„Уна“ на Пројковски најдобра претстава и на фестивалот во Младеновац


Претставата „Уна“ од Стеван Копривица, работена според истоимениот роман од Момо Капор, а во продукција на театарот Звездара, е прогласена за најдобра претстава на годинешниот Фестивал на Театар у једном дејству во Младеновац, според стручното жири и публиката. Жирито, составено од Снежана Стаменковиќ, Љуба Бандовиќ и Егон Савин, со мнозинство гласови заклучи дека „Уна“ во […]

„Се гледаме од другата страна“ : Започнува 24. Синедејс посветен на Дејвид Линч


Под слоганот „Се гледаме од другата страна“ под 3 до 10 декември се случува 24 CINEDAYS – Фестивал на европски филм. Осумте селекции, повеќе од 60 филмови, кои ја одбележаа тековната европската филмска година и врвна работилница „Маркетинг на филм“, се фактографски белег на годинешниот CINEDAYS. „Оваа година публика не ја водиме на филмско патување […]

Со пијанистката Гамазда од Русија завршува фестивалот „Музика од светот“


 Со концерт на пијанистката Гамазда од Русија, вечер во Битола завршува 17. издание на фестивалот „Музија од светот“. Од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот информираа дека светски познатата пијанистка и YouTube сензација Гамазда, својот уникатен стил и виртуозна интерпретација ќе ги презентира во големата сала на битолскиот театар.  -Уметницата Гамазда изгради […]

Годишна изложба на ДЛУМ во Мала станица


Во Националната галерија – објект Мала станица, денеска ќе биде отворена Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Овој традиционален настан претставува неселективна презентација на творештвото на сите членови на ДЛУМ во текот на изминатата година, создавајќи автентичен портрет на актуелната визуелна уметничка сцена. Посетителите ќе имаат можност да видат дела во […]

Спектакл под свеќи: „Профундис“ и Пејчиќ приредија безвремено музичко патување


Спектакл под свеќи исполнет со многу емоции приреди Камерниот оркестар „Профундис“ и младиот виолончелист Петар Пејчиќ преку концертот што вчеравечер го организира НУ „Охридско лето“. Бројната публика што ја исполни големата сала во Македонската филхармонија во Скопје ги награди уметниците со бурни оваации и повеќе бисеви. Безвременото музичко патување насловено „Timeless“ под диригентската палка на […]

Моќна премиера на „Црнила“ во прилепскиот театар


Синоќа на сцената „105“ ансамблот на прилепскиот театар премиерно ја одигра претставата „Црнила“ од Коле Чашуле во режија на Дејан Пројкоски. Претставата остави силен впечаток кај публиката. -Актерите ја донесоа приказната јасно, моќно и искрено, а публиката ја почувствува тежината и актуелноста на темите што ги отвора Чашуле. Големи честитки за целиот тим за трудот, […]

На фестивалот „Музика од светот“ во Битола гостува групата „Коза Мостра“ од Грција


Фестивалот на „Музика од светот“ во Битола продолжува со целовечерен концерт на една од најпопуларните грчки групи „Коза Мостра“ која на публиката во битолскиот Центар за култура ќе и понуди репертоар комбиниран со балканска музичка традиција. Групата „Коза Мостра“ од Солун постои 13 години, како претставник на Грција учествувале на Евровизија, а во 2013 година […]

Волшебниот глас на оперската дива Инва Мула го маѓепса Скопје (фото)


Волшебна вечер исполнета со страст и музичка извнредност синоќа на гала концертот во НОБ, приреди светски познатата оперска дива Инва Мула од Албанија, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на НОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан Прошев. Во предвечерието на божикните и новогодишни празници, публиката […]

Њујорк ја виде премиерата на „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска


Пред преполната сала во IFC (International Film Centre) во Њујорк синоќа се прикажа документарниот филм “Приказната за Силјан” на Тамара Котевска ( корежисерката на „Медена земја“ што доби историски две номинации за Оскар во 2020, за најдобар странски филм и за најдобар документарец,  и со награди на фестивалот „Санденс“) кој доловува една уникатна приказна за […]

Здружението на преведувачи и толкувачи ќе одбележи 15 години постоење


Здружението на преведувачи и толкувачи на Северна Македонија (ЗПРМ) денеска ќе одбележи 15 години постоење и работа во унапредувањето на преведувачката и толкувачката професија во земјава. Во рамките на свеченоста ќе бидат презентирани почетоците на Здружението, најзначајните постигнувања во изминатата деценија и пол и ќе бидат доделени  признанија и  благодарници за придонесот на неговите основачи […]

