Левица: Македонската армија најслаба, а со најголеми буџетски издвојувања


По повод 34-годишнината од формирањето на Армијата, од Левица преку соопштение критикуваат дека македонската војска, и покрај високите буџетски издвојувања за одбрана, со години се соочува со слабеење на кадровските и материјалните капацитети. Од партијата потсетуваат на улогата на Армијата во конфликтот во 2001 година, нагласувајќи дека нејзината основна задача е заштитата на територијалниот интегритет […]

Вечерва 13-то прскање против комарци во Скопје, а инфективна полна со пациенти со западнонилска треска


Градот Скопје продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје. Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци. Активностите продолжуваат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе […]

Цела држава во ризик од пожари


Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја). Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја), соопшти Центарот за управување со кризи. Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од […]

Безбедна за пиење е водата во Скопје


Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажал неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењ -, соопшти утрово Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Извештајот е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој од 10 до 14 август зел 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци […]

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област


Најмалку десет лица загинаа, а осум се ранети во руски ракетен напад врз село во североисточната украинска Харковска област, соопшти шефот на регионалната воена администрација, Олег Синегубов. Во нападот врз селото Печенеги се оштетени десет приватни објекти, кафуле, поштенскиот клон, продавница и најмалку седум автомобили, напиша Синегубов на социјалната мрежа „Телеграм“. Властите продолжуваат со проценка […]

Над 3.200 тони ѓубре собрано во Скопје последната седмица


Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа 3.200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Во истиот период се отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад […]

Армијата го слави 34. роденден со најдинамична трансформација и модернизација и потврдена борбена готовност


Армијата денеска одбележува 34 години од формирањето како модерна, современа и целосно интероперабилна сила во рамките на евроатлантскиот безбедносен систем. Преку учеството во меѓународни мисии, забрзаната модернизација и исполнувањето на НАТО-стандардите таа ја потврдува својата улога како доверлив НАТО-сојузник и важен фактор во регионалната безбедност, но пред се, посветена на својата основна мисија – заштита […]

Дел од Илинден без струја


 Без електрична енергија денеска од 06.00 до 13.00 часот, ќе бидат корисниците од населба Белви, соопшти РЦУК Скопје. Струја во истиот период ќе немаат и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц во општина Илинден.

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места


На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври.  Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, […]

Делови од општина Центар денеска без вода


Корисниците од населбата Маџирмаало во општина Центар денеска од 8:30 часот ќе останат без водоснабдување поради санирање уличен дефект на улицата „Раде Јовчевски Корчагин“ бр.18.  Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности за санирање на дефектот. Поради изведување водоводен приклучок со пречник од […]

Сончево и топло, попладне услови за пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 18 август 2026 година, 230-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 135 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 45 минути, а ќе зајде во 19 часот и 30 минути. Денов трае 13 часа и 45 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Ангелов: Пожарот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени


Пожарот што избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, се прошири и навлезе во делови од него и притоа, според првичните информации изгореле неколку стари куќи и една во која живееле повозрасни лица. Нема повредени мештани и пожарникари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во вовредна изјава за медиумите изрази сомнеж […]

Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) попладнево соопшти дека во рамки на истрагата за организиран транспорт на марихуана од земјава во Србија е донесена наредба за спроведување постапка против уште седум лица, осомничени дека го сториле истото кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци […]

Клековски: Се подготвуваме да потпишеме меморандум со СБ и ЕИБ и за финансирањето на инвестициите во болниците во Штип, Тетово и Кичево


Се подготвуваме да потпишеме меморандум за натамошните чекори со Светскатабанка и Европската инвестициска банка (ЕИБ) и финансирањето, што се однесува на капиталните инвестиции во клиничките болници во Штип, Тетово и Кичево, ќе биде комбинирано од двете институции. Министерството за финансии оцени дека нивната понуда е поповолна бидејќи е на подолг период и има грант-компонента. Ова […]

Јован од Виница, што спасуваше настрадани во „Пулс“, меѓу 16-те годинашни добитници на наградата „Младинска храброст 2026“


Дваесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 живот во трагичниот пожар во дисоктеката „Пулс“ во Кочани во март 2025, ризикувајќи го својот живот, е меѓу 16-те добитници на годинашната награда „Младинска храброст 2026“ (Young Courage Award). Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска,  им ја доделува наградата на млади […]

Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка


Денес започна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, учествуваше во првата фаза од порибувањето на езерото. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, […]

Внатрешните преправки во „Пулс“ го оневозможиле евакуирањето


Сите градежни зафати во објектот биле изведени нелегално, без проектна документација, без стручен надзор и без одобрение од надлежните институции – истакна вештото лице Маријана Лазаревска на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според неа, промените не може да се третираат како надградба, доградба или адаптација, туку претставуваат реконструкција за која е […]

Полски параглајдерист пронајден неповреден на планината Даутица


На непристапен терен на планината Даутица, во раните утрински часови бил пронајден 35-годишен параглајдерист од Полска, кој претходно пријавил дека слетал на непознат терен над селото Стровија. Тој вчера во 20:30 часот пријавил во СВР Битола дека по слетувањето долго пешачел и дека е изморен, но не е повреден.     По преземените мерки, околу […]

Повозрасните и ранливи граѓани од Гази Баба ќе добиваат помош


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека денеска потпишале договор со министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и секретарот на Црвениот крст на Македонија Сузана Тунева Пауновска, со кој се обезбедува грант за развивање на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, која ќе ја реализира Црвениот крст на територијата […]