Спасувачка акција на Пелистер, повредено едно лице
Денеска од претпладневните часови се одвива спасувачка акција на едно повредено лице во НП Пелистер во близина на Мало Езеро. Лицето е лоцирано и според потврдени информации веќе му е укажана прва помош.
Директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски даде изјава за „Независен“ околу акцијата.
“Во тек е спасувачка акција на повредено лице на Пелистер во близина на Мало езеро. Лицето е лоцирано и веќе му е укажана прва помош. Во координација со ЦУК, ДСЗ, екипи од НП Пелистер и итната медицинска помош од Битола се работи на извлекување на повреденото лице“, соопшти Тошевски.
Неколку часови подоцна спасувачките екипи соопштија дека успешно го извлекле повредено лице од непристапниот терен на Пелистер. Повредениот се здобил со скршеници на двете потколеници и бил свесен, но при движењето имал крварење.
По пријавата биле известени Итната медицинска помош, СВР Битола, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица Битола и Националниот парк „Пелистер“. (А. Б)