Со „Бардо“ и „Само на земјата“ ќе се отвори 16. издание на „Македокс“


Отворањето на 16. „Македокс“ ќе се одржи вечер со почеток од 20:30 часот во „Куршумли-ан“. На програмата се краткиот документарен филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот документарен филм „Само на земјата“ на Робин Петре, информираат организаторите на настанот. – Филмот „Бардо“ носи длабок здив со искуства што навлегуваат уште подлабоко и темна […]

Актерите од „Диџеј Ахмет“ на црвениот килим во Сараево: Голем успех на македонската кинематографија


„Диџеј Ахмет“, дебито на режисерот Ѓеорги М. Унковски, синоќа,  имаше регионална премиера во конкуренцијата за наградата Срцето на Сараево на 31. Сараевски филмски фестивал (15-22 август). На црвениот тепих на најпрестижниот филмски фестивал во регионот и пошироко, зачекори дел од екипата на филмот. Тие отпосле ставија и свои потписи на нивните портрети во фоајето на […]

Зошто локалитетот Скупи потона во заборав?


Потпишувањето на  Меморандумот на Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт за истражување, вчера, го врати од заборав римскиот град Скупи, едно од најзначајните археолошки места во Македонија, лоциран на падините на Зајчев Рид и оддалечен одвај пет километри од центарот на Скопје. Локалитетот, дотогаш запуштен, со густа вегетација, диви животни и отпад, […]

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја


НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата. Целта на потпишувањето на Меморандумот е  интензивирање на соработката помеѓу фестивалите, како и отворање простор за реализација на заеднички проекти и програми, размена на проекти, програми и искуства, како и зајакнување на културната соработка помеѓу земјите потписнички. […]

„Сиљан“: Тамара Котевска со приказна за штрковите во Венеција и во Торонто


Англискиот дистрибутерски гигант „Dogwoof“ од Лондон ги откупил светските права за интернационална продажба на „Сиљан“ [The Tale of Silyan] – најновиот документарен филм на Тамара Котевска. „Dogwoof“ е компанија позната по современи документарци со Оскар и BAFTA номинации, а ова е нивна втора соработка со Котевска по успехот со „Медена земја“. Вклучувањето на „Dogwoof“ е […]

„Моушн трио“ како Паганини и Металика: Полски уметници го затворија музичкиот репертоар на 65. „Охридско лето“


Репертоарот на класична музика на годинешното 65.издание на фестивалот „Охридско лето“ синоќа беше заокружен со концерт на извонредните уметници на хармоника од „Моушн трио“ од Полска.  Нивниот настап во црквата „Света Софија“ се одржа во рамките на традиционалната Полска вечер што секоја година се одржува на фестивалот.Вечерта ја отвори полскиот амбасадор во земјава, Мариуш Бримора. […]

„Антево Перо“ за 2025 за стихозбирката „Ние сме Ева“ од Оливера Андоноска


 Стихозбирката „Ние сме Ева“ од Оливера Андоноска е наградена со „Антево Перо“ за 2025 година. Одлуката едногласно ја донесе жири-комисијата за доделување на наградата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател) и д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови). Наградата „Антево перо“ ќе озвоможи печатење на наградената стихозбирка во специјалната едиција на наградени автори. […]

Продолжуваат археолошките истражувања на Врбјанска Чука


Годинава се изведува десеттата археолошка кампања на локалитетот Врбјанска Чука, која е резултат на континуираната соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Прилеп. Целта на ова мултидисциплинaрно истражување, во кое се вклучени и бројни европски институции, е темелно разбирање на неолитската населба на локалитетот и неговото подоцнежно функционирање во антиката […]

Книжевна вечер со Капка Касабова


Книжевна средба со Капка Касабова ќе се одржи вечер во кафе-книжарницата „Буква“. Низ разговор со авторката, творештвото на Касабова, со фокус на двете книги преведени на македонски јазик, „Кон езерото“ и „Граница“, ќе го претстават Ана Витанова Рингачева и Александар Маџаровски, а за преведувачките предизвици на нејзините дела ќе зборува Бранислав Мирчевски. Организатор на книжевната […]

Европска премиера на претставата „Приказната на Електра“ за затворање на „Охридско лето“


