Муцунски: Во тек разговори со земји членки на ЕУ за летните гранични метежи


 Земјите од регионот, заедно со Европската Унија и нејзините земји членки, интензивно комуницираат и работат на надминување на предизвиците со метежот на граничните премини, кој е поизразени во периоди на зголемена фреквенција, особено во лето – истакна министертот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски. – Ние како земји од регионот комуницираме и заедно со […]

„Аксиос“: Трамп започна операција во Ормускиот теснец


Американскиот претседател, Доналд Трамп, одлучи да започне нова воено-поморска операција во Ормускиот теснец со цел да изврши притисок врз Иран по застојот во преговорите, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски претставници. „Американскиот претседател сака акција. Тој не сака да стои во место. Тој сака притисок. Тој сака договор“, рече еден висок американски функционер. Според извори, […]

Случајот на Филозофскиот факултет при УКИМ и уште еден на Славјанскиот универзитет се пријавени во Јавното обвинителство


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека случајот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје и уште еден случај на Славјанскиот универзитет се пријавени во Јавното обвинителство. – На Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје поништуваме осум дипломи на веќе поништени осум уписи и […]

Само 4 деца Роми пријавени за субвенционирана градинка во Куманово


Само четири деца од ромска националност во 2025 година биле пријавени за користење на мерката за ослободување од плаќање партиципација за градинка, информираа надлежните на седница на Советот на Општина Куманово, во рамки на разгледувањето на програмата за социјална заштита. Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, побара појаснување од надлежните служби зошто мерката е слабо искористена, […]

Означен почетокот на кампањата „Мај – Месец на Европа“


Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска го означи почетокот на кампањата „Мај – Месец на Европа“, на настан со амбасадори на европските земји, меѓународни партнери и претставници на домашните институции.   Со оваа иницијатива, Владата а има за цел да оди подалеку од традиционалното одбележување на Денот […]

Се појавиле измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци


Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб […]

Научното дело „Континуитетот на македонскиот јазик“ ја доби државната награда „Гоце Делчев“ за 2026 година


Научното дело „Континуитетот на македонскиот јазик“ (приказ на лексиката меѓу Слепченскиот патерик, Огледало и Различна поучителна наставленија) ја доби државната награда „Гоце Делчев“ за 2026 година. Наградата беше доделена денес во македонското Собрание, а на церемонијата се обрати и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска. „Ова дело се вбројува меѓу оние што […]

Митко Чавков пуштен на условен отпуст


  Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, кој беше осуден за упадот во Собранието на 27 април, денеска е пуштен на условен отпуст – потврди за МИА директорот на „Затвор Штип“, Дејан Здравков. Чавков затворската казна ја издржуваше во „Затвор Штип“.  Чавков беше осуден на 18 години затвор по настаните на 27 април 2017 […]

Во Визбегово гори приватен имот каде што биле складирани стари автомобили


Екипите на Противпожарната бригада се активни на терен, на интервенција за гаснење на пожарот кој денес избувна во Визбегово, на локација кај обиколницата, каде запален е приватен имот каде што биле складирани стари автомобили. Скопската противпожарна бригада на Град Скопје веднаш е излезена на терен и со сите расположливи возила, опрема и човечки капацитети активно дејствува […]

„Имаме прекрасни езера, планини…“: Мицкоски ги повикува граѓаните да летуваат во Македонија


  Премиерот Христијан Мицкоски вели дека имаат одредени разговори во рамките на ЕУ за надминување на метежот што се создава со примената на ЕЕС-системот за влез во земјите од Унијата. Но, додава ако тоа не се надмине и летните годишни одмори претставуваат проблем, тогаш, сите ние, како што рече, би можеле да ги поминеме на […]

Законот за младински додаток од 3.000 денари го помина комисискиот филтер


Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска даде поддршка и ги проследи на натамошно второ читање предлог-законот за младински додаток и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски зелените зони. Со предлог-законот за младински додаток се продолжува рокот за примена на овој закон до 31 декември 2028 година. Со законот […]

Гори отпадот во Шуто Оризари – предизвикува големо загадување (фото)


Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов потврди дека гори отпад на депонија во Шуто Оризари, при што над Скопје се издига густ црн чад. Според првичните информации, пожарот предизвикува големо загадување и е видлив од повеќе делови на главниот град. Надлежните служби се на терен и работат на локализирање и гаснење на огнот. Според Центарот за […]

Судење за „Пулс“: Прочитани искази на сведоци кои не се достапни на органите на прогон


Исказите на сведоците Дарио Трифунов и Александра Пепеларовска, дадени во Обвинителството во текот на истражната постапка беа прочитани во судницата во Идризово на денешното судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако и двајцата повеќе рочишта не се достапни на органите на прогон.  Одбраната се противеше на предлогот на Обвинителството за повлекување на овие […]

Судење за „Пулс“: Одбраната на Дејан Јованов побара исклучување на јавноста, судијката одби


Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, адвокатката Ивана Коцевска, реагираше на изнесените директни закани по неговиот живот на минатото рочиште и бараше тоа да биде нотирано на записник. На минатото рочиште дел од оштетените, додека одбраната на првообвинетиот пред Судот изнесуваше барање за укинување на притворот, реагираше бурно извикувајќи „пуштете го, ние да му […]

Наскоро уште еден продолжен викенд – испланирајте го добро


Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 25 мај – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела). Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат […]

Им нуделе по илјадарка на тинејџери да „дилаат“ дрога во училиште во Карпош


На деца од 13 до 15 години им било понудено за илјада денари да продаваат дрога на соученици во основно училиште на територија на скопски Карпош. За овие индиции била известена полицијата и разговарано на Совет на родители, покажува записникот до кој имаше вид Колегиум.мк. Поради тековна полициска проверка, редакцијата не го објавува името на […]

Денеска се одбележуваат 123 години од загинувањето на Гоце Делчев


Во земјава денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Бројни делегации и граѓани денеска ќе положат цвеќе и ќе се поклонат пред горобот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а предвидена е панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на која е најавено и присуство […]

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката


Во македонското Собрание денеска ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2026 година за особено значајни остварувања во интерес на Република Северна Македонија во областа на науката. Државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во интерес на Република Северна Македонија во областа на науката им се доделува за делото „Континуитетот на Македонскиот јазик […]

Студено утро, во текот на денот температурата ќе се искачи до 25 степени


Утрово времето ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, сончево со […]

Завршува продолжениот викенд, се очекуваат гужви на Евзони – Богородица


По завршувањето на првомајскиот продолжен викенд, денеска се очекува зголемен интензитет на сообраќајот на граничните премини при враќање од Грција кон Македонија и регионот. Најголеми гужви се најавуваат во попладневните и вечерните часови, кога најголем број граѓани традиционално се враќаат дома по краткиот одмор. Како најоптоварена точка се очекува да биде граничниот премин Евзони – […]