Утре почнува Виноскоп 2026


 Од утре, 13 мај, Градскиот парк во Скопје, на локацијата „Школка“, повторно ќе биде центар на добрата енергија, врвното македонско вино, богатата гастрономија и квалитетната музика, со почетокот на јубилејното 15. издание на фестивалот „Виноскоп 2026“. Фестивалот, кој се организира под покровителство на Град Скопје, ќе трае пет дена, до 17 мај 2026 година, и […]

Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд, грмежи и засилен ветер


Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 12 мај 2026 година, 132-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  233 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 17 минути, а ќе зајде во 19 часот и 44 минути. Денов трае 14 часа и 27 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Два булевари и повеќе скопски улици утре без вода


ЈП „Водовод и канализација“ извести дека дел од корисниците од булеварот „Партизански одреди“ утре ќе бидат со прекин во водоснабдувањето, а исто така прекинато водоснабдување ќе имаат и дел од корисниците од општина Чаир. Од таму информираат дека поради промена на затворачи ф 5/4 на булеварот „Партизански Одреди“ бр.48а, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од […]

ДИК ќе им префрли пари на 11 блокирани општини за членовите на ОИК и ИО за локалните избори


 Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе одлука за исплата на средства за членовите на општинските изборни комисии и на членовите на избирачките одбори за локалните и повторените избори во 11 општини кои имаат блокирани сметки.  Станува збор за 107.201.924 денари за општините Арачиново, Делчево, Пехчево, Тетово, Струга, Кривогаштани, Василево, Желино, Гостивар, Врапчиште и […]

Ниеден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети во предметот поврзан со пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а 223 беа повредени. На денешното рочиште обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, а Обвинителството оцени дека полициските службеници […]

Возач на приватен автобус ги оставил патниците сред Илинден – „Не го знаел патот за назад“


Несекојдневна ситуација денеска доживеале патниците на приватниот автобус на линијата 63, откако возачот, наместо да ја заврши рутата до Мралино, ги симнал патниците во Илинден и се вратил назад кон Скопје. Настанот се случил околу 13 часот, на линијата од Транспортен центар кон Мралино. Според сведоштвата на патниците, возачот во текот на возењето постојано кажувал […]

Ана Дангова Хуг е новиот кандидат за судија во Стразбур


Комисијата за избор на кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денеска  одржа седница, по добиеното мислење од Советодавниот панел во однос на спроведувањето на националната постапка за избор. Панелот констатирал дека еден од тројцата предложени кандидати не ги исполнува во целост критериумите за судија во Судот во Стразбур и за да […]

Ѓорѓиевски најави заедничка матурска на сите скопски матуранти годинава


За да се поттикне меѓусебната толерантност и да увидат средношколците дека сите се исти, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски најавува годинава сите скопски матуранти да присуствуваат на заедничка матурска прослава. – Како пилот-проект Град Скопје планира да организира заедничка матурска прослава на учениците од сите средни училишта и матурата заедно да ја слават учениците од […]

Јаневска со зајакнат приправнички испит и со лиценци за психолози против наставници-педофили


По неколкуте случаи на наставници и професори кои недолично се однесувале кон ученици, министерката за образование Весна јаневска, планира да го зајакне приправничкиот испит, но и да воведе лиценци за психолозите, кои ќе имаат задача да ги препознаат тие однесувања и да преземат мерки. Таа повика и на соработка од наставниците колеги на овие несовесни […]

Што сакаше министерката да каже? Прашана за дефицитарни занаетчиски занимања, таа зборува за ВИ експерти


На Македонија ќе ѝ недостигаат експерти за вештачка интелигенција, за ВИ безбедност, ВИ дата аналитичари, но и изработувачи на филиграни и обработувачи на злато, порача министерката за образование на денешниот настан по повод почетокот на Националниот натпревар на вештини 2026-та што се одржува денеска и утре во АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје, во организација на […]

Одбиено барањето за изземање на судијка поротничка, предметот за 13 полицајци од Кочани оди на главна расправа


Со одлука за одржување главна, јавна и усна расправа, денеска заврши подготвителното рочиште во Основниот кривичен суд против 13-те полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“.  На почетокот на рочиштето беше констатирано дека една од […]

Авторката Ана Пашкевич од Полска доаѓа во Скопје за промоција на сликовницата „Три желби“


 Ана Пашкевич, една од највпечатливите современи авторки за деца од Полска, неделава ќе престојува во Скопје по повод креативните работилници инспирирани од сликовницата „Три желби“ – современа, еколошка, едукативна и длабоко емотивна приказна што на уникатен начин ја менува добро познатата бајка за златната рипка. Книгата е илустрирана од Јоана Бартошик, а на македонски ја преведе […]

Таткото на Вања пред Апелација: „Се чувствувам како заложник“. Обвинителството вели – тој има „клучна улога“


Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, денеска кратко се обрати пред Апелацискиот суд, каде што се разгледуваат жалбите за првостепената пресуда во случајот со грабнувањата и убиствата на Вања и Панче Жежовски. „Од оваа позиција во која се наоѓам како заложник, немам што да додадам“, рече Ѓорчевски, по што ја напушти судницата. Неговиот адвокат […]

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни


Одложено е денешното судско рочиште за случајот „Онкологија“ што се води во Основниот кривичен суд во Скопје поради, како што беше кажано, спреченост на техничкиот советник на Обвинителството да присуствува од оправдани причини – неодложни работни обврски. Следното рочиште за случајот е закажано на 1 јуни.  Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и […]

Пакомак: Селективно одложувајте го отпадот, барајте ги Вендинг машините


Промените кон почиста и поздрава животна средина започнуваат со секојдневните навики на сите нас. Селектирањето на отпадот, правилното одложување на амбалажата и грижата за просторот во кој живееме се мали чекори што создаваат голема разлика. Токму затоа, повеќе од 15 години Пакомак активно работи на подигнување на еколошката свест преку поставување контејнери за амбалажен отпад […]

Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ втори во светот на „FIRST LEGO League“


Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ од Скопје постигнаа историски успех освојувајќи го второто место во светот на престижниот меѓународен натпревар „FIRST LEGO League“, во категоријата роботска игра. Тимот „Осетра“ ја претставуваше Македонија меѓу екипи од 55 држави и повеќе од 1.000 ученици од целиот свет, а со освоени 525 бода успеа да се искачи на самиот […]

Казна од 20.000 евра по драмата во Долно Лисиче, каде возач беше фатен како фрла шут на дива депонија


При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад. Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно со член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 […]

„Левица“: Ристов ќе удри по најсиромашните – укинувањето на евтината тарифа ќе ги зголеми сметките


Ацо Ристов, новиот претседател на РКЕ, во првото медиумско појавување најави ревидирање на блоковите и ефтината тарифа во сметките за електрична енергија, со што јасно стави до знаење дека струјата ја третира како роба која мора да има единечна, а не пет различни цени. Со ова тој предизвика загриженост кај граѓаните кои се обидуваат да […]

Финансиска поддршка за санација на покриви и лифтови. Пријавете се!


Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на локалната самоуправа. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека со оваа мерка продолжува поддршката за подобрување на условите за домување и унапредување на безбедноста на граѓаните. – […]