Мицковски не знае каде се парите на ВМРО-ДПМНЕ


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за време на гостувањето во емисијата “Топ Тема” на Телма потскокна од столчето кога беше запрашан каде се парите на неговата партија. Конверзацијата одеше вака: Чомовски: Каде се парите на најбогатата партија во Европа? Мицкоски: Не знам за што зборувате!

Костадинов разрешен од функцијата претседател на Управниот одбор на АД Водостопанство


На денешната 62. седница Владата го разреши Мите Костадинов од функцијата претседател на Управниот одбор на АД Водостопанство на Република Македонија. Владата на денешната 62. седница го назначи Муамет Хоџа за втор портпарол. Хоџа беше еден од портпаролите во поранешната Влада, а претходно работеше и во неколку медиуми на албански јазик. Тој во Владата доаѓа […]

Собир пред Руската амбасада во Скопје за поддршка на протераниот дипломат


Педесетина граѓани и членови на партијата Единствена Македонија попладнево организираа граѓански собир пред Амбасадата на Русија во Скопје во знак на поддршка на рускиот дипломат кој беше протеран од Македонија. На собирот се обрати  претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, кој рече дека „Македонија не сака во НАТО“, туку дека сака да влезе во Евроазиската […]

Касами и Гаши и натаму спорат чија е Беса


Борбата за партијата и за името на Беса добива на нов интензитет. И двете крила на оваа партија не попуштаат и инсистираат да го користат тоа име. Откако Основниот суд во Скопје одлучи дека Билал Касами е вистински претседател на движење Беса, тој преку прес-конференција ја поздрави оваа одлука и најави кривични пријави за сите […]

Заев: Могерини и Хан на 18 април во Македонија


Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се очекува да ја посетат Македонија на 18 април, еден ден по објавувањето на Извештајот за напредокот на земјите од страна на Европската комисија, изјави денеска премиерот Зоран Заев. – Нашите очекувања се дека тоа ќе се случи […]

Андоновски: Директорот на Агенцијата за млади и спорт да не бега од одговорност


Дарко Каевски да не бега од одговорност и да си поднесе оставка. Ова го очекуваат граѓаните од партијата која ветуваше одговорност, а сега бега од истата. Недоличните творби промовираат сексизам и шовинизам, шират говор на омраза и примитивизам, вели Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ. “Каевски не може да избегне одговорност. Каевски покрај моралната мора да сноси […]

Мухамед Хоџа се враќа на портпаролската позиција во Влада


Од денеска Мухамед Хоџа повторно е владин портпарол. „Покрај мене, тука ќе биде и мојот колега Мухамед Хоџа. Добредојде“, објави на Твитер владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Хоџа е дипломиран правник, кадар на ДУИ, од 2002 до 2008 година има работено како новинар во повеќе медиуми на албански јазик. Од 2008 година работеше како раководител на […]

Владата ќе гради нова зграда за Државниот архив


Владата на денешната седница одлучи да гради нова зграда за потребите Државниот архив. „Ќе се гради нов објект, по сите стандарди како што треба да изгледа еден објект за чување на архивски материјали“, информираше накусо владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Посочи дека во меѓувреме почнала санацијата на постоечката зграда на Архивот, дел од „Скопје 2014“ која […]

ВМРО-ДПМНЕ: Филип Петровски не е наш член


  Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да дадат оставка, ВМРО-ДПМНЕ да не се враќа во парламентот и да не се признава Талат Џафери за легитимен претседател на Собранието, му порача Филип Петровски на новото раководство на најголемата опозициска партија и нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски. Петровски, кој важи за критичар на политиките на наследниците на Никола Груевски, се […]

ВМРО-ДПМНЕ: Владата со ново задолжување, а ниту еден нов капитален проект не е отпочнат


Катастрофалната економска политика на СДСМ се базира на задолжување, задолжување и само задолжување. Нема да помине недела, а јавноста да не види ново задолжување. Денес Министерството за финансии закажа нова аукција на државни хартии од вредност со која ќе се задолжат со нови речиси 29 милиони евра, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. “Со ова […]

Касами останува претседател на БЕСА по одлуката на Основниот суд Скопје 2


Биљал Касами, кој е на чело на едното крило на движењето „Беса“ денеска соопшти дека Основниот суд Скопје 2 го отфрлил барањето на другото крило со што тој и официјално е лидер на партијата. – Со оваа одлука на судот се отфрла неоснованото барање на неформалната група, што укажува на тоа дека партиските тела ги избираат […]

Пендаровски: Реалист сум за прашањето за името


Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски денеска изјави дека не е песимист, туку реалист во однос на прашањето за името, и оцени дека земјата се уште е во рана фаза од преговорите со Грција. – Ако на 11 и 12 јули не добиеме покана за влез во НАТО, не гледам што е пологично, освен да […]

Грушко: Со протерувањето руски дипломати НАТО си пукаше в нога


По претерувањето на руските дипломати од Северноатлантскиот пакт, невозможно е да се свика состанок на Советот НАТО-Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко. Според него, со таквата постапка Алијансата „сама себе си си пукала в нога“. – Задавајќи им удар на службите надлежни за пружање точни инфромации за тоа што се […]

Почна да вози „5“ на гас, „15“ на струја стаса на граница


Со еден ден задоцнување од најавеното, во сообраќај на линијата „5“ се пушти мерцедесовиот автобус на гас. Од пред еден час тој почна да вози на линијата „5“. На релација Ново Лисиче-Ѓорче Петров ќе сообраќа во наредните два месеца. Во меѓувреме, на граница стасал и автобусот на струја од Бугарија, кој исто така времено ќе […]

Три малолетни деца избегале од згрижувачки семејства во Штип


Тројца малолетници на возраст од 12, 14 и 16 години од згрижувачки семејства во Штип вчера избегале и заминале во непознат правец. Случајот во полиција вчера во 13:10 часот го пријавил вработен во Центарот за социјални работи од Штиип, кој бил назначен за старател на децата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на децата.

Мицотакис: Важни се Уставот, иредентизмот и идентитетот на нашите соседи


Не нѐ засега само прашањето со името, туку нѐ засега и прашањето со Уставот, а особено нѐ засегаат прашањата со иредентизмот и идентитетот на нашите соседи, вели Кирјакос Мицотакис, лидер на опозциската Нова демократија во интервју за грчкото радио Реал фм. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис вели дека кога се отворил […]

Пендаровски: Македонија има алтернативи за НАТО


Прашањето за Македонија не е дали постојат алтернативи за членството во НАТО, туку дали тие алтернативи се доволно квалитетни за земјата, изјави денеска националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски. Тој ова го посочи на научната тркалезна маса „Алтернативи на и за НАТО: интеграција на Република Македонија, политичка реалност, идни решенија и можности“, која се одржа […]

Димитров во прва работна посета на Франција


Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре ќе престојува во прва работна посета на Француската Република. Освен со министерот за Европа и надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, Димитров ќе има средба и со Филип Етјен, политички советник на францускиот претседател, како и со претседателите на групите за пријателство во Националното собрание и во Сенатот на […]

Собранието продолжи со работа без опозиција


Собранието на Република Македонија ја почна денешната работа со 38. седница и Предлог-законот за изменување и дополнување на семенскиот и саден материјал, во прво читање. На седницата не се присутни пратениците од опозицијата. Во Собранието за денеска се закажани уште три седници, на чиј дневен ред се точки од различни сфери. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека […]