Историски потег на Пјонгјанг: Ким Џонг Ун го промени уставот, дефинитивно стави крај на сонот за обединета Кореја


  Северна Кореја го ревидираше својот устав за да ја дефинира својата територија и трајно да ги отстрани сите референци за обединување на Корејскиот полуостров. Овој потег официјално ја кодифицира желбата на лидерот Ким Џонг Ун да ги третира двете Кореи како целосно одвоени држави. Според нацрт-текстот што го виде Ројтерс, ревизијата, за која се […]

Меџити: Започна отстранувањето на над 200 хаварисани и напуштени возила во Чаир


Општина Чаир денеска започна акциски процес за отстранување на над 200 хаварисани и напуштени возила од јавните површини на територијата на општината, со цел ослободување на паркинг-просторот и подобрување на урбаниот ред. Од општинската прес-служба соопштија дека со оваа акција веднаш се ослободуваат стотици паркинг-места за жителите, создавајќи пофункционални услови за движење и паркирање во […]

Тројца млади од Неготино со решение за органскиот отпад


Тројца млади од Неготино со решение за органскиот отпад, го селектираат и складираат во повеќе компостери во дворот на неготинската гимназија и од него ќе прават ѓубриво за ѓубрење на јавни зелени површини. За ова денеска информираа од тимот што го спроведува проектот „Еко-печурка компостери: Иднината на циркуларна економија“. Во проектот се вклучени над 40 […]

(Видео) Кој ги сече боровите на Водно?


Граѓани, пасионирани љубители на планинарењето и на планината Водно, реагираа на сеча на борови во парк шумата, во делот, односно планинарската патека над црквата Свети Пантелејмон. Во видеото кое што го испратија до „Независен“ се забележуваат повеќе исечени стебла покрај патеката. Зачудува што кај ниту едно од нив не се забележуваат оштетувања или болести. Граѓанинот […]

Измрзнаа сливите во Делчевско


 Советот на Општина Делчево на денешната вонредна седница донесе одлука за констатирање на елементарна непогода – голомразица на територијата на општината, поради сериозните штети врз земјоделските површини. На седницата беше истакнато дека, по барање на земјоделците, процесот на проценка и обештетување мора да се спроведе внимателно, одговорно и без импровизации, со цел реално да се […]

Реакција: За кого се законските измени за премиерот семејното насилство е „помал престап“?


Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост остро реагираат на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека семејното насилство, поради кое негов телохранител е во 8-дневен притвор, претставува „мал престап“. „Го потсетуваме премиерот, дека повеќе од 20 години, односно од 2004 година, актите на семејно насилство се третираат како кривични дела. Само од […]

Ученици од Кајсери, Турција, во посета на Пробиштип преку Еразмус +


Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски денес им посака добредојде на наставници и ученици од Кајсери, кои престојуваат во градот во рамки на Еразмус+ програмата за размена на знаења, искуства и култури. Гостите се сместени во основното училиште ООУ „Никола Карев“, каде во текот на неделата ќе имаат можност да се запознаат со организацијата на наставата, […]

Реконструирано одделението за управни работи на МВР во зградата на МТВ (фото)


Во зградата на Македонската телевизија денеска и официјално беше отворен вториот дел од реконструираното одделение за управни работи. На настанот присуствуваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека реновирањето е дел од поширок процес за унапредување на условите во кои граѓаните ги остваруваат своите законски права. Според министерот, позитивните реакции од граѓаните се […]

На диплома од Славјански универзитет од 2016 стои Република Северна Македонија


Две дипломи на Славјанскиот универзитет се поништени, има многу нерегуларности – од полагање 14 или 17 испити во една сесија, правење несоодветни еквиваленции на четири ЕКТ-системи, од еден предмет на четири ЕКТ-системи признаени два со по седум ЕКТ кредити и диплома од 2016 на која има печат со Република Северна Македонија. Вие знаете дека тогаш […]

Јаневска се виде со Македон: Наша цел е воведување ВИ во секојдневниот живот на учениците и наставниците


