Претставата „Разговори во четири очи“ ќе гостува во Бања Лука и Сараево


Макендоскиот народен театар со претставата „Разговори во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ, од авторот Ингмар Бергман, а во адаптација на Тамара Барачков, на 15 декември во 20:00 гостува во Народно позориште Република Српска, Бања Лука. Гостувањето потоа продолжува на 17 декември, на Фестивалот Денови на „Јурислав Корениќ“ во Камерен Театар 55, Сараево. Претставата „Разговори […]

Почина поетесата и новинарка Лилјана Дирјан


Почина поетесата и новинарка Лилјана Дирјан на 64-годишна возраст денеска во Скопје. Дирјан е родена во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Била на студиски престој во Париз како стипендист на француската влада и Фондацијата Губелкијан. За своето творештво е наградена со признанијата „Студенстки збор“ и „Браќа Миладиновци“. Поезијата […]

Буџет за култура 2018: Значително зголемување средства кај драмската дејност


Вкупниот буџет на Министерството за култура за 2018 година е 4.268.497.000 денари (околу 69,4 милиони евра) и е 4,48 проценти поголем од минатата година. Над 92 отсто од средствата во предлог-буџетот се предвидени за финансирање на дејностите од областа на културата, каде што има зголемување од над 200 милиони денари во однос на лани, а […]

Премиера на „Ричард Трети“ во режија на Александар Поповски во Загреб


Претставата „Кралот Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир во режија на Александар Поповски премиерно ќе биде изведена во петок во театарот „Гавела“ во Загреб. Улогата на Ричард Трети ја игра Озрен Грабариќ, а во другите настапуваат Андреј Дојкиќ, Свен Шестак, Мартина Чвек, Дијана Видушин, Ивран Грчиќ, Хрвоје Клобучар, Аница Ковачевиќ и други. Режијата и сценографијата се […]

Алаѓозовски: Формирање албански државен ансамбл во согласност со концептот за едно општество


Проектот за создавање албански државен ансамбл за песни и ора ќе се реализира во наредниот период и за тоа се обезбедени пари во буџетот. Тоа е во согласност со владината програма за унапредување на културата на сите заедници и градење едно општество, изјави за МИА министерот за култура Роберт Алаѓозовски. – Генерално ние ја унапредуваме […]

Мултимедијален концерт на Дарија Андовска и Ана Пандевска


Мултимедијален концерт на кој ќе бидат изведени дела од двете истакнати македонски композиторки Дарија Андовска и Ана Пандевска. Настанот ќе се одржи во камерната сала на Македонската филхармонија во петок во 20 часот. Покрај звукот, концертот ќе биде збогатен и со видео проекција, како и со танцов перформанс, а повеќето од делата се создадени за […]

Награда за Балетот на МОБ на фестивал во Италија


Балетот на Македонската опера и балет ја доби престижната награда „Златна Оревокршачка“ 2017 (Lo Schiaccianoci d’Oro” 2017) на меѓународниот фестивал за танц во Рим. Како што соопшти МОБ, наградата е доделена во категоријата за извонредност на театри во светот и била врачена вчера во театарот „Квирино“ во италијанската престолнина. Во име на Македонската опера и […]

Мартинките се впишаа како светско културно наследство во УНЕСКО


„Културните обичаи поврзани со прославувањето на 1 Mарт – Мартинки“ станаа дел од светското нематеријално културно наследство и се впишаа во репрезентативната листа на УНЕСКО. Ова светско признание Република Македонија, заедно со Република Бугарија, Република Романија и Република Молдавија го доби на 12.состанок на меѓувладиниот Комитет на УНЕСКО, Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство […]

Краткиот филм „Види ја ти неа“ на Горан Столевски во селекција на фестивалите Санденс и Клермон – Феран


Краткометражниот филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски влезе во официјалната програма на најпрестижниот фестивал посветен на краткиот филм кој се одржува во Клермон – Феран во Франција. Овој фестивал е од А – категорија, специјализиран за краток филм, според FIAPF – Интернационалната Федерација на Асоцијации на Филмски Продуценти овластена за категоризација […]

Номинации за „Златен глобус“: Води „The Shape of Water“ на Гилермо де Торо во 7 категории


САД- „The Shape of Water“ на Гилермо де Торо води во номинациите за „Златен глобус“, објавени синоќа во Лос Анџелес. Фантастиката, која зеде и „Златен лав“ во Венеција, ќе се натпреварува во седум категории, меѓу кои за најдобар филм, режија, најдобра актерка (Сали Хокинс), споредна машка улога (Ричард Џенкинс) и женска улога (Октавија Спенсер). „The […]

Мјузиклот „Чикаго“ не е веќе на репертоарот на МНТ


Мјузиклот „Чикаго“ во режија на Наташа Поплавска веќе неколку месеци не е поставен на репертоарот на Македонскиот народен театар. Неговата последна изведба според интернет-страницата на театарот била на 13 март годинава. Како што дознава „Независен весник“, претставата го исполнила предвидениот број на изведби, во случајов 20, кои ги дозволуваше лиценцата. За да може повторно да […]

Холивуд го фали македонскиот филм „Исцелител“: Сакаат англиска верзија со Метју Меконахи или Вуди Харелсон


Македонскиот филм „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески добива многу пофалби од светските филмски критичари. По рецензијата на „Варајати“, филмот го гледаше и Стивен Далтон од „Холивуд репортер“. Тој запишува дека терапевтстката торта од канабис предизвикува ланец на драматични настани во трагикомедичното филмско деби на Ставрески. Понатаму, препорачува дека би било убаво да се направи […]

ДЗС: Зголемен бројот на претстави и посетители во професионалните театри


Вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри во 2016/2017 година е зголемен за 10.3 проценти, а бројот на посетителите е повеќе за 2.1 проценти во однос на 2015/2016 година. На една претстава просечно имало 185 посетители, соопшти денеска Државниот завод за статистика. – Во 2016/2017 година во однос на периодот 2015/2016 година, бројот на […]

Лузер фест: Скопскиот бенд „Conspiracy“ е годинашен победник


Младиот скопски бенд „Conspiracy“ е годинашниот победник на Лузер фест, настан посветен на промоција на новите музички артисти кој во организација на Таксират се одржа викендов во МКЦ. „Conspiracy“ во денешниот состав постои од 2016-та година, а станува збор за вистински вљубеници во треш метал звукот, кои со својата музика сакаат да придонесат за враќањето […]

Конференција на „МакеДокс“: Аудиовизуелно обрзование – иднина или сегашност


Денешните ученици растат во дигитален свет, комуницираат на интернет и информациите ги примаат со сите сетила. Затоа сакаат и наставните содржини да им бидат визуелно презентирани или преку нови и креативни документарци поврзани со темите што ги учат. Тројца средношколци тоа го порачаа на отворањето на меѓународната конференција „Аудиовизуелно обрзование – иднина или сегашност“ која […]

Изложба на уметничка фотографија на Душан Доцевски


Изложба на уметничка фотографија на Душан Доцевски ќе се отвори на 14 декември, четврток, во изложбениот салон во Центар за култура Куманово. Настанот е во оганизацијана НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово, а финансирана и поддржана од Министерство за култура на Република Македонија. Изложбата же биде отворена во 19:30 часот.

Традиционален новогодишен концерт на Градскиот дувачки оркестар во МКЦ


Традиционалниот новогодишен концерт на Градскиот дувачки оркестар ќе се оддржи на 12 декември, вторник, во Дансинг салата на МКЦ Скопје. Почетокот на концертот е закажан за 19:00, влезот е слободен. Во продолжение и програмата за концертот: Marcsh – Х. Еминовиќ Proletni zvuci – J.Strauss ABBA Gold – arr. Ron Sebregts Smoke – J.Kern arr. Х. […]

Кумановски уметници ќе изложуваат во Кавадарци


Во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде отворена изложбата „Скици 2017“ на која со свои дела ќе се претстават повеќе автори од Куманово. Изложбата ќе биде отворена на 12 декември, вторник, во 19 часот. За изложбата Роберт Цветковски, историчар на уметноста од Куманово меѓу другото ќе напише: „Своето седмо […]

Предновогодишен концерт во Филхармонија: Драга, надвор студи


И додека надвор студи, Здружение на џез музичари и слободни уметници, ЗЏМ Скопје, ве поканува на предновогодишен џез концерт под наслов Baby it’s cold outside, кој ќе се одржи на утре (12 декември) во Големата сала на Македонската Филхармонија, во 20 часот. Концертот ќе биде составен од два дела. Првиот дел на концертот го носи […]

Се укинуваат Новогодишниот концерт на МОБ и Божиќниот на Филхармонијата


Се укинуваат Новогодишниот концерт во Македонскатата опера и балет (МОБ) и Божиќниот концерт на Македонската филхармонија, поради неекономичност. На 12 и на 13 јануари, МОБ традиционално ќе го организира гала концертот во чест на празникот Василица.  Филхармонијата ќе го одржи празничниот концерт на 28 декември, под диригентство на Јерухам Шаровски, кој во 1990 година ја […]