Спасувачка акција на Пелистер, повредено едно лице


Денеска од претпладневните часови се одвива спасувачка акција на едно повредено лице во НП Пелистер во близина на Мало Езеро. Лицето е лоцирано и според потврдени информации веќе му е укажана прва помош. Директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски даде изјава за „Независен“ околу акцијата. “Во тек е спасувачка акција на повредено лице на Пелистер […]

Идризово ќе добие 1.478 метри фекална канализација


Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од ​министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во Идризово. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во должина од 1.478 метри. […]

Регистрирани 29 пожари за еден ден, шест се уште активни


Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден била исклучително тешка, со вкупно 29 регистрирани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Од нив, 22 биле целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и ангажманот на локалните пожарникари, еден пожар е ставен под контрола, а шест и натаму се активни. […]

СДСМ обвини за партиско отпуштање наставници


Јованче Манасков од Комисија за образование на СДСМ обвини дека министерката за образование спроведува хајка на партиска основа и дека отпушта наставници во училиштата. -Министерката Весна Јаневска ја спроведува своја „образовна програма” – ги злоупотребува образовните институции за политичка пресeметка од најдолен вид.Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и Јаневска создадоа хаос во образованието, […]

Мицкоски ја смета „робустна“ задоцнетата реакција на Владата за кризата во Гостивар


Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките од СДСМ во врска со состојбата со водата во Гостивар, оценувајќи дека нападите се дел од политичката стратегија на опозициската партија. Мицкоски рече дека СДСМ има демократско право да ја избере својата политичка стратегија, но забележа дека не посочува одговорност кај градоначалникот на Гостивар. „Зачуден сум зошто  првоповиканиот во […]

Драматично спасување на Зелениково, пожарот дошол до првите куќи kaj Zelenikovo>


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, раскажува за драматична ситуација која синоќа се случила над Зелениково. Во опасност од пожар биле неколку куќи. -Ноќва околу 2 часот по полноќ на телефон ми се јави женско лице со силно вознемирен глас. Најпрво ми се претстави а потоа во паника, со викање, ме извести […]

Нов случај на западнонилска треска во Скопје


Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во Македонија се зголеми на 34, откако се регистрирани уште три нови случаи, соопшти Центарот за јавно здравје. За првпат оваа сезона вирусот е детектиран и кај жител на Арачиново, каде што, според епидемиологот Љуљзиме Бајрами, постојат услови за размножување на комарците поради канали, базени и застојани води. […]

Денес сончево и топло, максимални тепмератури до 36 степени


 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура од […]

Најмногу се чека за излез на преминот кај Богородица


Зголемен број возила се регистрира на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, информира Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државната патна мрежа генерално се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви и проодни. Поголема фреквенција на возила има и на граничните премини. На ГП Табановце се бележи задржување од околу 30 […]

Ангелов: Внимавајте да не предизвикате пожар, доволна е искра за вистинска катастрофа


Доволна е искра за вистинска катастрофа, предупреди денеска во видео порака од опжарен терен, каде се гледа само пепел и прашина, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, повикувајќи на поголема внимателност.  Ангелов, претходно денеска информираше дека активни се шест пожари низ државата, но предупреди дека состојбата е се уште алармантна, ако се […]

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината


Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес, чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5, соопштија попладнево од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. – Земјотресот е почувствуван од жителите на […]

Пожарот на Жеден во Општина Јажинце го гасат трите „ер трактори” на ДЗС


Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ер трактори” на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.  Во видеоизјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои  движењето е тешко.  -Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, […]

Кисела Вода има прилив на првачиња и тоа нè прави среќни, рече Јаневска при отворањето нова училишна спортска сала


Кисела Вода е општина што има прилив на првачиња и тоа нè прави особено среќни, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, која заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска присуствуваше на отворање нова спортска сала во училиште во Припор. Новата спортска сала е со вкупна површина од 460 квадратни […]

Пуштена во употреба спортска сала во подрачното училиште „Круме Кепески“ во Кисела Вода


Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно училиште „Круме Кепески“. Вкупната инвестиција е околу 20 милиони денари и се протега на површина од 440 метри квадратни. Изработена е според најсовремени стандарди.  – За населбата Припор ова е барање веќе подолго време што […]

Царината ги проверува пловилата, зголемена наплатата за привремен увоз


Царинската управа денеска соопшти дека во изминатиот период има зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз. Оттаму информираат дека Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР извршило контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро при што извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат. – […]

ЦУК: Регистрирани 27 пожари, активни шест, еден под контрола


На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати.  Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и […]

Сончево со услови за локален пороен дожд и грмежи


Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Се очекува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до […]

„Преспански аванТУРИ“ – инклузивна велосипедска тура низ Преспа за лица со и без попреченост


Од 9:00 часот утрово во Претор почнува инклузивната велосипедска тура „Преспански аванТУРИ“, наменета за лица со и без попреченост, љубители на природата и рекреативци што сакаат да го доживеат Преспанскиот регион на поинаков и пристапен начин. Од Претор учесниците ќе се движат по планирана рута кон Сливница, со завршница на плажите во Претор. По турата […]

Нападнати пожарникари во Прилепско


Прилепчанец, кому му изгорела шталата каде чувал поголемо количество тутун, нападнал пожарникари кои дошле да го гасат огнот. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кога пожарникарите пристигнале, човекот ги оттурнувал и ги спречувал да гасат.  Се претпоставува дека бил нервозен затоа што очекувал пожарникарите побрзо да пристигнат, без да размисли дека […]

Забранета водата за пиење во Демир Капија


Анализата на примерокот земен во понеделникот од страна на Институтот за јавно здравје Скопје, покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторникот од страна на Центарот за јавно здравје Велес, покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода […]