Епидемиолошкиот извештај за Гостивар ќе биде објавен на 20 август


 Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август потенцирајќи дека фокусот од оваа епидемија е да се излезе транспарентно и јасно со научени лекции. – Првин сакам да расчистам една дезинформација што се шири. Јас кога објавив, реков дека […]

Пријавувајте мртви птици – гавраните се резервоар на западнонилскиот вирус


Доколку забележите мртва дива птица, особено гавран, или друга птица, пријавете во Агенцијата за храна и ветеринарство, апелира денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој вели дека тие се резервоари на западнонилскиот вирус. Досега била пријавена мртва птица во Гостивар, но кај неа не бил изолиран вирусот.   „Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните. […]

До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола а три изгаснати


 До 13 часот денеска, регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во: Општина Студеничани: с. Моране, с. Вртекица и с. Рамни Габер каде гори мешана шума, во Општина Македонски Брод кај м.в. […]

Мисајловски најави дека вработените во одбраната ќе бидат соодветно вреднувани


По повод 18 Август – Денот на Армијата, денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот се одржа свечен собир на припадниците на Армијата и вработените во одбраната, на кој се обратија министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во пресрет на Денот на Армијата, Мисајловски им се заблагодари […]

Во Штип одбележани 34 години од формирањето на Армијата: „Гордост е да се биде нејзин припадник“


Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска беа одбележани 34 години од формирањето на Армијата на Република Северна Македонија, во пресрет на 18 Август – Денот на Армијата. На свеченоста беше истакнато историското значење на 18 август 1943 година, кога на падините на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“, првата организирана воена единица на […]

Досега 35 потврдени случаи на западнонилска треска, шестмина се критично


Во моментот има 35 потврдени случаи и три суспектни на западнонилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективната клиника. Од потврдените случаи, повеќето се згрижени на Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е згрижен во приватна здравствена установа – информира […]

Еден од уапсените на Пелистер за криволовство има врска со ловечко здружение од Битола, потврди СВР Битола


БИТОЛА – Еден од тројцата вооружени лица фатени во криволовство во строго заштитена зона на НП „Пелистер“ Битола се поврзува со ловечко здружение од Битола, потврди СВР Битола, без да откирие за кое ловечко здружение станува збор. На 13 август, во 3 часот рано утрото на место викано „Голема грива“ во Национален парк „Пелистер“, полициски […]

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ потпишаа Меморандум за поддршка на пациентите со малигни заболувања


Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска ставија потпис на Меморандум за стратешка соработка. Овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за […]

Левица: Три години се крши Законот за субвенциониран студентски оброк


На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена Младина, Марија Ванчева, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ три години не го почитува законското право на студентите на усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, со што студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра. „Доказ за тоа дека ДПМНЕ не се грижи за народот, туку само за своето гласачко […]

И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во Центар


Општина Центар и оваа учебна година продолжува со мерката за обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта. Мерката, која Општината ја воведе минатата година, продолжува и во учебната 2026/2027 година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина […]

Отстранети 122 непрописно паркирани возила од улиците на Општина Центар за една недела


ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 10.08 до 16.08.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе […]

„Живееме меѓу ѓубре, смрдеа и стаорци“: Жители на Маџир Маало бараат итна реакција


  Жители на Маџир Маало во Општина Центар алармираат за сериозна нехигиена во населбата, иако живеат на само неколку стотини метри од најстрогиот центар на Скопје. Тие бараат итна реакција од Град Скопје и Општина Центар, посочувајќи дека проблемот трае со месеци. „Живееме во центарот на градот во услови кои не доликуваат на централна градска […]

Без струја делови од Илинден и Гази Баба


Поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија денеска од 06.00 до 13.00 часот, се корисниците од населбата Белви, како и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц во општина Илинден , соопшти РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 13.00 часот, ќе немаат и дел од корисниците што се напојуваат од […]

Без вода улицата „Џон Кенеди“, а намален притисок во Топанско Поле


Поради изведување на водоводен приклучок на стара мрежа на нова мрежа, без вода од 08:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Џон Кенеди“, а намален притоск ќе има во дел од населбата Топанско Поле, инфирнмира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Сончево и топло до 38 степени


 Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево време со мала до умерена локална облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, најавено е сончево време […]

До вечерва активни пет пожари, три од нив ставени под контрола


 Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18 часот на ниво на државата се регистрирани 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, а три се под контрола.  Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани, кај месноста викана Видуш во […]

Туристи во купачи се качуваат на потопената црква „Св. Никола“ во Маврово


Скендал и бран реакции во јавноста предизвикаа фотографиите и видеата од потопената црква „Св. Никола“ во Маврово, на кои се гледа како група туристи се качуваат директно на објектот облечени во костими за капење, третирајќи го верскиот и културен споменик како реквизит за забава. Граѓаните и локалното население преку социјалните мрежи упатија јавен апел до […]

СДСМ открива: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење


СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата небезбедна за пиење. Од СДСМ посочуваат дека во водата од јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани биле утврдени Escherichia coli, интестинални ентерококи, […]

МОН: И на власт и во опозиција, СДСМ поддржува противзаконско работење


Како обид за манипулација со јавноста со окарактеризира Министерството за образование  тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори. „Структурата на Државниот просветен инспекторат е идентична како во времето кога тие управуваа со институцијата, но тогаш не ги спомнуваа имињата на истите инспектори кои денес […]

ДУИ: Јаневска бара да се поништи Бадентер, ги нарекува Албанците „мала заедница“


ДУИ реагира на изјавата на министерката за образование, Весна Јаневска, околу законите за образованието што се блокирани во Собрание, оценувајќи дека таа претставува директен напад врз еден од столбовите на Охридскиот договор. -Јаневска го нарекува Бадентер „алатка“. Бара тој да не се применува таму каде што таа и Владата сметаат дека „не треба“.Уставот не ѝ […]