КОНЦЕРТ НА БЛИКСА БАРГЕЛД И ТЕХО ТЕАРДО: Мрачен и енергичен музички театар на три јазици


Генијалниот фронтмен на берлинскиот индрустријал-бенд „Einstürzende Neubauten“ и некогашен член на „Бед сидс“ на Ник Кејв, Бликса Баргелд и италијанскиот композитор Техо Теардо вчеравечер во Македонската филхармонија го претставија својот втор заеднички албум „Нерисимо“ (Најцрниот). Баргелд и Теардо по три години од нивниот деби-албум „Стил смајлинг“ се вратија со целосно нов материјал и за среќа […]

Филмот „Квадратот“ ја освои наградата за Европски филм на годината


„Квадратот” на шведскиот режисер Рубен Естлунд синоќа беше прогласен за победник на церемонијата за доделувањето на 30-тите Европски филмски награди, кои ги доделува Европската филмска академија. Номинираниот за Оскар филм, кој веќе ја освои Златната палма на фестивалот во Кан оваа година, ги собра наградите за најдобар европски филм на годината, за најдобра европска комедија […]

Претпремиера во Скопје: 14 распродадени проекции за „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“


14 проекции за претпремиерата на филмот „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“  на 13 декември (среда) се распродадени во „Синеплекс“ во Скопје. Откако „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ во 2015 година го освои светот, во новото поглавје сагата продолжува со Реј и нејзиното епско патување заедно со Фин, По и Лук Скајвокер. Осмото продолжение, во […]

Ѓорѓи Нешкоски, актер: Задача ми е да го променам животот на обичниот човек


Бескомпромисното трагање по вистината и ставот дека секогаш на јавноста треба да ѝ биде пласирана вистината, без разлика колку е сурова, го дефинира ликот на новинарот Александар во ТВ-серијата „Инсајдер“ која се емитуваше на ТВ „Телма“. Актерот Ѓорѓи Нешкоски (31), кој ја толкуваше таа улога во првата сезона, вели дека актерството, исто како и новинарството, […]

Претставата „Кожа“ на Скопје танцов театар ќе се изведе во Кина


Како единствен претставник од областа на танцот на Кулурната сезона 2017, Скопје танцовиот театар ќе настапи на „Maritime Silk Road Festival” во НР Кина. Програмата на овој фестивал се одвива низ целата година во повеќе градови во Кина и е дел од проектот „16+1″ помеѓу Кина и земјите на Југоисточна и Централна Европа за 2017 […]

Кичево: Бесплатна теоретска обука за опрема и движење низ планина


Предавања на темите „Основи на движење низ планина” и „Основна планинарска опрема” наменети за почетници и искусни планинари же се одржат на 11 декември на Меѓународниот ден на планината. Настанот е во оргнизација на планинарското еколошко друштво „Ендорфин” од Кичево во соработка со Културниот центар „Кита” исто од Кичево. Покрај предавањата ќе биде проектирана и […]

Алаѓозовски: Актерите сами бараат преместувања, не се работи за нови вработувања


Министерството за култура во овој период добива голем број барања за префрлување актери и вработени во културата од едно место во друго, изјави министерот Роберт Алаѓозовски, нагласувајќи дека не се работи за нови вработувања, ниту за некомпетентни автори или уметници, туку за социјални прашања и барања на самите вработени. Изјавата на министерот е одговор на […]

Филмови на Мите Грозданов во Кинотека


Кинотеката на Македонија од денеска до 13 декември ќе прикажува филмови во кои Мите Грозданов учествувал активно како актер, но и како режисер. Поводот се 50 години професионализам и 63 години аматеризам на пензионираниот доајен на македонското актерство. Вечер ќе биде прикажан филмот „Црно семе“ на Кирил Ценевски, а во наредните денови „Истрел“ на Бранко […]

Одложена претставата „Чолак“ во Драмски театар поради технички причини


Се одложува утрешната изведба на претставата „Чолак“ во режија на Синиша Евтимов која е на редовниот репертоар на Драмскиот театар. Како што соопштија од Драмски, претставата е одложена поради технички причини. В.д. директорот Сашо Тасевски за Независен весник појасни дека претставата се одложува бидејќи сцената им е потребна за подготовката на друга претстава. – Претставата […]

Документарниот филм „Хитлеровиот Холивуд“ ќе се прикажува во македонските киносали


Филмот „Хитлеровиот Холивуд“ режиран од Рудигер Сухсланд ја раскажува приказната за еден од најважните и драматични периоди во историјата на германското кино, во ерата на пропагандата 1933-1945. Домашната публика ќе може да го погледне филмот од 7 декември во киносалите низ Македонија. Филмот го поставува прашањето како овие филмови, вклучувајќи ги и нивните митови, нивните […]

Изложба на Кристина Битракова во Прилеп


Во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ во четврток на 7 декември во 19 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба „Доживување“ од уметницата Кристина Битракова. „Секој од нас дејствувањето на живиот свет околу нас го доживува на различен начин. Обично тоа го правиме со претпазливост, скептицизам или некаква призма т.е. „Доживување“. Меѓутоа, во битието на човекот […]

Концерт на Бликса Баргелд и Тео Теардо во Македонска филхармонија


Бликса Баргелд и Тео Теардо на 9 декември, сабота, во Македонската филхармонија ќе одржат концерт за нивниот нов албум со наслов „Нерисимо“. Баргелд и Теардо по три години од нивниот деби албум „Стил смајлинг“ се враќаат со целосно нов материјал. Често природата на ваквите соработки е врамена во една еднинствена епизода, временски ограничена, но тоа […]

Владимир Четкар ќе настапи на џез-фестивал во Тајланд


Џез-музичарот Владимир Василевски-Четкар на 9-ти и 10 декември ќе одржи два концерта на Thailand Smile Jazz Festival на тајландскиот остров Самуи, кој е меѓу најголемите музички фестивали во тој дел од Азија. За Четкар тоа ќе биде трета турнеја по ред оваа година во Тајланд. Тамошните медиуми македонскиот музичар го издвојуваат како еден од најквалитетните […]

Два документарни филма се реализираат во рамките на „Докуникулци“


Документарните филмови „Поинакви“ и „Поглед во очите“ се реализираат во рамките на проектот „Докуникулци“ на „МакеДокс“. Оваа филмска работилница е доверена на млади учесници со сениорска техничка поддршка од екипата на „МакеДокс“. Се одвиваше во неколку фази за време на Патувачкото кино летово во Порече, како и за време на осмото издание на фестивалот во […]

„Исцелител“ на 17. Фестивал на медитерански филм во Брисел


Филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески вечер ќе биде прикажан на 17. Фестивал на медитерански филм во Брисел. Ќе се натпреварува во официјалната натпреварувачка програма, а утре ќе има и второ прикажување. Фестивалот на медитеранскиот филм во Брисел се одржува секоја година во декември и има компетитивна програма, премиерно прикажани филмови, најдобри филмови и документарци, дискусии, […]

Формирана Фондација „Славко Јаневски“: Ќе продолжи доделувањето на „Роман на годината“


Новинари и уредници од згаснатиот „Утрински весник“ формираа Фондација за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Таа ќе продолжи да ја доделува и долгогодишната награда „Роман на годината“ која ја организираше весникот. Основачи на фондацијата се Бранко Тричковски, Ерол Ризаов, Манчо Митевски, Љупчо Поповски, Ѕвездан Георгиевски и Катерина Богоева, а претседател на Управниот […]

Премиера на претставата „БААЛ“ на Охридскиот театар


Охридскиот народен театар вечерва на матичната сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ премиерно ќе ја изведе претставата „БААЛ“ работена според текст на Бертолд Брехт. Најновата поставка на Охридскиот театар говори за борбата на поединецот со маските на општеството, за битката против лицемерието и лажните морални вредности. Зад режијата за поставката стои потписот на Андреј […]

(ФОТО) Почна снимањето на краткиот игран филм „Сонот за крвта и душата“


Почна снимањето на краткометражниот игран филм „Сонот за крвта и душата” по сценарио на Александар Русјаков и во режија на Игор Алексов, соопшти продукцијата „Квазар филм“. Снимањето ќе трае седум дена на повеќе локации во Скопје. Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Јордан Симонив, Нина Деан и Ана Стојановска. Директор на фотографија е Душан Кардалевски, […]

Истрага за сексуално вознемирување: Метрополитен ја суспендира соработката со диригентот Џејмс Левин


Њујорк, САД – Њујоршката опера Метрополитен вчера објави дека ја суспендира долгогодишната соработка со диригентот Џејмс Левин поради тековната истрага за наводно повеќекратно сексуално злоупотребување. „Господин Левин повеќе нема да биде инволвиран во активностите на Метрополитен, вклучувајќи и диригирање на закажаните перформанси оваа сезона“, изјавија од Метрополитен. Одлуката да се суспендира Левин дојде еден ден […]

Дискусии за Националната галерија на Македонија во пресрет на нејзиниот јубилеј


Во пресрет на 70-годишниот јубилеј од основањето на Уметничката галерија/Национална галерија на Македонија, кој ќе се одбележува во 2018, ќе бидат организирани две дискусии во галеријата Даут-пашин амам – утре и на 12 декември од 19 часот. Како што најави НГМ, дискусиите ќе постават прашања за значењето на уметничката колекција, односот помеѓу традицијата и современоста, […]