Во македонскиот КИЦ во Софија концерт на квинтетот „СаксКлар“


Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи концерт на квинтетот саксофонисти – „СаксКлар“. Македонските музичари пред софиската публика, преку аранжманите на Нинослав Димов специјално подготвени за овој неконвенционален музички камерен ансамбл, ќе се претстават со исклучителен репертоар, кој вклучува разни музички стилови, и ќе ги задоволат сите сетила и вкусови на љубителите на […]

Доделување на наградата „Пегаз“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман


Свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2025 година и промоцијата на победничкиот роман „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска ќе се одржат на 9 декември (вторник) во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Кон наградата и победничкиот роман ќе се осврнат Иван Додовски (професор, писател, книжевен и театарски критичар) и Бисера Бендевска (уредничка во […]

Премиера на „Анна“ во режија на Нина Николиќ во Театар Комедија


Претставата „Анна“ по текст на Драгана Лукан Николоски, а во режија на Нина Николиќ, ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Театар Комедија во Скопје. Ова е десетта премиера на Театар Комедија за 2025 година.   Ана има сè – углед, стабилност, совршено семејство. Но зад затворените врати се крие една […]

Француска експлозија на овации за „Дон Кихот во Скопје“ во срцето на Париз


Француската премиера на делото „Дон Кихот во Скопје“ од Дијана Имери Илкоска и Дино Имери, изведена на 30 ноември во волшебната париска црква „Petite Etoile“, беше дочекана со бурни овации и ентузијазам што ретко се гледа на концертна сцена. Публиката, видливо воодушевена од моќната интерпретација и од уникатноста на делото, не престануваше да ги враќа […]

Македонскиот јазик и култура на голема врата во образованието во Хрватска


Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска потпиша Решение за изучување на македонски јазик и култура по модел Ц во најголемото подрачното основно училиште „Стрмец“, во градот Св. Недела.  Ова го соопшти Желка Ненадиќ, претставничка од Управата за национални малцинства при Министерството за наука, образование и млади на манифестацијата „Македонскиот јазикот е нашиот […]

Премиера на филмот „Луда љубов” од Жил Лелуш


Во организација на Францускиот институт во Скопје вечерва во кино „Синеплекс – Скопје Сити Мол“ ќе се одржи гала филмска вечер со премиерата на филмот „Луда љубов” (2024) од Жил Лелуш. Настанот свечено ќе го отворат Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје и советник за соработка и култура при Амбасадата на Франција и […]

Со проекција на два филма истовремено вечерва започнува 24. Синедејс


Добитникот на Златната палма на Канскиот фестивал „Тоа беше само несреќа“ во режија на Џафар Панахи и биографискиот документарец „Човек лавина“ за Драгољуб Ѓуриќиќ, првиот тапанар на Леб и сол во режија на Слободанка Радун, вечерва се отвара 24 CINEDAYS Фестивал на европски филм. „Многу вешто го создадовме ова издание на фестивалот, кое ќе нé […]

Филмскиот фестивал во Маракеш ја слави кариерата на Џоди Фостер


Џоди Фостер беше почестена на Филмскиот фестивал во Маракеш, каде што одржа трогателен говор во кој се потсети на своите шест децении во киното. Фестивалот, кој генерира илјадници локални работни места и претставува извор на гордост за мароканскиот народ, е еден од  меѓународните фестивали од тој обем каде проекциите и мастер-класовите се бесплатни и отворени […]

Зимски „МакеДокс“ на „Синедејс“


Фестивалот на креативен документарен филм со настанот „Зимски МакеДокс“ ќе гостува во програмата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, што од 3 до 10 декември ќе се одржи во МКЦ и во Кинотеката. Од 5 до 7 декември, во рамки на програмата на 24. „Синедејс“, ќе биде прикажан избор на долгометражни победници од 16-тото издание на […]

Конкурсот за наградата „Оливера Николова“ ќе биде отворен до 11 јануари 2026


Вториот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади ќе трае до 11 јануари 2026 година. Победникот на наградата востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе биде соопштен на 11 март 2026, на денот на раѓањето на големата македонска писателка Оливера Николова. Право на учество на конкурсот имаат сите полнолетни лица кои ќе […]

