Струмица во знакот на „Астерфест“, лауреат Милчо Манчевски


Јубилејното 20. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“  се одржува  во Струмица од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна и интересна програмска селекција. Oваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот филм е режисерот и сценарист Милчо Манчевски, соопштија организаторите. Физиономијата на „Астерфест“ останува посветена […]

„Кому му е гајле за реалноста“ : Патувачкото кино во Кочани не освести за новото издание во август во Скопје


Живеејќи во свет што катадневно се менува, свет во кој информациите отсекаде извираат и незапирливо течат, станува сè потешко да разликуваме што е вистина, а што не. Така се будиме во реалност што не е лесно ниту да се прифати и во неа да се живее, ниту да се фати со камера. Секој од нас […]

Вилем Дефо се враќа на Филмскиот фестивал во Сараево по 25 години


Сараево – Вилем Дефо ќе го добие почесното срце на Сараево на 31-от Филмски фестивал во Сараево „како признание за неговиот извонреден придонес во уметноста на филмот“. Тој им се придружува на Стелан Скарсгард и Реј Винстон, кои исто така ќе ја добијат почеста на фестивалот оваа година. „Со снимени  над 150 филмови во својата […]

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија


Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, беше награден со престижната награда за најдобра анимација (Best Animation Award) на овогодинешното издание на Ariano International Film Festival, што се одржа во италијанскиот град Аријано Ирпино. -Филмот успеа да нè маѓепса со својата неукротлива креативност, зачудувачки стил и способност да […]

Концерт на Ана Дурловски и Анахит Тер-Татшатјан за роденденот на „Охридско лето“


Роденденот на годинешното 65 издание на „Охридско лето“ ќе биде прославен со концерт на нашата оперска солистка Ана Дурловски, во пијано придружба на пијанистката Анахит Тер-Татшатјан. Сопранистката Ана Дурловски студиите ги завршува на ФМУ – Скопје,  а на оперската сцена дебитира како Лучија од Ламермур во истоимената опера на Доницети во Македонската опера и балет, […]

Љутков од Крушево: Пред 122 години се роди сонот за праведна, демократска и народна македонска држава


На ова место, пред точно 122 години, се роди надежта, се роди Републиката, се роди сонот за праведна, демократска и народна македонска држава, парача синоќа од Гумење во Крушево министерот за култура и туризам Зоран Љутков при отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“. На свеченоста на отворањето на која присуствуваа претседателката Гордана Силјановска Давкова, […]

Гитаристот Дамјан Пејчиноски со џез и етно воодушеви на „Охридско лето“


Енергичен и впечатлив настап на „Охридско лето“ имаше еден од најдобрите македонски гитаристи  Дамјан Пејчиноски, кој синоќа беше дел од фестивалската програма заедно со неговиот квинтет, Дејан Милосављевиќ на  ударни инструменти, перкусионистот Зоран Јасгоридовски, Горан Гешовски на бас-гитара и пијанистот Трајче  Станков. Програмата со којашто настапија и ѝ приредија на публиката прекрасна вечер содржеше авторски композиции […]

„Редок пример каде се гради модерен, инклузивен систем“: Турскиот печат за „Охридско лето“


Познатиот новинар Назиф Услу во престижниот турски печат „Театарски весник“ пишува за успесите и историјатот на Фестивалот „Охридско лето“ кој 65 години е успешна фестивалска сцена на која има уметници од целиот свет како и за квалитетната програма на годинешното јубилејно издание. Посебно воодушевен од условите и самата организација на Фестивалот но и од гостопримството […]

Националниот џез оркестар го донесе страствениот звук на биг бендот и магијата на фадо-звукот на „Сплитско лето“


Под ѕвезденото небо над Сплит, на древниот Перистил, вечерта на 30 јули, Националниот џез оркестар, заедно со извонредната Марија Мендеш и под диригентската палка на маестро Владимир Николов, создаде музичко доживување што допре до срцата на сите присутни.     Просторот, исполнет до последно место, одекнуваше во ритамот на современиот џез, вешто испреплетен со таинствената […]

„Balkan song No.11“ : Виолинистката Пламенка Трајковска со нов сингл во чест на Илинден


Македонската виолинистка Пламенка Трајковска во чест на празникот Илинден, објави нов сингл  насловен„Balkan song No.11“ – интензивна музичка приказна која ќе биде премиерно прикажана со видео спот утре, напладне, на  2 август на нејзиниот YouTube канал. Овој, како што се посочува, изведбен бисер, сниман со гудачки квартет, е вистински музички омаж на балканската традиција, инспириран […]

