Поради дефект повеќе улици во Карпош немаат вода


 Поради дефект на вентил на улицата „Анкарска“ 11, денеска од 10:15 часот ќе има прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците во општина Карпош. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, без вода ќе останат жителите на улиците „Анкарска“, „Римска“, „Наум Евро“ и „Панче Пешов“, како и делови од улиците „Дрезденска“, „Њуделхиска“, […]

Македонец изгоре во камионот што се запали на автопат во Хрватска?


Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне на автопатот А3 кај Среданац во правец на Брегана, кога камион ja проби ограда, удри во далновод и се запали. Возачот за кој медиумите пренесуваат дека најверојатно е од Македонија, остана заробен во возилото. Пријавата за сообраќајната несреќа ја примил Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа Брод-Посавина во 14:18 […]

Без струја делови од Шуто Оризари и Кисела Вода


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја ќе останат делови од Шуто Оризари и Кисела Вода.  Според информациите од ЕВН Македонија, од 08:30 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Пелагонија, Брсјачка Буна и Индира Ганди во општина Шуто Оризари, а од 08:30 до 14:30 часот, дел од улицата „Јустиниjан […]

Конференција „30 години на европскиот пат: Односите Северна Македонија-ЕУ и патот напред“


Дипломатскиот клуб – Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска организираат конференција „30 години на европскиот пат: Односите Северна Македонија-ЕУ и патот напред“. Конференцијата, што ќе се одржи на Правниот факултет, има за цел да се одбележат две значајни пресвртници во односите меѓу нашата држава и Европската Унија: 30 […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен […]

Стразбур пресече: Георгиевски и Бошкова ги исполнуваат условите за судија, Апостолски – не


Советодавниот панел на експерти при Советот на Европа оценил дека државата соодветно ја спровела процедурата за избор на судија за Стразбур, но и дека еден од тројцата утврдени кандидати не ги исполнувал условите. „360 степени“ дознава дека станува збор за адвокатот Јордан Апостолски. Од Владата потврдија дека е добиено мислење од експертскиот панел при Советот […]

Породилно отсуство до 12 месеци? ФЗОМ најавува можни системски измени


Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) ја анализира можноста породилното отсуство да се продолжи на 12 месеци, како дел од поширока проценка на системот за боледувања и породилни права. Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, посочува дека процесот е сè уште во фаза на анализа и дека клучно ќе биде да се утврдат и финансиските импликации, како […]

Завршени експропријациите – мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во употреба


Мостот што народот со право го нарекуваше „мост кој не води никаде“ или „мост за ловење риба“, повеќе нема да биде потсетник на нечија неработа, туку ќе стане вистинска сообраќајна врска во служба на граѓаните. Мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, конечно ќе биде ставен во функција, соопшти денеска […]

Родителите на загинатите од Пулс: Системот сам се штити, условни пресуди за системски пропусти со фатални последици


Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ реагира на изречените условни казни за злоупотреба на службена должност, посочувајќи дека ваквата судска пракса е во спротивност со законските одредби и тежината на последиците. Според нив, законската рамка предвидува казни затвор од шест месеци до десет години, во зависност од тежината на делото. Сепак, во конкретниот случај, и […]

Тоневски: Во тек е евалувација на понудите за изградба на современиот систем за отпад во село Мечкуевци


Во тек е евалуацијата на понудите од компаниите, кои се јавиле на распишаниот тендер за изградба на современиот систем за управување за отпад во Светниколското село Мечкуевци, каде што ќе се селектира и на современ начин ќе се депонира отпадот од 18 општини од Источниот и Североисточниот Плански Регион, информираше денеска претседателот на Советот на […]

Левица: Кандидатка за член на ДКСК – дел од мрежата на Цвета Ристоска


На денешната собраниска комисија беа интервјуирани кандидатите за членови на Антикорупциската комисија, серијал што се закажува и откажува, откако беше откриено дека некои од кандидатите за оваа позиција се на листата на донатори на ВМРО-ДПМНЕ. Изборот уследи откако Левица разобличи низа скандали кои резултираа со оставка на антикорупционерката Цвета Ристовска. И денес пратеничката од Левица, […]