 Годинешното јубилејно 65. издание на Фестивалот „Охридско лето“ ќе  биде затворено со европската премиера на театарската претстава „Приказната на Електра“, работена според текст на Сашо Димовски, режија на Дејан Пројковски, во копродукциска изведба на Театарска асоцијација на Јужна Кореја, АРТЕМА – Театарска лабораторија и Националната установа „Охридско лето“. Во описот за претставата се наведува дека […]

Министерството за култура  комплетно ги презеде ингеренциите околу изградбата на Универзална


 Изградбата на Универзална сала ќе биде во една фаза, за тоа се обезбедени се 20 милиони евра и се очекува нејзино отворање до крајот на 2027 година, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, одговарајќи на новинарски прашања при посета на локалитетот Скупи. -Како што најавив уште на почетокот на моето министерување, некаде […]

И Скупи оживеа пред избори: Министерот за култура потпиша Меморандум за соработка со германски археолози


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со делегација од Германскиот археолошки институт од Берлин и претставници од Музејот на град Скопје, денес го посетија археолошкиот локалитет Скупи. Во рамки на настанот беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството и Институтот, како и Договор за соработка меѓу Римско-германската комисија и Музејот на град Скопје. […]

Потпишување Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Германскиот археолошки институт (во живо)


Потпишување Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт од Берлин на Археолошкиот локалитет Скупи.

Полска вечер на „Охридско лето“ со уметниците од хармоникашкото „Моушн трио“


 Музичката програмата на годинашното 65. издание на Фестивалот „Охридско лето“ ќе биде заокружена со концертот на „Моушн трио“ и уметниците Јануш Војтарович, Павел Баранек и Марчин Галажин на хармоника. Полското трио хармоники со името „Моушн трио“ е познато по нивниот специфичен начин на комбинирање на страста која извира од традицијата на музиката од Источна Европа […]

Промоција на стихозбирката „Второ детство“ од Емануела Ковачевска Китановска во Струга


 Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга денеска ќе биде промовирана стихозбирката „Второ детство“ од Емануела Ковачевска Китановска. Авторката е поетеса и студентка на Факултетот за психологија при МИТ Универзитет во Скопје. Ковачевска Китановска е авторка на стихозбирките „Кожена душа“, за која ја освои наградата „Антев часовник“ во 2019 година на манифестацијата „Антево перо“ […]

Љутков од Слоештица: „Меморијалната соба на Петре М. Андреевски не е запоставена, а ракописите се безбедно зачувани“


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска лично се увери дека не е запоставена меморијалната соба на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски, при посетата на Општина Демир Хисар. Тој остврари  средба и со градоначалникот Никола Најдовски, а ги посети и институциите од областа на културата што го обликуваат културниот живот во овој […]

Во Охрид отворена 58. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик


Во Охрид свечено беше отворена 58. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, настан на кој присуствуваше директорката на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик, Менка Андреева.   Школата се организира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, кое и оваа […]

Глаголицата како мост кој обединува низ вековите : Соопштена програмата за 64. Струшки вечери на поезијата


Од 21 до 25 август по 64-ти пат ќе се одржат 64.Струшки вечери на поезијата, а Струга уште еднаш ќе биде центар на светската поетска сцена. Седумдесет поети од земјава и странство, критичари, преведувачи и литературни работници ќе учествуваат на манифестацијата. Покрај лауреатот, словачкиот поет Иван Штрпка, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, полскиот поет […]

Сараево е центар на филмската уметност: Мето Јовановски не ја дочека премиерата на „Павилјон“


Сараево цела недела е центар на филмската уметност. Се случува 31. Сараево филм фестивал, еден од најзначајните филмски гала настани во регионот, по традиција, со холивудски и регионални ѕвезди на црвениот килим.  Со свечена церемонија во Народниот театар во Сараево и светската премиера на босанскохерцеговскиот филм „Павилјон“ од Дино Мустафиќ, базиран на сценарио на Виктор […]

Интересот за славистички студии е опаднат во сите словенски земји, но тие повеќе од нас поддржуваат национални проекти


Триесет македонски слависти ќе учествуваат на 17. Меѓународен славистички конгрес кој од 25 до 30 август ќе се одржува во Париз. Слависти од целиот свет ќе дискутираат за теми од словенските јазици и литература – првпат во несловенска земја од организирањето на светските конгреси кои се одржуваат на пет години. Обврската за подготовка на нашите […]