Заловен волк во населбата Козле, бил чуван како домашен миленик


Во населбата Козле синоќа бил забележан волк со синџир и ремче – чуван како домашен миленик, а по интервенција на надлежните служби е заловен и згрижен во Зоолошката градина Скопје.   – По пријава од загрижени граѓани, на местото интервенираше МВР, а веднаш потоа пристигна и стручната служба од ЗОО Скопје и претставници од градот Скопје, […]

Јакимовски тврди: Лукровски дал и втора оставка, но го држат во „куќен притвор“


Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевче Јакимовски во гостувањето на 4ТВ упати серија остри критики кон актуелната локална и централна власт, оценувајќи дека Карпош се наоѓа во „лимбо ситуација“ поради, како што тврди, политичко тактизирање околу оставката на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски. Според Јакимовски, во политичките кругови веќе било познато дека Лукровски поднел и втора, […]

Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 13 мај 2026 година, 133-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  232 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 16 минути, а ќе зајде во 19 часот и 45 минути. Денов трае 14 часа и 29 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Со закон се оддалечуваат казината од училиштата на 500 метри – нема да смеат да ги рекламираат ни познати личности


Владата на денешната седница го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри, кој ќе биде испратен до Собранието. Со ова започнуваме нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите кои со години нанесуваат штета врз граѓаните, особено врз младите, […]

Алиу: Медицинските сестри и акушерките се темел на здравствениот систем


Министерот за здравство Азир Алиу денеска на свечената академија, што се одржа во Тетово, во организација на Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, рече дека оваа недела е потсетник на огромната улога што медицинските сестри и акушерки ја имаат во здравствениот систем и во општеството во целина. – […]

Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на конкурентноста ќе се финансираат 32 проекти


На денешната владина седница беа разгледани и усвоени програмите преку кои за 2026 година ќе се финансираат десетици проекти насочени кон подобрување на условите за живеење, локалната инфраструктура, конкурентноста и одржливиот развој. – Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на конкурентноста за 2026 година ќе се финансираат 32 проекти, со вкупна вредност од […]

Д-р Агуши: Да ја поддржиме трансплантацијата, така помагаме на луѓето кои имаат животна потреба од органи


Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Азби Агуши, анестезиолог од ТОАРИЛУЦ и болнички координатор за трансплантација, апелира за важноста на донирањето органи.   -Говорејќи за трансплантацијата на органи, мојата порака е да се поддржи овој процес, не поради фактот што има потреба здравствениот […]

Алки место затвор да станат правило, а не исклучок – ќе има и електронски регистар


На денешната јавна расправа за Предлог-законот за пробација, министерот за правда Игор Филков  истакна дека новото законско решение претставува значаен чекор кон воспоставување современ, поефикасен и поправеден систем за извршување на санкциите и примена на пробациските мерки. Со законот се зајакнува улогата на пробациската служба и се унапредува организациската поставеност на системот за извршување на санкции. […]

Прв ден од Самитот на Македонија2025: Потребни се забрзан одржлив раст, силно лидерство и заедничка акција за просперитетна иднина на Македонија


Со силни пораки за потребата од забрзан економски раст, институционални реформи, дигитална трансформација и поголемо национално обединување околу развојните приоритети, денеска во Скопје официјално беше отворен годинешниот Самит на Македонија2025. Петнаесеттото издание на Самитот, кое се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, ги обедини носителите на јавните политики, бизнис-лидерите, претставниците […]

Во Основниот суд во Битола му се суди на Пеце Матевски и вработени од РЕК „Битола“ за тендер за јаловина со фирмата „РУД КОП“


БИТОЛА – Во Основниот суд Битола продолжи судењето за екс директорот на РЕК „Битола“ Пеце Матевски и уште шестмина вработени од комбинатот како и на три службенички од Бирото за јавни набавки од Скопје заради незаконитости во тендер за ископ на јаловина поврзан со изборот на битолската фирма „РУД КОП“-Битола во 2022-2023 година. ОЈО Битола […]

Град Скопје со рекордна реализација на инвестиции во првиот квартал – опозицијата ги гледа како нејзини


Во првите месеци од 2026 година, Скопје бележи значителен напредок во реализацијата на капиталните инвестиции, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Град Скопје. Според податоците што ги презентираше, во првиот квартал се реализирани 335,75 милиони денари, што претставува 18,12% од вкупно планираните средства за 2026 година. До април, реализацијата достигнала 464,45 […]

Мицкоски го избира потешкиот пат кон ЕУ, полесниот бил понижувачки


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата која што ја предводи го одбрала потешкиот пат во евроинтеграцијата на земјата, кој што има своја цена, но полесниот пат пак, е проследен со друг вид предизвици кои најчесто се понижувачки. Зборувајќи на Самитот на Македонија 2025, во интервју со извршната директорка на оваа иницијатива, Никица Мојсоска Блажевски, […]

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности


Во првиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по квадратен метар изнесува 177.667 денари (130.000 евра) за вкупна површина од 45 квадратни метри, кој се наоѓа на територијата на општина Кисела Вода. За квадратен метар се платени 2.888 евра. Тоа го покажуваат податоците од денеска објавениот извештај од регистарот на цени и закупнини на […]

Крива Паланка дава по 3.000 денари за секој матурант, четврта година по ред 


  Општина Крива Паланка и оваа година обезбеди финансиска поддршка за сите матуранти од СОУ „Ѓорче Петров“, при што денес на сметките на учениците беа исплатени по 3.000 денари како симболичен придонес во пресрет на матурските прослави и одбележувањето на еден од најзначајните моменти во нивниот живот, завршувањето на средното образование.   Оваа мерка се […]

Запрена истрагата против Капушевски, Ковачевски и „Пуцко петрол“ за набавката на мазут


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за запирање на истрагата за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, во која беа опфатени 13 лица, меѓу кои и Васко Ковачевски, бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на компанијата РКМ и газдата на „Пуцко петрол“. Од Обвинителството соопштија дека по едногодишна интензивна […]

Лукаревска: Со оваа влада шопската салата чини колку претходно килограм месо!


Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „24 Анализа“ обвини дека економските политики на Владата не даваат резултати, а граѓаните се соочуваат со сè поголеми ценовни шокови, раст на сиромаштијата и отсуство на конкретни мерки за заштита на животниот стандард.   „Постојано цените растат и пред да биде криза и сега кога сме во криза […]

Екоедукација за ученици во ЈУ Национален парк „Пелистер“


Јавната установа Национален парк „Пелистер“ реализира едукативна програма за ученици од битолските училишта, во која се вклучени содржини за природните реткости и вредности на националниот парк. За време на посетите на Инфоцентарот и изложбениот салон на Националниот парк, учениците и нивните наставници се запознаваат со биодиверзитетот, природните богатства и значењето на заштитата на животната средина, […]

Центар обезбеди 2 милиони денари за субвенции за возачка дозвола


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика младите центарци  да се пријават за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Тој посочи дека интересот за оваа мерка е зголемен и дека субвенциите претставуваат значајна поддршка за младите и нивните семејства. „Ме радува што годинава имаме зголемен интерес за оваа мерка. Субвенциите не […]

Активисти повторно со блокада во одбрана на Дошница од изградба на хидроцентрала


Група активисти од Гевгелија, но и од околните места и од цела Македонија, објавија дека одново се собрале на протестна блокада на планината Кожуф, откако дознале дека властите ѝ ја продолжиле дозволата за изградба на мала хидроцентрала на реката Дошница на фирмата која ја добила концесијата. Ова со години беше една од најжешките еколошки теми […]