Дел од Кисела Вода денеска без струја


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 8:30 до 14:30 часот, дел од улицата Јустиниан Први, општина Кисела Вода.

Мавровско Езеро во пресрет на Светското првенство порибено со два тона крап


 Во рамки на подготвителните активности за Светското првенство во спортски риболов на крап, вчера беше извршено порибување на Мавровското Езеро со 2.000 килограми крап, информираат од националниот парк „Маврово“. Воедно, ЈУНП „Маврово“ ги известува сите спортски риболовци дека од денес стапува во сила забрана за лов на крап, која ќе важи во наредниот период, односно […]

Променливо облачно со сончеви периоди, а попладне краткотраен пороен дожд, грмежи и ветер


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 11 мај 2026 година, 131-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 234 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 18 минути, а ќе зајде во 19 часот и 43 минути. Денов трае 14 часа и 25 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

„Обој го Кочани“ – мурал на скалите во Трговскиот центар


Големите скали од источната страна на  Трговскиот центар во Кочани добиваат нов лик со посредство на уметничкиот настан „Обој го Кочани“ и на мултимедиалниот креативец и уметник Аспарух Михаилов – Пучо. Иницијатор на овој настан поддржан од Европската Унија е Локалниот младински Совет на Општина Кочани. На овој начин се прави обид за  активно вклучување […]

Дарио Ивановски со нов македонски рекорд на 10 км на HalkEco Skopje Run 10K


Над 2000 учесници од 16 земји беа дел од 10. јубилејно издание на трката, која уште еднаш го претвори главниот град во центар на спортот, енергијата и заедништвото. Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски од АК „Скопски маратон“ триумфираше со нов државен рекорд на 10 км на пат, постигнувајќи време од 29 минути и 34 секунди во машка […]

Со камери ќе се фаќаат и фрлачите на ѓубре во Штип


Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, најави дека ќе бидат поставени камери и засилени контроли, а сите што фрлаат шут и отпад на недозволени локации ќе бидат санкционирани и казнети согласно со законските прописи. Како што истакна тој, во рамките на акцијата се расчистувале диви депонии и големи количини отпад, кои повторно се создаваат поради […]

Левица: Трето дете – „пропусница“ за сиромаштија


Лаекенски индикатори за сиромаштија покажуваат дека 21,9% од граѓаните во Македонија живеат под прагот на сиромаштија, со највисок ризик кај самохраните родители и децата. Овие податоци не се само социјален аларм туку и јасен показател за неуспехот на економските политики во државата. Кога секој петти граѓанин не може да обезбеди основен животен стандард, а кај […]

Андоновски го отвори првиот технолошки парк во Македонија


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на отворањето на првиот технолошки парк во Македонија — N99 Deep Tech Park, простор кој има за цел да ги поврзе технологијата, иновациите, науката, стартап-заедницата и институциите во заеднички екосистем за развој, се вели во денешното соопштение од Министерството за дигитална трансформација, што МИА го објавува интегрално.   […]

Алиу најави поддршка за медицинските сестри и акушерки


Медицинските сестри и акушерки се јадрото на здравствениот систем. Без нив е невозможно да се замисли ниту еден процес од превенција, преку дијагноза, па сè до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства, изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешното одбележување во Скопје на Неделата на сестринството, што е од 5 до 12 […]

Општина Аеродром повторно даде тендер на „Пирамид Билдинг“


Општина Аеродром повторно даде тендер на „Пирамид Билдинг“, ќе реконструира четири плочници за 50 милиони денари, тврди СДСМ во соопштението денес.  „Вкупно 50 милиони денари Општина Аеродром ќе потроши на реконструкција на речиси неоштетените плочници во Три Бисери, трговскиот центар во населба Лисиче и во Ново Лисиче со вкупна површина од нецели 11.000 метри квадратни.Секако во […]

И за ѓубрето има решение: Еколошки пример за домашен компост од Дојран


Наместо остатоците од храна, посебно лушпите и непотребните делови од зеленчукот и овошјето кое се користи за подготовка на оброци, да завршат на депонија, каде создаваат штетни гасови, може да се употребат за природно ѓуриво во домашната градина. На ова апелираат еколошките здруженија кои се залагаат концептот за компостирање да биде повеќе присутен во домаќинствата, […]

Даниловски: Не ни треба интернет фантазија за епидемија од хантавирусот, ни треба дератизација!


Хантавирусот деновиве стана новата суровина за глобалната индустрија на страв. Доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото, пишува епидемиологод д-р Драган Даниловски во својата објава на Фејсбук. Според […]

Компанијата „Мастеф“ ќе го гради новиот Луна Парк


По години најави и одложувања, Скопје конечно се подготвува за изградба на нов современ забавен парк во рамки на Градскиот парк. Проектот, чија вредност се проценува на околу 10 милиони евра, треба да донесе ново место за рекреација, забава и туристичка атракција во главниот град. Според информациите објавени преку системот за јавни набавки, договорот за […]

Во Скопје настан за зголемување на свеста за лицата со атипичен развој


Настанот „Другарството е богатство“ во организација на Здружението „Аутизам ААМК“ ќе се реализира денеска во Скопје. Од Здружението истакнуваат дека различнoстите сплотуваат и појаснуваат оти кај „Школка“ од 11 часот ќе се одржи настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството. – Тоа […]

Денес и сончево и дожд


Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне се очекува повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје, […]

Нема европска иднина без правда: Во Кочани се одржа 42. Марш за ангелите


Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 42. Марш на ангелите и денеска чекореа низ улиците во Кочани, почнувајќи од Паркот на Револуцијата и завршувајќи кај зградата на Основното јавно обвинителство во Кочани.  На одговорните во институциите им се обратија во три наврати, застанувајќи пред зградата на Полицијата, барајќи одговорност за […]

Герасимовски: „Нож и виљушка на европска чинија“ во Центар, добра храна, музика и дружење до полноќ


Во Паркот на Франкофонијa денеска се одржува манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“ – гастрономски и музички настан поддржан од Општина Центар. – Оваа манифестација прерасна во препознатлив симбол на дружење и размена на култури. И овојпат имаме голема посетеност и интерес, голем број граѓани и европски гости, и се разбира, добра атмосфера, музика […]

Ѓорѓиевски не знае кога Жичницата на Водно ќе биде во функција, чека понуда за сервисирање


Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека Јавното сообраќајно претпријатие и градот ја очекуваат понудата за сервисирање и дефектажа на Жичницата на Водно, која по контрола од страна на компанијата изведувач било констатирано дека е во катастрофално лоша состојба. Засега не може да каже за колку време ќе се направат овие поправки на […]

Со музика, забавни игри, храна и пораки одбележан Денот на Европа во Градскиот парк во Скопје


Делегација на ЕУ во земјава денеска во Градскиот парк во Скопје е домаќин на централниот настан по повод Денот на Европа, кој е отворен за сите граѓани. Манифестацијата започна со настап на детски танцови групи пред летната сцена „Школка“, а потоа напладне евроамбасадорот Михалис Рокас и официјално со пригоден кус говор и порака го прогласи […]