Македонците во Хрватска ќе одбележат годишнина од „Бели мугри“ на Кочо Рацин


Заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Охридски бисер“ од Загреб денеска во хрватскиот град Самобор ќе органзираат културна манифестација по повод 86-годишнината од објавувањето на стихозбирката „Бели мугри“ на поетот Кочо Рацин. Како што најавија организаторите, ќе бидат положени венци пред бистата на Рацин во Самоборскиот музеј  каде што предавање за неговиот живот […]

Безвременско музичко патување на „Охридско лето“ со „Профундис“ и новата светска ѕвезда Петар Пејчиќ


Во организација на НУ „Охридско лето“ , вечерва, во 20 часот, во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје ќе се одржи концерт со Камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, а како солист ќе настапи виолончелистот Петар Пејчиќ, еден од најголемите таленти на својата генерација. „Концертот насловен како „Timeless“ ќе донесе […]

Штркот Силјан на Тамара Котевска вечерва ќе слета на Менхетен


Вечерва во легендарниот IFC Center во Њујорк ќе се одржи американската премиера на документарниот филм The Tale of Silyan на Тамара Котевска, македонски претставник за Оскар. Публиката на Менхетен ќе има можност да го доживее филмот што веќе започна глобално да освојува, буди љубопитност кај критичарите, а раскажува една оригинална македонска приказна за штркот Силјан. Веднаш […]

Заштитата на културното наследство е почитување на европските вредности, порачаа министрите за култура на ЕУ


Во време на зголемена геополитичка несигурност, културата и културното наследство се од суштинско значење за заштитата на демократијата и почитувањето на европските вредности, порачаа министрите за култура на земјите членки на ЕУ. – Заштитата и промоција на културното наследство на Европа и на културата во сите нејзини форми се клучни фактори во градењето и одржувањето […]

„Хеликон пред микрофон“: Читање антички стихови и современа македонска поезија со одгласи на антиката


Во аулата на Филозофскиот факултет во Скопје денеска во 12 часот ќе се одржи поетскиот настан „Хеликон пред микрофон: читање антички стихови и современа македонска поезија со одгласи на антиката“, во организација на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет. Настанот е дел од серијата настани што Филозофскиот факултет оваа година ги организира по повод […]

Гала концерт во НОБ со светски познатата оперска дива Инва Мула


На сцената на Македонската опера и балет, вечер во 20 часот ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе настапи светски познатата оперска дива Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан Прошев. Инва Мула, сопран е […]

Фестивал на австралиски филм во Кинотека


Краткиот Фестивал на австралиски филм ќе се одржува денеска и утре во Кинотека на Македонија по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Австралија и Македонија. Организатори се Австралиската амбасада во Белград, која ги покрива и Македонија и Црна Гора, заедно со Кинотека на Македонија. Публиката вечер, во 20:00 часот, ќе може да го погледне […]

„Единствената жена во просторијата“ – вистинска приказна за Хеди Ламар, холивудска ѕвезда и генијален ум зад WiFi, GPS и Bluetooth


Познатата холивудска ѕвезда Хеди Ламар, која истовремено била и позната иноваторка, е инспирација за новата книга „Единствената жена во просторијата“ од Мери Бенедикт. Романот на македонски јазик e во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, што ја објави и претходната книга на Бенедикт, бестселерот „Другиот Ајнштајн“. Хеди Ламар, покрај тоа што […]

Промоција на „Дијалози за слободата“ на Љупчо Јолевски


Промоција на книгата „Дијалози за слободата“ во авторство на Љупчо Јолевски ќе се одржи в четврток (27 ноември) во галеријата „Метаноја“, во 19 часот. Настанот ќе го отвори директорката на „Метаноја“, Нада Милкова, а за книгата ќе говорат Коста Милков и Маја Чанкуловска-Михајловска. За своето дело на публиката ќе ѝ се обрати и авторот Љупчо […]

„Сè што ни е заедничко“: новата изложба во МСУ го отвора прашањето за воздухот како политичко поле


На 27 ноември во 20 часот, Музејот на современата уметност – Скопје ќе ја отвори изложбата „Сè што ни е заедничко (Институција која дише)“, кураторски проект на Мира Гаќина и Јованка Попова. Изложбата ја развива идејата за „борбено дишење“ – поим што го опишува воздухот како политичко поле, како простор на отпор, но и како […]