Рокас: Сите заедно и со реформите ќе го направиме решителниот чекор да станете дел од семејството на Европската унија


Европа е изградена на ветувања, слобода, еднаквост и демократија. Денес во свет на конфликти и економски притисоци, мора да ги браниме овие вредности дома и надвор, рече денеска евроамбасадорот Михалис Рокас  во обраќањето на свеченоста што се одржа во кругот на Владата по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на […]

Единаесет години од настаните од „Диво Насеље“, оддадена почит на загинатите бранители во Куманово


Повеќе делегации денеска положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на осуммина припадници на безбедносните сили во вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ во Секторот за внатрешни работи Куманово. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, државниот секретар, Сашо Петрушевски, началникот на СВР Куманово, Никица Петрушевски, членови на семејствата […]

Д-р Трајковска: Еден донор на органи може да спаси и до осум животи и да им даде надеж на многу други


Во рамки на широка кампања за промоција на органодарителството, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Марина Трајковска, анестезиолог во ГОБ „8 Септември“ апелира секој граѓанин да разговара со своето семејство за одлуката да биде донор на органи. Со изборот да биде донор, граѓанинот избира да подари некому живот. […]

Свеченост пред Владата по повод 9 Мај- Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа (во живо)


Владата организира свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и вредност“.  Делегации од институции, политички партии, амбасади, …. ќе положат цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“.  На свеченоста ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.     

Единаесет години од „Диво насеље“- Куманово се сеќава на загинатите херои


Денеска се навршуваат единаесет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се […]

Нож и вилушка на европската чинија – гастрономија, музика и култура во Паркот на Франкофонијата


Во Паркот на Франкофонијата во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Нож и вилушка на европската чинија“, кој преку гастрономија, музика и култура ќе ги прослави европските вредности и заедништвото. Како што е наведено во соопштението на организаторите, настанот има за цел да ги доближи различните европски кујни и култури до граѓаните, создавајќи простор за […]

Владата ќе го одбележи 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа


Под слоганот „Победа, принципи и вредност“, денеска во дворот на Владата ќе се одржи свечена церемонија по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Според најавата, на церемонијата премиерот Христијан Мицкоски, ќе положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“. По чинот на полагање цвеќе е предвидено пригодно обраќање на […]

Ден на Европа – оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“


На 9 Мај Европа ја слави годишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик на она што доведе до создавање на денешната Европската Унија.  Тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај 1950 година ја промовираше идејата за нова политичка соработка во Европа како средство за драстично намалување на можностите за […]

Ден на победата над фашизмот


Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милијарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната […]

Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на […]

И денеска не излегувајте без чадори, времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени […]

Едукативна кампања за рециклирање текстилен отпад во Гевгелија


Децата од двете основни училишта и детските градинки во Гевгелија учеа за правилно селектирање и рециклирање текстилен отпад преку едукативни кампањи организирани од Општината во соработка со компанијата „Тексомак“ која е колективен постапувач за управување со отпаден текстил. Со интерактивни презентации, разговори и едукативни содржини прилагодени за најмладите, тие се запознаа со важноста за грижата […]

Андоновска: Нема простор за паника бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот во Македонија


Нема простор за каква било паника бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани, што е најважно во овој момент. Секторот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на дневна основа е во комуникација со Светската здравствена организација (СЗО) и со Европскиот центар за контрола на болестите, така што […]

Симулациска вежба во Тетово: Медицински сестри, Црвен крст и пожарникари демонстрираа спасување на повреден мотоциклист


Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија (ЗМСТАС), предводен од Здружението „ЗА НАС“ на Македонија по повод Неделата на сестринство на градскиот плоштад во Тетово одржа симулациска вежба.   Во рамки на вежбата беше симулирана сообраќајна несреќа во која мотоциклист е удрен од возило. Волонтери од Црвениот крст први му […]

Злато и две бронзи за Македонија на Балканска математичка олимпијада


На 43. Балканска математичка олимпијада (БМО 2026) – која годинава се одржува во Солун, Република Грција – македонската репрезентација постигна одличен успех! На овој престижен меѓународен собир на млади математички умови, во конкуренција на 148 натпреварувачи, од 25 држави на три континенти, нашата репрезентација се закити со еден златен медал и два бронзени медали. 🥇 […]

Без партиска книшка нема вработување на државно – жестока дебата меѓу студенти и пратеници од Битола


БИТОЛА – Партизираноста на општеството и политичкиот протекционизам отворија жестока дебата во Битола меѓу студенти и петте актуелни пратеници од Битола во македонското Собрание. Денес во Студентскиот информативен центар на Универзитетoт „Св. Климент Охридски“ – Битола, беше најавен едукативeн настан „Парламентарен караван“, во организација на Собранието на Република Северна Македонија, но работите излегоа од „контрола“ […]

Општините ќе покриваат трошоци за изборите, место да ги празнат контејнерите


Левица – Аеродром преку соопштение обвини дека новиот правилник на Државна изборна комисија неправедно го оптоварува буџетот на Општина Аеродром, додека граѓаните се соочуваат со лоша јавна хигиена и комунален хаос.  Од партијата тврдат дека со новиот правилник, донесен со поддршка од мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ, скопските општини ќе треба самостојно да ги покријат трошоците за […]

Општина Карпош: Лукровски е на боледување, не дава оставка


Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање. Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните. Согласно законските процедури, надлежности привремено ќе ги […]

Жичницата на Водно нема да работи цело лето, вели Ѓорѓиевски


Жичницата на Водно нема да биде пуштена во употреба во текот на целото лето, откако при вонреден увид биле утврдени сериозни технички недостатоци и ризици по безбедноста на патниците, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за САКАМДАКАЖАМ.МК. Според него, 15 години по пуштањето во употреба, жичницата никогаш не била целосно сервисирана од австрискиот производител „Допелмаер“, што […]

Лукровски се пишмани – не сака да е градоначалник, ВМРО-ДПМНЕ притиска да не дава оставка


Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, вчера назначил свој заменик, и тоа поранешниот портпарол на Коце Трајановски, Неделчо Крстевски, а според неколку медиуми, тој веќе два пати сакал да поднесе оставка, но неговата натична партија ВМРО-ДПМНЕ не дава. Само половина година по локалните избори, Лукровски не се чувствува вичен да одговори на градоначалничките предизвици, во […]