека во текот на изминатите два дена испратиле 200 опомени до правни лица да го исчистат снегот пред своите деловни објекти. „До денеска, сите правни лица што беа опоменати, ги исчистиле јавните површни до своите пристапи без притоа да бидат казнети“, информираат од Град Скопје. Законот за јавна чистота предвидува глоба во […]

Повлечен цитостатик од парaлелен увоз поради сомнителен квалитет


Повлечена е цела пратка на цитостатик од паралелен увоз, јави телевизија Телма. Пред една недела влегле во Онкологија и ги побарале сите кутии од лекот, а не само една како што е пракса. „Во една од последните инспекциски контроли појавен е сомнеж во квалитетот на лек кој бил предмет на испектирање. Постапката на испитување на […]

Царовска: ОЈО ќе одлучи против кого ќе покрене обвиненија за злоупотребуваните штитенички


Истрагата на Oбвинителството ќе покаже кон кого и за што ќе се покренат обвиненија во случајот со злоупотребуваните штитенички од Домот „25-ти Мај“, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа потсети дека за ова, Министерството направило детален инспекциски надзор и на установата „25 Мај“ и на центрите за социјална работа. – Против […]

(ФОТО) „Берлин бар“ ја отвори вратата за бездомни животинчиња во студените денови


Скопскиот „Берлин бар“ вчера на нивниот официјален Фејсбук профил ги повикаа сите граѓани кои ќе наидат на бездомни кучиња и мачиња во овие студени денови да ги однесат кај нив, бидејќи тие ги отвораат вратите 24 часа во денот. „Дечки, Берлин ќе биде отворен цела ноќ, нема да се служат пијачки ( бидејќи законот не […]

Решение за уште 1.900 лица со измените на законот за стечајци


Нови 1.900 лица ќе бидат опфатени со измените и дополнувањата на законот за стечајци што на денешната седница ги усвои Владата, односно тие ќе имаат можност да добиваат паричен надомест од државата до нивното пензионирање. – Со усвоените измени се олеснуваат потребните услови утврдени со постојниот закон, кои се однесуваат на стекнување на правото на […]

Манчевски и Арслан разговараа за трет мобилен оператор во Македонија


Создавањето услови за трет мобилен оператор во Македонија и искуствата на Турција во оваа област, биле тема на денешната средба на македонскиот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски со турскиот министер за транспорт, морепловство и комуникации Ахмет Арслан. На средбата со Арслан, одржана во тек на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, Манчевски ги […]

Со проект на ЕУ ќе се работи на задржување на младите во руралните средини


Градење на капацитетите на младите со цел да станат фактор во креирањето на локалните политики за развој е целта на проектот „Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во ЕУ“. Проектот кој беше промовиран денеска во Скопје е финансиран со средства од ЕУ, а го спроведуваат четири организации. Лидер на проектот е Подружницата во […]

Утре истекува рокот за фирмите да достават годишни пресметки


Рокот за поднесување на годишните сметки за правните лица истекува утре, додека самостојните вршители на дејност можат да ги поднесуваат годишните сметки до 15 март годинава во хартиена и електронска форма, информира Централниот регистар на Република Македонија. – За субјектите кои водат сметководство согласно Законот за трговски друштва рокот за поднесување на годишните сметки и […]