Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Никола Тодоров


Управата за финансиска полиција до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе ривична пријава против поранешниот министер за здравство Никола Тодоров поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Кривична пријава, како што соопштуваат од Финансовата полиција, е поднесена и против П.В., раководител на Единицата за имплементација на Проектот за реконструкција и доградба на објекти […]

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април, неработен за ромската заедница


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците, 8 април (недела), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија. Од Министерството на граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија им го честитаат Меѓународниот ден на Ромите.

(ФОТОВЕСТ) Променет натписот на аеродромот во Скопје


Натписот на скопскиот аеродром е променет во „Меѓународен Аеродром Скопје“. Одлуката за промена на името на скопскиот аеродром од „Александар Велики“ беше донесена заедно со одлуката за промена на името на автопатот од „Александар Македонски“ во „Пријателство“.  

Теодоракис: На 12 април средба Коѕијас-Димитров, потоа случајот го преземаат премиерите


Информациите во грчките медиуми за нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на 12 април, ги потврдува лидерот на партијата Река кој вчера одржа средба со шефот на грчката дипломатија. Ставрос Теодоракис во интервју за државната ТВ ЕРТ, повикувајќи се на она што го слушнал од […]

Продолжуваат средбите на Коѕијас со лидерите на политичките партии


Следните седмици ќе бидат одлучувачки за дали ќе има или не решение на проблемот, смета лидерот на партијата Река кој вчера имаше средба со шефот на грчката дипломатија. За текот на преговорите за името, за односите со Албанија и за грчко турските релации, Никос Коѕијас го известил Ставрос Теодоракис на нивната средба, соопштуваат од партијата […]

Словенечкиот премиер Церар во посета на Македонија


Словенечкиот премиер Миро Церар денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. За попладнево е закажана средба меѓу премиерите Заев и Церар, како и билатерален состанок на македонската и словенечката владина делегација. Словенечкиот премиер за време на дводневната посета на Македонија ќе има средба и со претседателот на државата Ѓорге Иванов и со […]

The rise and… rise of Viktor Orbán


Ljupco Popovski Hungarian Prime Minister Victor Orbán is a remarkable example of how one fighter for democracy can transform into an authoritarian leader and forget about everything he stood for just one goal – to fully control the society that produced him. In the political hierarchy of the European Union, he was often perceived as […]

Изборниот законик ќе се менува поради ДИК


Откако во Собранието ќе се гласа за доверба на Владата, власта и опозицијата ќе го спроведат договореното меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за нов состав на Државната изборна комисија. Тоа ќе биде прв тест за реформскиот пакет, кој ги враќа пратениците на опозицијата во парламентот, иако промената на изборот на […]

Продолжува судењето за „Насилство во Центар“


Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за предметот на СЈО „Насилство во општина Центар“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица. На претходните рочишта за овој предмет, вина за настаните пред општина Центар во јуни […]

Мицкоски ќе го урива Заев


Десет месеци по смената на власта на „Илинденска“, кабинетот на премиерот Зоран Заев ќе се соочи со првото гласање на доверба. Инцијативата потекна од опозицијата која на овој начин си обезбеди оправдување пред членството и поддржувачите за одлуката да се врати во парламентот, по околу три месеци бојкот. Според она што се дознава, ВМРО-ДПМНЕ била […]

Интервју со Висар Ганиу: Работиме и надвор од работното време


Кои се приоритетните проекти што планирате да ги реализирате годинава? – Целата моја програма, наречена „Договор“, е приоритет за нас. Но сега ја утврдуваме динамика како да ги реализираме тие проекти. Многу од нив поради недостиг на комплетна документација ќе ни одземат повеќе време. Годинава планираме да почнеме со реконструкција на подземната инфраструктура на Серава […]

Кавески ќе го расчистува случајот „Млади поети“


Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Дарко Каевски ќе го расветлува случајот „Млади поети“. По лавината реакции деновиве поради две песни од збирката кои имаат недолична содржина, тој јавно се извини и рече дека чувствува морална одговорност, но не поднесе оставка. Синоќа Каевски се сретна и со премиерот Зоран Заев. Му ги презентира […]

Партијата на Бачев организира собир за поддршка на протераниот руски дипломат


Единствена Македонија утре ќе организира „семакедонски народен собир за поддршка на протераниот руски дипломат и рускиот народ“. Настанот е пред Амбасадата на Руската Федерација со почеток во 17:30 часот, a меѓу присутните ќе биде рускиот амбасадор Олег Шчербак. „Во вторник, Никола Димитров како човек со изгубено национално чувство, по налог на Џес Бејли и Чарлс […]

Mемети: Опозицијата и власта да не се условуваат ако сакаат да направат реформи


Процесот за зајакнување на институцијата Народен правобранител е само на хартија, финансии за таа цел се предвидени, но заложбите останаа единствено во Законот, изјави вечерва народниот правобранител Иџет Мемети во емисијата Топ-тема. Негова оценка е дека ако опозицијата и власта сакаат да прават реформи, нема да се условуваат, туку ќе седнат и ќе го направат […]

Заев го охрабрил Каевски целосно да го расветли случајот „Млади поети“


Премиерот Зоран Заев на денешната средба го охрабрил директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС)  Дарко Каевски целосно да го расветли случајот околу печатењето на збирката „Млади поети“. Заев на средбата порачал да се побара одговорност од сите учесници, но и да се спроведат јасни пртоколи за никогаш повеќе, како што рекол, да не се повтори […]

Кржаловски, Нелоски и Василевска нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ


Лука Кржалоски, Владимир Нелоски и Иванка Василевска се нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната седница, со едногласна поддршка го изгласа Лука Кржалоски за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ . Според Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на УМС е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Досегашниот претседател на УМС на […]

МВР објави фотографија од лице поврзано со физичкиот напад врз лидерот на ЛДП


Министерството за внатрешни работи објави фотографија од лице, кое, како што се вели, во соопштението, е важно во постапката поврзана со нападот врз пратеникот Горан Милевски на плоштадот „Македонија“. МВР ги повика сите граѓани кои имаат какви било сознанија за лицето, веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на телефонскиот број 192, да […]

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска призна дека десет месеци не сработила ништо за АРМ


Шекеринска самата призна дека цели 10 месеци не сработила ништо за Армијата на Република Македонија.  Шекеринска  ги трошеше парите на апетисани и лични задоволства па требаше да поминат 10 месеци за да се сети  дека треба да се спроведат реформи во АРМ и да започне постапка за набавка за нови униформи за професионалните војници, се […]

Коѕијас пак во Скопје по Велигден


Кон средината на идната недела, по велигденските празници,  грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас повторно ќе допатува во Скопје, каде што ќе се сретне со министерот  Никола Димитров. Датумот се уште не е утврден прецизно, но посетата е веќе договорена, се дознава од дипломатски извори. Интензивирањето на состаноците меѓу Коѕијас и Димитров, според грчките […]

Движење БЕСА: Бараме разрешување на директорот на Агенцијата за млади и спорт


Движењето БЕСА и нејзиниот претседател, Африм Гаши, смета дека скандалот на објавувањето на збирката песни од Агенцијата за млади и спорт, во која се користи навредлив јазик кон Албанците, не треба да помине без казнување. Во спротивно, ќе треба да заклучиме дека и владата го подржува таквото издание, се вели во соопштението на Движењето Беса. […]