Ноќно снимање на „Збогум Копакабано“ во режија на Милчо Манчевски (фото)


 Во Старата скопска чаршија во Даут пашин амам, синоќа, се одржа ноќно снимање за филмот „Збогум Копакабано“ во режија на Милчо Манчевски, во продукција на „Банана филм“. На снимањето беа поканети медиумите, кои беа дел од сетот на 15 ден од снимањето на локации низ и во околината на Скопје, и уште толку ќе се […]

Еве кој проект ќе не претставува на Венециското биенале во 2026


Министерството за култура и туризам информира дека стручната комисија во состав: Соња Абаџиева, Ивана Урошевиќ и проф. Симон Шемов, предложи проектот поднесен од Музејот на современата уметност „Пиетa во прекривките на ургентноста“ на авторот Велимир Жерновски да биде официјален претставник на Република Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција во 2026 година. Комисијата ги разгледа сите четири […]

Магичен крај на „Скопско лето“ со Вивалди, Пјацола и едно изненадување 


Восхитувачка интерпретација и музичка префинетост покажаа професионалните млади инструменталисти од Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“,  музицирајќи синоќа (по настапот на „Охридско лето“) во преполниот Сули ан, за затворањето на „ Скопско лето“, под диригентската палка на искусниот Иван Еминовиќ. Убав свет се собра ( и покрај вревата кај портата од туристи […]

„Загрепските солисти“ со импресивен уметнички сензибилитет на „Охридско лето“


Вчерашниот концерт во рамки на програмата на класична музика на фестивалот „Охридско лето“, исто како и претходните на репертоарот, ја воодушеви публиката. Во црквата „Света Софија“ настапи ансамблот „Загрепски солисти“ кој приреди прекрасно музичко доживување за слушателите кои, пак, ги наградија хрватските уметници со стоечки овации. Цели седум децении  успешна работа на ансамблот во голема […]

Целовечерен концерт на Дамјан Пејчиновски на „Охридско лето“


Посебно музичко доживување на годинашното издание на „Охридско лето“ ќе донесе вечерашниот концерт на охридскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиновски, во придружба на Дејан Милосављевиќ на ударни инструменти, перкусионистот Зоран Јасгоридовски,  Горан Гешовски на бас-гитара и Гордан Спасовски на пијано.  Дамјан Пејчиноски, роден во 1984 година во Охрид, е македонски гитарист, кој свири електрична и […]

Концерт под ѕвездите на Хераклеја: Фузија од музика и дожд со Ана Руцнер и Камерниот оркестар од Битола


Светски познатата виолончелистка Ана Руцнер од Хрватска во придружба на битолскиот Камерен оркестар, синоќа во амфитеатарот на Хераклеја Линкестис одржа спектакуларен концерт. На првиот настап во земјава, Руцнер како специјална гостинка на Камерниот оркестар на Битола, на концертот насловен „Flowers Symphony“, го презентираше својот талент, хармонија со публиката и исклучително впечатливиот сценски настап. На концертот […]

Нема политички договор со Вреди за назначувањето на директори на национални институции, тврди Љутков


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков негира дека е политички договор со коалицискиот партнер Вреди назначувањето на Али Синани за директор на Националната галерија на Македонија (НГМ) и на Мустафа Имери, за нов директор на Македонска филхармонија, за што реагираа вработени во институциите. -Имавме четири кандидати, сите ги исполнуваа условите, но тројца имаа иста […]

Љутков не ја враќа титулата Национален уметник ?


Засега не, но не велам дека нема, одговори денес министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на новинарско прашање, дали ќе се врати титулата Национален уметник која се доделуваше од 2011 , кога министерка беше Елизабета Канческа-Милевска, и која беше укината во исто време кога беа намалени националните пензии, во 2018 година, кога министер беше […]

Доцниме две години, правиме сѐ Скопје да не ја изгуби титулата за Град на културата во Европа за 2028, вели Љутков


На програмата со која Скопје ја доби титулата за европска престолнина на културата во 2028, која ја дели заедно со Ческе Будјејовице во Чешка и Бурж во Франција, Град Скопје, како носител на проектот, работи, а формирано е и Координативно тело од 13 членови кои одржаа веќе неколку состаноци, брифираше денес, министерот за култура и […]

Љутков очекува Универзална сала да биде реновирана до крајот на 2027


Запрашан до каде е постапката за Универзалната сала во Скопје и кога можеме да очекуваме таа да биде целосно санирана и пуштена во употреба, министерот за култура, Зоран Љутков денес ги брифираше медиумите дека пред две недели поднел информација на седница на Влада за постапките. Вели дека се завршени сите заклучоци и сите процеси кои […]