Уште е активен пожарот во Визбегово – пожарникарите на терен


Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен се ангажирани екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на негово целосно локализирање. Од Градот Скопје вчера посочија дека состојбата се следи внимателно, а институциите постапуваат координирано, со цел пожарот […]

Мицкоски: Водиме преговори на билатерално ниво за ЕЕС


Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарски прашања во врска со системот ЕЕС (за влез и излез во Европската Унија), истакна дека се водат преговори на билатерално ниво и изрази надеж дека овие бариери ќе бидат надминати. Тој додаде дека Владата бара сеопфатно решение. „Има политичари од соседството кои сакаат политиката да ја направат естра: […]

Нестабилно време со дожд, особено во петок


Времето во следните денови ќе биде нестабилно, односно, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок. Времето утре пак, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до […]

Со шест нови училници и ООУ „Гоце Делчев“ ќе воведе едносменска настава


Во Основното училиште „Гоце Делчев“ – Општина Аеродром денеска беше поставен камен-темелник за изградба на шест нови училници. Инвестицијата, вредна 72 милиони денари, е поддржана од Владата и Министерството за образование и наука, а целта е создавање современи услови за учениците и наставниците, како и можност за воведување едносменска настава. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан […]

ДЗР: Без дозволи и градежна документација се градело во Општина Илинден


    Не е извршено соодветно евидентирање на имотот на Општина Илинден и не се преземени активности за запишување на правото на сопственост. Изградбата на локални патишта и улици е без одобрение за градење, реконструкцијата на инфраструктурните објекти е без проектна документација, а распределбата на средствата за култура и спорт не е извршена на транспарентен […]

Британскиот амбасадор Лосон со видео порака на македонски го честиташе Денот на македонскиот јазик


Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон го честиташе Денот на македонскиот јазик преку видео обраќање на македонски јзик.  -Веќе сум четврта година од мојот мандат како британски амбасадор и покрај дипломатските обврски што ги имам, секојдневно уживам користејќи го македонскиот јазик како алатка за комуникација со Владата, институциите, медиумите, невладиниот сектор и пријателите што ги […]

Стоматолошката комороа со осуда за незаконското и неетичкото постапување на дел од колегите


Стоматолошката комора на Македонија во денешното соопштение изразува сериозна загриженост поради информацијата дека Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против поранешен претседател на Комората, како и против претседателот и членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања. Пријавата се однесува на сомненија за злоупотреба на службена положба и овластување. Комората […]

Јаневска: Поништени се осум спорни дипломи на Филозофски и две на Славјански универзитет


Министерството за образование и наука (МОН) започна постапка за поништување на дипломи на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) и на Славјанскиот универзитет, по утврдени сериозни неправилности во издавањето на академските документи. Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека двата случаи се веќе пријавени во Јавното обвинителство, кое ќе го води […]

Повик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци


Програмата на НАТО за млади професионалци го објави повикот за привлекување на млади талентирани лица од земјите членки на Алијансата. Тригодишната програма нуди можност заинтересираните кандидати да ја развијат нивната кариера и да се стекнат со низа искуства во рамки на НАТО. Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат распоредени во различни тела на НАТО […]

Ќе се прска против комарци во Скопје


Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 07.05.2026 година (четврток), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. […]

Најстудено во Берово, најтопло во Виница и Крушево


Утрово најсудено било во Берово каде во 7 часот е измерена температура од 0 степени целзиусови, а најтопло во Виница и Крушево со измерени 8 степени. Според УХМР, 2 степени се измерени во Битола, 3 Mаврови Анови, Тетово, Струмица, 4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Демир Капија, Велес, 5 Охрид, Прилеп, Попова Шапка, Штип, Куманово, и […]

Работилница на ФИНКИ „Дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик“


Работилница „Дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик“ денеска ќе се одржи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) по повод Денот на македонскиот јазик.  -Работилницата ќе ни овозможи заеднички да ги истражиме постојните дигитални ресурси и алатки за македонскиот јазик, да ги препознаеме празнините и да поразговараме за можностите за нивно пополнување. Особено […]

Без вода дел од корисниците на Топанско Поле


Поради изведување на водоводен приклучок од ф -150 на ул. Методија Митевски бб (кај училиштето) денеска од 9 часот со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од ул. Лазар Трповски и дел од Топанско Поле. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

Во Собранието интервјуа на пријавените за член на ДКСК


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе Интервју на пријавените кандидати по Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата. Станува збор за повторен оглас, откако Комисијата одлучи по спроведените интервјуа по првиот оглас да не предложи нов член на ДКСК.  На […]

Одбележување на Денот на македонскиот јазик


Денот на македонскиот јазик 5 Мај денеска со настани ќе го одбележат Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и собраниската Комисија за култура и туризам.  На настанот во Институтот поздравни обраќања ќе имаат директорката на ИМЈ, Елена Јованова-Грујовска, директорка на Семинарот за македонски јазик, […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 5 мај 2026 година, 125-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  240 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 25 минути, а ќе зајде во 19 часот и 37 минути. Денов трае 14 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Почина новинарот Рамуш Муарем Цирко, активист за правата на Ромите


По кратко боледување, на 64-годишна возраст почина новинарот Рамуш Муарем – Цирко. Тој работеше како новинар, уредник, актер и долгогодишен активист за правата на Ромите. Тој беше познат по својата емисија „Циркотека“ која се емитуваше на БТР, запаметена по неговиот автентичен хумор. Муарем беше гласен борец за правата на ромската заедница и со своите настапи сакаше […]

ЦУК: Ставен под контрола пожарот во Шуто Оризари, плацот ограден со ѕидови


Пожар денеска изби во депонија во скопската општина Шуто Оризари. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК) запалена е машина за мелење железо, но пожарот веќе е ставен под контрола. -На 112 добиенa e пријава за пожар на запалена машина за мелење железо на улица „1675“ бр. 24, Шуто Оризари. Бригадата за противпожарна […]

Жртвите во дискотеката „Пулс“ дишеле токсични гасови и жежок воздух


Карактеристиките на пожарот во дискотеката „Пулс“ се исти како и при многу други пожари во затворен простор – доминантно влијание има јаглероден моноксид, меѓутоа има и дополнителни фактори како чадот, жешкиот воздух, пренатрупаност, односно стампедо што се јавува при настапување на смртен исход, изјави директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков, на денешното судење […]

Дежурни наставници на одморите ќе ги пазат учениците


Министерството за образование и наука (МОН) постапува по закон и сопствените ингеренции, случајот со врсничко насилство во основно училиште во Ѓорче Петров е пријавен во Државниот просветен инспекторат (ДПИ), но дополнително се обративме до градоначалниците и испративме допис до училиштата дека мора да се врати една стара пракса, а тоа е на големите и малите […]