Подигнување на свеста на општеството за значењето на знаењето и за значењето на наставниците е целта на последната панел-дискусија во рамките на кампањата „Магијата е во знаењето“ на тема „Училницата на иднината: вештачката интелигенција, знаењето и новата улога на наставникот“. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, која рече дека денешната […]

На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција ги покани граѓаните на традиционалниот целодневен настан „Нож и виљушка на европска чинија“, кој ќе се одржи на 9 мај во Паркот на Франкофонија, со почеток во 12 часот. Тој посочи дека станува збор за симболичен датум, Денот на Европа, кој годинава Центар го одбележува и […]

Судијата за деца со подготвителна постапка за девојчињата од Ѓорче Петров за насилство


 Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца во Основниот кривичен суд Скопје за 4 деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека презеле дејствија кои во Кривичниот законик се предвидени како кривично дело – Насилство од член […]

Ноќеска „труело“ покрај Вардар – инспекции на терен


На 05/06.05.2026 во периодот од 21:00 до 00:30 часот во СВР Скопје, повеќе граѓани пријавиле дека во Скопје, покрај кеј на река Вардар, на подрачјата на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, во воздухот се чувствувала непријатна миризба на хемиски агенси. За настанот се известени јавен обвинител, комунални инспектори и инспектор за животна средина на Град […]

Корисниците на македонски пензии во странство не се дискриминирани, оцени Уставниот суд


Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 1 и член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Подносителот на иницијативата, Илија Ивановски од Србија, смета дека оспорените одредби го ставаат во нееднаква и дискриминирачка положба во однос на другите пензионери кои […]

Апасиев поднесува кривична пријава против ДКСК


Пратеникот Димитар Апасиев денес објави дека поднесува кривична пријава против ДКСК.   – Јас си стојам на Зборот. Затоа, денес поднесов кривична пријава за „Повреда на рамноправноста на граѓаните“ против членовите на Прекршочната комисија при Антикорупциска, за кои надлежен стручен орган утврди дека извршиле директна дискриминација врз мене (со ускратување на уставно загарантираното право на […]

Капки врел сунѓер најдени и на јакната на Андреј Ѓорѓиевски – што покажуваат материјалните докази за „Пулс“


 При увидот на Јавното обвинителство во опожарениот објект „Пулс“ во Кочани бил пронајден изгорен ресивер за активирање на пиротехнички уред, како и црн ранец марка „Најк Џордан“ во кој се наоѓале пластично куферче со два ресивера за активирање на пиротехнички средства, батерија од девет волти, марка Филипс и кеса со неискористено пиротехничко средство. Ова беше […]

Кои европски земји имаат најзагаден воздух? Македонија во црвено!


Италија, земја позната по својот „сладок живот“, има сериозен еколошки проблем: највисоки локални концентрации на опасни PM2.5 честички во Европа. Овие ситни честички прашина продираат длабоко во белите дробови и крвотокот, а се предизвикани од патен сообраќај, рафинерии, цементарници, согорување на фосилни горива и шумски пожари. Според најновиот извештај за квалитетот на воздухот од страна […]

Андоновски: 120% раст на трансакции на платформата за интероперабилност


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека платформата за интероперабилност бележи околу 120% раст на бројот на трансакции, што, како што рече, покажува сè поголема употреба на дигиталните канали за размена на податоци меѓу институциите. Тој ова го истакна на отворањето на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, нагласувајќи дека дигиталната трансформација […]

Следува Генералка викенд – „Да се извалкаме и да исчистиме!“


На 8, 9 и 10 мај, по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната еко-акција во земјава и целиот Балкан – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Рекордниот еко настан мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и приватни компании. Ова е најголемата логистичка операција досега за собирање отпад и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД прерасна […]

МВР на „SAHA Expo 2026“: Потврдена стратешката соработка со турската полиција


Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од помошник министерот за односи со јавност Мухамед Исмаиљи, учествува на меѓународниот саем и конференција „SAHA Expo 2026“, што се одржува во Истанбул од 5 до 9 мај. Во рамки на посетата, како што информираат од МВР, делегацијата остварила работна средба со заменик директорот на турската полиција, Мустафа […]