Уметникот Али Синани е нов директор на Националната галерија


Уметникот Али Синани е нов директор на Националната галерија на Северна Македонија (НГСМ), соопшти институцијата на нивната фејсбук страна. Тој доаѓа на местото на досегашната в. д. директорка Маја Неделковска-Брзанова. „По огласот за директор кој беше распишан пред скоро три месеци, за директор на Националната галерија на РС Македонија, со мандат од четири години, на 9 […]

Возбудлива ЕУ вечер на „Охридско лето“’ : Парискиот квартет „Модиљани“ воодушеви со виртуозноста


Еден од најзначајните гудачки квартети на денешницата, „Модиљани“ од Франција синоќа музицираше  на „Охридско лето“ воодушевувајќи ја фестивалската публика со нивната совршена изведба и внимателно избраната програма. На репертоарот беа гудачки квартети од композиторите Хоакин Турина, Морис Равел и Лудвиг ван Бетовен. Концертот беше во рамки на Вечерта на Европската унија што  веќе осумнаесетта година […]

Концерт „Фрида од Македонија“ на Скопско лето


Вечерва, 16.07.2025г. (среда), во 20:30 часот во Сули ан ќе се одржи концерт „Фрида од Македонија“. Ќе настапи Аматерскиот женски хор „Фрида“ под диригентската палка на нивниот раководител Сузана Турунџиева.    Аматерски женски хор „ФРИДА“ е формиран во октомври 2023 година. Основач, раководител и диригент на хорот е Сузана Турунџиева – вокален солист и музички педагог. Хорот го сочинуваат […]

Австриска вечер на „Охридско лето“ со Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук


Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук во состав Сузан Мерт-Томази на виолина, Андреј Јаблоков на виолина, Елеонора де Пои на виола, Леонардо Сесена на виолончело и Драган Трајковски на контрабас. Тиролскиот симфониски оркестар го сочинуваат виолинистите Сузане Мерт-Томази која е член на оркестарот […]

Стоечки овации за пијанистот Лукаш Вондрачек на Чешката вечер на „Охридско лето“


Публиката на „Охридско лето“ синоќа  се восхитуваше на пијанистичкиот артизам на младиот чешки уметник  Лукаш Вондрачек кој одржа концерт на подиумот во црквата „Света Софија“. Преку неговиот префинет клавирски израз, во акустичниот амбиент прозвучија дела на Брамс, Скрјабин, Дворжак и Шумен, како и композиции од Шопен и Рахмањинов изведени на бис по бурните и стоечки […]

Јубилејното издание на „Астерфест“ од 4 до 8 август во Струмица, лауреат Милчо Манчевски


Јубилејното 20. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи во Струмица од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна и интересна програмска селекција. Oваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот филм е режисерот и сценарист Милчо Манчевски, соопштија организаторите. Физиономијата на „Астерфест“ останува […]

Отворање на изложбата на фотографии „Три, четири, сега! Европа е наша!“ (во живо)


 Отворање на изложбата на фотографии „Три, четири, сега! Европа е наша!“, на којашто ќе бидат изложени дел од највпечатливите фотографии чии автори се млади таленти од целиот Западен Балкан

Ѓорѓи Јолевски со моќна порака од Охрид: „Во свет на војни, уметноста не е луксуз — таа е нужност“


Уметничката порака на свеченото отворање на најпрестижниот културен настан во нашата земја, „Охридско лето“, што започна викендов во Охрид, годинава ја пренесе првенецот на Македонскиот народен театар – Скопје, актерот и режисер Ѓорѓи Јолевски. Во инспиративниот говор, тој меѓу другото рече дека „во свет на војни, уметноста не е луксуз — таа е нужност“, како […]

Изложба со највпечатливите дела на млади фотографи од  Западен Балкан во Скопје


Во просториите на Europe House во Скопје, денеска во 10 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Три, четири, сега! Европа е наша!“, која ги претставува највпечатливите дела на млади фотографи од целиот Западен Балкан. Изложбата е дел од регионалната кампања на иницијативата WeBalkans, поддржана од Генералниот директорат за проширување и источно соседство на Европската […]

Вечер на ЕУ на „Охридско лето“ со францускиот гудачки квартет „Модиљани“


За вечерта на Европската унија на „Охридско лето“ сцената на катедралната црква „Света Софија“ е резервирана за концерот на францускиот гудачки квартет „Модиљани“, со виолинистите Амари Сојто и Лоик Рио, Лорaн Марфан на виола и Франсоа Кифер на виолончело.На програмата на вечераниот концерт се избрани дела на Турина, Равел и Бетовен. Почетокот на концерот е […]

