Изложба „Патот на фреската“ во „Лапидариум“


Во Музејско–културниотцентар „Лапидариум“ вечер ќе се отвори изложбата „Патот на фреската“ од авторите Ангелина Спировска и Владо Мукоски. На изложбата, во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, авторите ќе се претстават со 17 дела изработени во текот на оваа година. -Ангелина Спировска и Владо Муковски се академски […]

„Лов на дива свиња“ – македонско-црногорска премиера во МНТ


На малата сцена во Македонскиот народен театар вечер од 20.30 часот во рамки на фестивалот „Скопско лето“ премиерно ќе биде изведена претставата „Лов на дива свиња“ – македонско-црногорски проект што тематизира семејно насилство. Авторка на текстот е црногорската писателка Марија Сарап, а режисер е Наташа Поплавска. Претставата е копродукција помеѓу МНТ, Градско позориште од Подгорица […]

Нематеријалното културно наследство впишано во УНЕСКО во фокусот на летната програма на македонскиот КИЦ во Загреб


 Македонскиот КИЦ во Загреб во соработка со „Меѓународна смотра на фолклорот” – најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц, во рамки на официјалната програма од неговото 59. издание денеска со трибина и концерти ќе одбележи десет години од впишувањетo на „Гласоечкото пеење Долни Полог” на Ургентната листа на УНЕСКО. Македонскиот КИЦ во Загреб соопшти […]

Книжевен портрет на Славе Ѓорѓо Димоски во Македонскиот КИЦ во Софија


На 21 јули (понеделник) 2025 , во 18:30 часот во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи вечерта посветена на литературното дело на македонскиот поет и есеист Славе Ѓорѓо Димоски. За книжевниот опус и литературните квалитети на Славе Ѓорѓо Димоски ќе говори проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот КИЦ во Софија. Славе Ѓорѓо […]

Љутков од Рим: Културното наследство да стане двигател на одржлив туризам


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, учествува на првиот министерски форум „Поврзување на дестинациите: Италија – Балкан туристички форум“ („Bridging Destinations: Italy – The Balkans Tourism Forum“), што денеска се одржува во Рим, Италија. На форумот, на кој учествуваат министри за туризам од Албанија, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција,  Црна Гора и од Македонија, како и […]

Охрид ја виде претставата што ја обедини елитата на македонското глумиште: Овации за „12“ на Антички


Маестрална театарска игра на „Охридско лето“ донесоа синоќа извонредните актери на МНТ играјќи ја претставата „12“  работена по мотивите на теледрамата „12 гневни луѓе“ од Реџиналд Роуз, адаптирана  на денешницата од  режисерот Синиша Ефтимов.„12“ беше прогласена за најдобра претстава на годинашниов 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, во Прилеп и се уште влезниците за неа […]

„Бекет е со нас“: Групна изложба во МСУ


      Оставината на Семјуел Бекет (1906–1989) претставува длабоко нурнување во суштината на човековото постоење. Неговите зборови и описи го издигнуваат секојдневието од баналноста, откривајќи му ги длабочините на времето и просторот. Неговите записи, романи и драми одекнуваат низ искуствата што ги формираа современата визуелна уметност. Во тие слоевити дела се испреплетуваат алузии и […]

Романот „Столб што пее“ од Томислав Османли објaвен и во Србија


          Деновиве во Србија од печат излезе антивоениот роман „Столб што пее“ на македонскиот писател Томислав Османли. Во превод на српски, реализиран од Сашо Огненовски, овој македонски роман го објави реномираното книгоиздателство „Агора“ од Нови Сад.         Оригиналното, македонско  издание на „Столб што пее“, пред три години го понуди книгоиздателтвото „ВиГ Зеница“ […]

Промоција на книгата „Rock N’ Beat“ и концерт со хаус музика вечер на „Скопско лето“


Промоција на книга и концерт се на програмата денеска на 46. фестивал „Скопско лето“. На платото пред музичкиот салон „Do Re Mi“, напладне ќе биде промовирана книгата „Rock N’ Beat“ од Михајло Грбевски – Мишко. Изданието ќе го претстават новинарите Тони Димков и Ненад Георгиевски, а настап на настанот ќе има Јаков Дренковски. Од 21 […]

Литванска вечер на „Охридско лето“ со пијано дуото Зубовас и Девејките – Зубовиене и Уметничка изложба на дела на Микалојус Контантинас Чиурлионис


Седмиот ден од годинешната програма на Фестивалот „Охридско лето“ резервиран за Литванска вечер на музика и уметност со концерт на пијано дуото Рокас Зубовас и Соната Девејките – Зубовиене, како и Уметничката изложба на репродукции на слики од Микалојус Контантинас Чиурлионис. Пијанистите Соната Девеикуте-Зубовиене и Рокас Зубовас започнуваат да настапуваат заедно во 1997 година. Обајцата […]

