Јулијана Величковска е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2025
Збирката „Рајсфершулс“ од Јулијана Величковска (1982, Скопје) во издание на ПНВ Публикации, е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик. Одлуката ја донесе жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година во состав: Санде Стојчевски (претседател), Зоран Анчевски (член), Иван Џепароски (член), Лулзим Хазири […]