Патувачкото кино на „МакеДокс“ од денеска во Кочани


Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава оди за Кочани. Проекциите на документарни филмови во рамки на програмата на патувачкото кино ќе се одржуваат од денеска до 18 и на 20 јули, на летна сцена пред НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани, со почеток во 21 часот. На 19 јули патувачкото кино ќе има проекција […]

Охридска книжевна вечер со Славе Ѓорѓо Димоски во организација на „Спона“


Во организација на Српскиот културно-информативен центар „Спона“ утре во Охрид ќе се одржи книжевна вечер со современиот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски. Станува збор за активност во рамки на циклусот книжевни средби и работилници „Паралели и синтези: Рецепцијата на современата македонска книжевност“, шти ги организира „Спона“, во чиј фокус се дела од современи македонски автори […]

Концерт на Дони МекКаслин од САД и Националниот џез оркестар


Љубителите на џезот вечер, во 21 часот, во Македонскиот народен театар ќе имаат можност да присуствуваат на концертот на еден од најсмелите и највпечатливи саксофонисти и композитори на современата џез сцена, Дони МекКаслин од САД и Националниот џез оркестар. Диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов.  Како што информира Националниот џез оркестар, МекКаслин продолжува […]

Гала концерт на Вејчеслав Поповски на „Скопско лето“


Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер ќе се одржи гала концерт „Хармонија во три стила: класика, филм и корен“ на Вејчеслав Поповски во Македонска филхармонија.  Концертот ќе биде збогатен со настапот на Acies Quartett – културни амбасадори на Австрија, Рихард Рикон – реномиран пијанист од Словачка, и Елена Васова – гостин-сопран. Вејчеслав Поповски […]

Чешка вечер на „Охридско лето“ со пијанистот Лукаш Вондрачек


На програмата на „Охридско лето“ вечерва е солистичкиот концерт на чешкиот пијанист Лукаш Вондрачек. Вондрачек е неприкосновент победник и носител на наградата Гран при на Меѓународниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2016 година. Тој повеќе од две децении патува низ светот настапувајќи со најпознатите светски оркестри. Меѓу нив, оркестрите во Филаделфија, Бостон, Кливленд, Чикаго, Балтимор, Лос […]

Музичка магија со Гершвин, Бернштајн и Имери на Антички: Се бараше карта повеќе за отварањето на 65. „Охридско лето“


Културната елита од земјата и регионот, дотерана по последна мода, во штикли и во патики, синоќа, на отварањето на 65. „Охридско лето“ доживеа „трансформација на сетилата“, во вистинска смисла на зборот. Публиката од сите генерации, која до последно место го исполни Антички театар, доживеа музичка, визуелна и душевна еуфорија. Виртуозните настапи на американската пијанистка Клер […]

Здравко Стојмиров со уште една награда Актерот на Европа


Со доделување на наградите, во Сарајот во Ресен заврши 23-то издание на Интернационалниот театарски фестивал ,,Актерот на Европа“. Според одлуката на жирито во состав: Гоце Ристовски, претседател, Трајче Кацаров и Елена Трајковска, членови, наградата Актер на Европа за годишно остварување му беше доделена на македонскиот актер Здравко Стојмиров, за неговата изведба на претставата „Фетишист” по […]

Од вечерва сите патишта водат кон Антички – под мотото „Трансформација на сетилата“ почнува 65. „Охридско лето“


Со „Пајдушко“ на Дамир Имери, „Симфониски танци од „Приказна од западната страна“ на Бернштајн и  „Рапсодија во сино“ на Гершвин, вечерва, во 21 часот, на Антички ќе се отвори годинешното издание на „Охридско лето“.  Директорот Ѓорѓи Цуцковски, за годинава, за 65.јубилеј, најавува визуелен-музички спектакл на Антички театар, зашто уметноста, освен аудио, е и визуелна. „Годинава, […]

„Кога застанавме пред скопскиот Аквадукт, знаевме дека тоа е местото за нашата Копакабана: Манчевски почнува да го снима својот осми филм


Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима својот осми филм, „Збогум, Копакабано“ (работен наслов „Биста“), проект чија реализација чекаше речиси три години. Како и во сите филмови на Манчевски и тука, покрај емотивниот уметнички аспект (темата на сестринска љубов), се истражуваат и општествено релевантни теми – самотија, сиромаштија, корупција, ментални […]

Лазар Ристовски добитник на наградата „Мето Јовановски“ на фестивалот „Преку езерото“


Четвртото издание на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ ќе се одржи од 7-12 август во Дојран. -По втор пат ова година ќе ја доделиме наградата „Мето Јовановски“ за високо актерско достигнување во уметноста на филмот, на актер од Балканот и Медитеранот. Лауреат на фестивалот ќе биде големиот балкански, српски и македонски актер […]