Синдикатот на културата за новиот директор на Националната галерија: Културата не е квота


Именувањето на уметникот од Гостивар, Али Синани, кој изминативе 25 години живее и работи во Швајцарија, за нов директор на Националната галерија, предизвика револт меѓу вработените, но и партиски препукувања меѓу ВМРО и опозициската СДСМ за партизација на културата.  „Избраниот кандидат, по професија ликовен уметник, пред се нема никакво непосредно професионално искуство во музејската дејност […]

Никола Ристановски се закити со „Златна арена“ на фестивалот во Пула


На пр­ве­не­цот на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар, Ни­ко­ла Ри­ста­нов­ски, на пре­стиж­ни­от Филм­ски фе­сти­вал во Пу­ла му бе­ше вра­че­на пре­стиж­на­та на­гра­да „Злат­на аре­на“ за спо­ред­на ма­шка уло­га во фил­мот „Ме­ѓу бо­го­ви­те“ во ре­жи­ја на Вук Ршу­мо­виќ. За исти­от филм со „Злат­на аре­на“ за глав­на жен­ска уло­га се за­ки­ти и не­го­ва­та парт­нер­ка во фил­мот, Фе­ре­штех Хо­се­и­ни. Ка­ко што […]

Австриска вечер на „Охридско лето“ со гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук


  Возбудливо уметничко доживување приредија членовите на гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук, настапувајќи на Австриската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Публиката уживаше во извонредната изведба на виолинистите Сузан Мерт-Томази и Андреј Јаблоков, на виолистката Елеонора де Пои, виолончелистот Леонардо Сесена, како и на контрабасистот Драган Трајковски кој е по потекло од Македонија […]

Почина актерот Чедомир Петровиќ, синот на легендарниот Чкаља


Српскиот актер, режисер и сценарист Чедомир Петровиќ (1949-2025) почина на 76-годишна возраст, во Белград, објави неговата ќерка, актерката Јована Петровиќ за „Блиц“. Петровиќ дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во 1973 година, а глумел во Народниот театар, Ателје 212 и Југословенскиот драмски театар. На телевизија се појавил во сериите  “Позориште у кући”, […]

Нематеријалното културно наследство впишано во УНЕСКО во фокусот на летната програма на македонскиот КИЦ во Загреб


Македонскиот КИЦ во Загреб во соработка со најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц ,,Меѓународна смотра на фолклорот” во рамките на официјалната програма на 59. Издание на Фестивалот во сабота 19. јули, со трибина и концерти ќе го одбележи јубилејот 10. години од впишувањеto на “Гласоечкото пеење Долни Полог” на Ургентната листа на УНЕСКО. Трибината […]

Зоран Кардула со нова самостојна изложба „Flora Imaginarium” во НОБ


Во петок, на 18 јули со почеток од 20 часот, во фоајето на Националната опера и балет (НОБ) ќе се отвори изложбата „Flora Imaginarium” на познатиот македонски уметник и графички дизајнер Зоран Кардула. Оваа изложба е резултат на двегодишна работа на проект поврзан со еден македонски бренд, при што Кардула создаде серија уникатни дела инспирирани […]

Проекција на македонскиот филм „Исцелител“ на летното кино во Сити мол


Во рамки на програмата „Филм во фокус“, вечерва, во Сити мол на „Rooftop open air cinema“, ќе се одржи проекција на македонскиот филм „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески. Како што стои во соопштението, на настанот ќе присуствува дел од филмската екипа, која по проекцијата на филмот заедно со режисерот ќе одржат интерактивна „Q&A“ сесија […]

Театарската претстава „12“ на МНТ вечерва на „Охридско лето“


Драмската програма на годинешното издание на „Охридско лето“ продолжува со вечерашната театарска претстава „12“, според мотиви на текстот „12 Гневни мажи“ од Реџиналд Роуз, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје. „Живееме во лудa доба. Нон-стоп. Имаме високо мислење за себе и за околината, но во суштина сме небитни. Времето немилосрдно нѐ гази, историјата […]

Врие во Националната галерија: Се бара итно поништување на одлуката за избор на директор


Вработените во Националната галерија на Република Северна Македонија, со соопштение до јавноста, го изразуваат најостро своето несогласување со одлуката за именување директор на институцијата. Јавно бараат преиспитување и итно поништување на одлуката за избор на Али Синани за директор. Националната галерија претпладнево на својата фејсбук страна објави дека уметникот Али Синани е нов директор. Тој […]

„Лов на дива свиња“ – македонско-црногорска премиера в сабота во МНТ


Во рамки на „Скопско лето“, в сабота на малата сцена на Македонскиот народен театар премиерно ќе биде изведена претставата „Лов на дива свиња“ по текст на црногорската писателка Марија Сарап, во режија на Наташа Поплавска.  Претставата е копродукција помеѓу МНТ, Градско позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ […]