Бензините од полноќ поскапуваат


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат од 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за два денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,50 денари. Така, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се […]

Заев: Нема потреба од предвремени избори, ќе се зголемува парламентарното мнозинство


Премиерот Зоран Заев денеска ја поздрави одлуката на опозицијата повторно да се вклучи во работата на Парламентот. Според него, така ќе има функционална демократија и тоа е минимум нешто што граѓаните на Република Македонија го очекуваат. Оцени дека дијалогот со опозицијата се движи во добар превец. – Работните групи работат и голем дел од законските решенија […]

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има лидерска средба за името


ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста дека нема да има лидерска средба ниту било каква друга средба поврзана со информација околу текот на разговорите за проблемот што Република Грција го има со нашето уставно име, велат од партијата. “Ширењето на дезинформации во јавноста на ваква тема е крајно несериозно и има за цел да ја дефокусира јавноста […]

Украдени 15.000 евра од стан во Скопје


Во полицијата е пријавена кражба на 15.000 евра од стан на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје, која се случила  изминатиот викенд. И.И (37) вчера изутрина пријавил дека е извршена тешка кражба во неговиот дом.  Крадецот со употреба на клуч-клауз делувал на бравата и ја отклучил по што влегол во станот и одзел околу 15.000 евра […]

Заев поголем оптимист по последната рунда разговори во Виена


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е поголем оптимист по последната рунда разговори во Виена на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коцијас со медијаторот Метју Нимиц и дека може да се најде решение за спорот со името. Премиерот кажа дека поканата за лидерска средба била испратена во текот […]

Груевски: Да имаше „Д“ од доказ против мене за 27 април одамна немаше да бидам тука


Да имаше „Д“ од доказ против мене, јас одамна немаше да бидам тука. Што не значи дека тие што ги уапсија се виновни. Апсолутно и тие не се виновни, но го понесоа товарот за овој случај, изјави поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарсо прашање по завршувањето на првото рочиште за […]

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Каевски


Дарко Каевски треба да одговара и да си даде оставка од функцијата директор на Агенцијата за млади и спорт, поднесувајќи одговорност за скандалот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.   „Одговорност мора да има за скандалозните стихотворби кои излегоа во јавност и изобилуваат со шовинизам, говор на омраза и тоа треба да го направи веднаш. Дарко Каевски кој […]

ВМРО-ДПМНЕ не се враќа утре, ќе ја чека седницата за доверба на Владата


Првата пленарна седница на која ќе се појави ВМРО-ДПМНЕ во праламентот, по одлуката за прекин на бојкотот, ќе биде таа на која ќе се расправа за довербата во владиниот кабинет, најавува координаторот на пратеничката група Драган Данев Иако за утре е закажана нова седница, на чиј дневен ред се законите за судови и за Судски […]

На 10 или 11 април собраниска седница за недоверба на Владата


Седницата на Собранието на која ќе се најдат реформските закони треба да се одржи на 10 или 11 април. Ова е еден од заклучоците на денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која не присуствуваше претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Враќањето на опозицијата во работата на Парламентот беше најавено […]

„Титаник“ одложен за 12 април


Судијата Осман Шабани го одложи судењето за предметот „Титаник“ на СЈО за 12 април, за да може одбраната на обвинетите да изврши увид во доказните материјали. Одбраната на обвинетите на почетокот од судењето што се одржува во новата зграда на Кривичниот суд, побара одложување на денешното рочиште за да извршат увид во доказите и да […]

Секое новородено скопјанче ќе добие персонализирано дрво


Секое новоредно бебе во Скопје ќе добие свое дрво во некој од парковите, скверовите, дрворедите…Дрвото на новороденчињата ќе биде посадено во сезонска акција на расположива локација по избор на родителите. Тоа ќе биде персонализирано со плочка на која ќе стои изгравирано името на детето и датумот на раѓање. Оваа идеја на градоначалникот Петре Шилегов, како […]

Даниел Пиљаковски го пријави во полиција случајот со поезијата


Даниел Пиљаковски од Ресен, момчето чиешто име беше злоупотребено на Конкурсот на Агенцијата за млади и спорт, целиот случајт утринава го пријави во полиција. – Утринава пријавив во полиција се. Јас не сум автор на тие песни и злоупотребен сум во случајов од Александар Блажевски. Ќе се разгледува каков потпис имало на апликацијата во Конкурсот […]

Понеделник, втор ден Велигден неработен за сите граѓани


Понеделник, 9 април, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. – Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 9 април 2018 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е […]

Почна „Титаник“, прво судење во новиот Кривичен суд


Во новата зграда на Кривичниот суд денеска почна првото рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, што се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности. Во „Титаник“, што е прв случај обелоденет од СЈО, обвинети се поранешни функционери, меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска […]

Димитров на поединечни средби ќе информира за разговорите за името, нема лидерска средба


Министерот за надворешни работи Никола Димитров на поединечни средби ќе ги информира претставниците на државниот врв и политичките партии за разговорите за името, соопштија од МНР. Лидерска средба за процесот на разговори за името нема да има, потврдија за МИА од Владата. Шефот на дипломатијата Никола Димитров минатата недела најави дека по преговорите за името […]

„Дрисла“ почнува со тестирање на филтерот за ПМ10


По речиси еден месец доцнење, чадот од „Дрисла“ од денеска конечно ќе минува низ системот за филтрирање што ќе треба да ги апсорбира честиците ПМ10, сулфур диоксидот и другите отрови што се ослободуваат при согорувањето на медицинскиот отпад. Изминатиов викенд привршуваше монтажата на држачите за сондата преку која ќе се вршат мерењата на испуштениот чад. […]

ВМРО-ДПМНЕ: Планот 3-6-9 е клинички мртов


  Планот 3-6-9 е клинички мртов. Затоа СДСМ после едно соопштение сфатија дека ја утнале, па испратија корекција во која си дадоа нов рок, соопштија од ВМРО – ДПМНЕ. „СДСМ ветуваше реформи во правосудството, во безбедносните служби и во администрацијата, но останаа само празните зборови. Нема 100.000 денари плати за лекарите и 30.000 денари просечна плата. Нема […]

The truth in April Fool’s jokes


Erol Rizaov In Wonderland, one cannot even make a proper April Fool’s joke. Each lie becomes true in a day, or two. Just when you think that someone is playing a trick, it turns out it was not a joke, but a serious thing, often sad, a crying matter, one that would make a person […]

Нови моменти околу скандалот: Генијот што го сруши конкурсот за поезија


Aлександар Блажевски од село Јанковец, Ресенско, е вистинскиот автор на спорните песни кои излегоа во збирката поезија „Млади поети“ објавени од Агенцијата за млади и спорт.Во збирката има 44 песни, од кои во две има дискриминаторска содржина и говор на омраза. Двете песни се со наслови „Партиски вработена“ и „Моите соседи“. Првата започнува со „Велат […]

Груевски и сопартијците ќе ја сефтосаат новата зграда на Кривичен суд


Во новата зграда на Кривичниот суд денеска ќе се одржи првото рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, што се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности. Во „Титаник“, што е прв случај обелоденет од СЈО, обвинети се поранешни функционери, меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана […]