Кога детската уметност добива сцена – Комерцијална банка и оваа година со „Битолино“


Во август Битола традиционално станува сцена на детската уметност, љубопитност и бескрајна креативност. Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ и оваа година ќе ги донесе најдобрите детски претстави од целиот свет пред домашната публика. Под мотото „Театарот го менува светот“ од 3 до 7 август во НУ Центар за култура во Битола ќе се одржи 14. […]

Завршена санацијата на Музејскиот комплекс „Куќата на Робевци“ во Охрид – од под до обезбедување


Завршија активностите за санација и реставрација на Куќата на Робевци во Охрид, еден од најзначајните и најпрезезентативни објекти од старата градска архитектура. Со средства обезбедени од Охридскиот Завод и музеј и ресорното Министерство за култура изминатите месеци беа спроведени обемни зафати на објектот,  градежни интервенции на фасадите и на крововите, како на самата куќа така […]

Охрид пред Скопје ги слушна „Четирите годишни времиња“ на Вивалди и Пјацола во изведба на Камерниот оркестар на МММ


  Восхитувачка интерпретација и музичка префинетост покажаа професионалните млади инструменталисти од Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“  музицирајќи вчеравечер на „Охридско лето“. Концертот традиционално се одржува секоја година на фестивалот  во црквата „Света Софија“ , овојпат се одвиваше под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ кој има богато професионално портфолио. Ова не […]

„Скопско лето“ ќе се затвори со Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“


Четириесет и шестото издание на фестивалот „Скопско лето“ свечено ќе се затвори со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“. Ќе почне вечер во 20:30 часот во „Сули ан“, информираат организаторите на настанот. – Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ е основан пред повеќе […]

Хрватска вечер на „Охридско лето“ со ансамблот „Хрватски солисти“


Музичката  програма на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концертот на Ансамблот „Загрепски солисти“. „Загрепски солисти“ е формиран во 1953 година како дел од тогашното Радио Загреб под уметничко водство на познатиот виолончелист Антониј Јанигро.  Повеќе од седум децении под водство на познатите виолинисти како концерт-мајстори на ансамблот – Драгутин Хрѓок, Тонко Ниниќ, Анѓелко Крпан […]

Ја компонирал музиката за„Кралот лав“ и „Темниот витез“. За еден филм  Ханс Зимер не очекувал да стане блокбастер


Нешто магично се случува кога ќе се појави музика од Ханс Зимер. Од емотивните теми на The Lion King, Inception и Gladiator до возбудливите звуци на  Pirates of the Caribbean, Interstellar и трилогијата  The Dark Knight , композициите на Цимер не само што ја придружуваат приказната – тие ја дефинираат. Но, и покрај тоа што има постигнато повеќе од […]

Филмот „Отецот наш” на Горан Станковиќ со светска премиера на 50. Филмски фестивал во Торонто


Дебитанскиот игран филм на режисерот-сценарист Горан Станковиќ, снимен во копродукција со Македонската филмска продукција „Дрим фектори“ (Огнен Антов, Стојан Вујичиќ), ќе ја има својата светска премиера во програмата „Дискавери“ на Интернационалниот филмски фестивал од А-класа во Торонто, Канада, којшто ќе се одржи во септември, соопштија продуцентите. -Регионалната соработка е од клучно значење за нашите земји […]

Аплаузи за Брамс, Шуберт и Бетовен со виолинистот Имеров и пијанистот Папиан на „Охридско лето“


Репертоарот на класична музика на „Охридско лето“ вчеравечер  продолжи со концерт на македонскиот виолинист Емир Имеров и израелскиот пијанист Ваг Папиан. Извонредните музичари ноќта ја започнаа со „Скерцо“ од Јоханес Брамс, а ја продолжија со композицијата „Фантазија во C-dur D934“ од Франц Шуберт. Репертоарот беше заокружен со  прекрасна изведба на Бетовеновата „Соната  бр.9 A-durоп.47 „Кројцер“. […]

Стелан Скарсгард e добитник на „Почесното Срце на Сараево“ на 31. Сараевски филмски фестивал


Како признание за исклучителниот придонес во филмската индустрија и извонредната актерска кариера, на актерот Стелан Скарсгард ќе му биде доделено Почесното Срце на Сараево на 31. Сараевски филмски фестивал кој ќе се одржи од 15 до 22 август година. Меѓу досегашните добитници на „Почесно срце на Сараево“ се и мексиканскиот режисер, продуцент и сценарист Алехандро […]

Камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски- Ѓумар“ вечерва на „Охридско лето“


Музичката програма на годинешното 65. издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од […]

Концертот на Дамјан Пејчиноски на 31 јули  од „Света Софија“  се сели во Центарот за култура „Григор Прличев“


Поради најавите за лошите временски услови во наредните денови проследени со краткотрајни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер концертот на Дамјан Пејчиноски, кој е на 31 јули  во рамките на музичкиот дел од програмата на „Охридско лето“, наместо во Предворјето на „Света Софија“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со […]

„Скопско лето“ се затвара в среда со Вивалди и Пјацола


Годинешното 46-то издание на фестивалот „Скопско лето“ свечено ќе се затвори со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“, кој ќе се одржи на 30.07.2025г. (среда) со почеток во 20:30 часот, во Сули ан.   Диригент: Иван Еминовиќ   Програма: А. Вивалди – Четири годишни времиња А. Пјацола – Четири годишни времиња   […]

Мултимедијалниот центар со кино-сала и изложбен простор во Ново Лисиче треба да е готов до 2027 година


Во наредниве две, две и пол години Ново Лисиче ќе добие мултифункционален простор, со кино-сала изложбен простор и мултимедијален дел, објект кој треба да послужи најмногу на независната сцена уметници. За таа цел, денеска министерот за култура Зоран Љутков и в.д. градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески потпишаа договор и најавија дека центарот ќе биде […]

Две нови фестивалски селекции во Италија за „Јон Вардар“


Македонскиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува со успешното фестивалско патешествие, со две нови селекции во Италија. Филмот ќе биде прикажан во главната програма на Ariano International Film Festival, каде што ќе има прајм-тајм проекција овој вторник, 29 јули, како и на International Tour Film Festival во Рим, во текот на октомври. Двата […]

Дуото Емир Имеров на виолина и Ваг Папијан на пијано вечерва на „Охридско лето“


Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на уметниците Емир Имеров од Република Северна Македонија на виолина во пијано придружба на Ваг Папиан од Израел. Емир Имеров е роден во Скопје, а живее во Германија од 1991 година. Студира на Музичката академија во Вурцбург со професорот Г. Жислин во чија класа дипломира […]

„Косонанс“ воодушеви со изведбата на македонски автори на „Охридско лето“


Камерниот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ синоќа се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“. Извонредните уметници, флејтистката Елена Дојчинова, Маја Чанаќевиќ која свири на англиски рог, кларинетистот Здравко Ангелов, Сашо Темелковски на бас-кларинет и  Дарко Илиевски на хармоника кои се и професионални музичари во Македонската филхармонија, ја збогатија фестивалската програма на класична музика со […]

Нашиот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ вечерва на „Охридско лето“


На програмата на „Охридско лето“ вечерва е одржина од музичкиот дел, со концертот „Мозаик“ на македонскиот ансамбл „Консонанс“ и уметниците Елена Дојчинова на флејта, Маја Чанаќевиќ на англиски рог, Здравко Ангелов – кларинет, Сашко Темелкоски – бас кларинет и Дарко Илиевски на хармоника.  Ансамблот „Консонанс“, основан во 2007 година, е истакнат ансамбл кој на своите […]

Заеднички концерт на Ана Руцнер и битолскиот Камерен оркестар на Хераклеја на 30 јули


Регионално познатата хрватска виолончелистка Ана Руцнер на 30 јули за прв пат ќе гостува во Македонија, каде во античкиот локалитет Хераклеја ќе одржи заеднички концерт со битолскиот Камерен оркестар. Од Националната установа Камерен оркестар на Битола,  информираа дека за публиката се подготвува впечатлив настап, со музичко и визуелно доживување, хармонија меѓу традицијата и современото. -Хрватската […]

И американски археолози на античкиот град Градиште крај Битола


На 12 километри од Битола има град од античко време, град кој егзистирал во времето на македонската држава и подоцна во римскиот период. Македонско-американски тим од археолози, предводени од Енгин Насух, советник кустос археолог во НУ Завод и Музеј-Битола и Николас Ангелоф од Универзитетот Поли Хамболт во Арката, Калифорнија, неодамна на локалитетот Градиште-Црнобуки открија и […]

Објавена програмата на 37. Поетска ноќ во Велествово


Шеснаесет поети, музичари и уметници од Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и Македонија ќе настапат на 37. Поетска ноќ во Велестово.  Програмата ќе започне на 15 август во 21 часот во Велестово со поетски портрет на Андреј Ал-Асади, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува интернационаланото поетско читање „Имаго“. Ќе […]