Македонисти и информатичари дебатираа за развивање дигитални ресурси за македонскиот јазик


По повод Денот на македонскиот јазик професори од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Филолошкиот факултет, Институтот за македонски јазик, претставници на Министерството за дигитална трансформација и други денеска одржаа работилница на која главен фокус беше како што побргу да се развијат дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик. Притоа проф. д-р Димитар Трајанов, […]

Условна осуда за тројца полицајци за дискотеката „Пулс“


Изречена е првата пресуда околу трагедијата во дискотеката „Пулс“ за тројцата полицајци обвинети дека ја злоупотребиле службената положба. Тројцата локални полицајци Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков добија условни казни, но ниту тие, ниту нивните адвокати не дојдоа да ја чујат пресудата. Богатинов и Лазаров добија условна казна затвор од по една година која нема да […]

Повеќе паркинг за жителите и нова хуманитарна зона во Општина Центар


Паркинзи на Oпштина Центар воведува нов модел на организација и користење на јавните паркиралишта, насочен кон поголема достапност на паркинг просторот за жителите, подобра ефикасност во управувањето и унапредување на квалитетот на услугите. Со измените во новите подзаконски акти на ЈП ПОЦ, жителите на Општина Центар и понатаму добиваат можност за користење на паркинг простор […]

Ден на македонскиот јазик во Собранието: И јазикот ни е кроток


Јазикот е заштитник на нашиот идентитет, сегашност и иднина. Коренот на нашето битие и кодот на нашата посебност. Македонскиот јазик е чувар на нашата колективна меморија, историја и идентитет, основната карактеристика што не разликува од другите, вечниот паметник на нашето постоење и битисување и нашата лингвистичка гордост. Тоа го нагласи потпретседателката на Собранието Весна Бендевска […]

Охрид SOS: Наместо парк, Бејбунар се бетонира


Во подножјето на Националниот парк „Галичица“, во некогаш зелениот појас на Бејбунар, богат со подземни води, забрзано се одзема буквално секоја педа за да се изградат што повеќе згради, една до друга, без каков било простор за урбано зеленило, или да се зачува барем она што останало, реагираат од Граѓанската иницијатива Охрид SOS. „Деновиве, дел […]

Кривични и за родителите на малолетничките што физички нападнаа девојче во Ѓорче Петров


Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров денеска поднесе шест кривични пријави против родителите на малолетничките што беа вклучени во физичкиот напад врз 13-годишното девојче во Општина Ѓорче Петров, информираат од СВР Скопје. Полицијата ги товари родителите Е.А., А.М., Е.С., Р.С., Р.Г., С.А., В.И., Ѓ.И., А.Т. и Т.Т. по член 201 став 1 од Кривичниот законик. […]

Службеничката кој беше дел од корупцијата за пари од ИПАРД доби 10 месеци затвор


  Службеничката Јасмина Костадинова, која беше обвинета за корупција со средства од ИПАРД програмата од ЕУ, наменети за земјоделците, доби затворска казна од 10 месеци. Во казната ѝ се пресметува и мерката куќен притвор од ноември лани, што значи дека во затвор треба да биде само три месеци. Бидејќи мерката куќен притвор ќе ѝ биде […]

По 6.000.000 денари за обезбедување, а безбедноста во училиштата ниска


Речиси никој не ја гарантира безбедноста во училиштата, особено по последните случи на неѓуврсничко насилство, но и случаите каде наставници и професори се фатени во недолично или агресивно однесување кон учениците.  Министерката за образование, Весна Јаневска и вчера, а и денеска вели дека ќе наложи да се воведат дежурства на наставниците во училиштатат, за време […]

Мицкоски за обезбедувачот насилник: Законот важи за сите подеднакво


Институциите постапуваат за случајот, законот важи подеднакво за сите, без исклучок – рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за припадник на неговото обезбедување, кој е уапсен по пријава за физички напад врз својата сопруга. Мицкоски нагласи дека ова не е единствен случај поврзан со лица од неговото обезбедување и дека […]