Драмски со „Куршуми над Бродвеј“ и „Кармен“ на фестивалот РУТА во Белград


Синоќа во Белград со копродукциската претстава „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ се отвори седмиот театарски фестивал РУТА во организација на Београдско драмско позориште што ќе трае до 6 декември. На свеченото отворање Душан Ковачевиќ, член на бордот на Регионалната унија на театри во […]

ДПМ го отвори конкурсот за годишните награди на ДПМ за 2025


Управниот одбор на ДПМ го отвори конкурсот за традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија за дела објавени во 2025 г.: „Стале Попов“ – за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“ – за најдобра збирка песни, „Ванчо Николески“ – за најдобра книга за деца, „Димитар Митрев“ – за најдобра книга критика или есеистика и […]

„Ритамот на душата, бојата на традицијата“ – „Танец“ ја завршува сезоната со годишен концерт


Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со голема чест и задоволство ја најавува својата кулминација на сезоната-Годишниот концерт-„Ритамот на душата, бојата на традицијата“ Дата: 20.12.2025 Сабота Место: Национална Опера и Балет Време: 19:30 часот Ова е вечер кога сцената ќе оживее со „Ритамот на душата, бојата на традицијата“- мотото под кое се одвива […]

„Мајка“ во декември ќе се прикажува во 230 киносали во Франција


Филмот „Мајка“, најновото остварување на Теона Стругар Митевска, од 3. декември официјално почнува со дистрибуција во Франција. Премиерата во Париз помина со исклучителен интерес. UGC Bercy беше целосно распродаден, а проекцијата во Pathé Convention се одржа со висока посетеност, што го потврдува зрелиот интерес на француската публика. Во рамките на промотивната турнеја, филмот беше претставен […]

Концертниот спектакл „Candlelight“ за првпат во Битола на 6 декември


Илјадници свеќи ќе го осветлат Центарот за култура во Битола на 6 декември, кога ќе се одржи првиот „Candlelight“ концерт во овој град – исклучително музичко и визуелно доживување во изведба на камерниот оркестар Профундис, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. На ова специјално издание како солист ќе настапи Владимир Костов, концерт-мајстор на Македонската […]

Пијано-рецитал на Бобан Мирковски во Филхармонија


Вечерва, 2 декември, во Мала сала на Македонската филхармонија ќе се одржи пијано-рецитал на пијанистот Бобан Мирковски, еден од најистакнатите претставници на новата генерација македонски музичари. Публиката ќе има можност да чуе програма составена од дела на Фредерик Шопен, Камил Сен-Санс и Џорџ Гершвин, трите автори со различни стилови и естетики кои го обликувале развојот […]

За четврток е најавен книжевен настан на годината: Промоција на новиот роман на Венко Андоновски


На 4 декември, на Малата сцена во МНТ, од 19 часот, ќе се одржи промоција на „Александар јава на запад“, новиот роман од Венко Андоновски. По точно 3 години од големиот книжевен спектакл што го одбележа пристигнувањето на „Папокот на светлината“ во Кино „Милениум“, и по големиот успех на оваа книга што досега доби 6 […]

Годишна изложба на дела на Родољуб Анастасов во Музеј на град Скопје


Во галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“, Музеј на град Скопје, вечер со почеток во 19 часот ќе се отвори годишната изложба на дела на Родољуб Анастасов од колекцијата на галерија „Јустина и Родољуб Анастасов“ – 2025, Музеј на град Скопје, соопштија од установата. – Станува збор за презентација на 30-ина дела од најзначајните циклуси на […]

Бужаровска е избрана за една од десетте добитнички на наградата Жена на годината на „Харперс Базар“


Писателката Румена Бужаровска е избрана за една од десетте добитнички на наградата Жена на годината на Harper’s Bazaar, заедно со имиња како Јосипа Лисац, костимографката Бојана Никитовиќ, режисерката Катарина Богдановиќ Кукла и уште низа истакнати жени од регионот кои ја обележаа 2025 година со своите професионални достигнувања. Декемврискиот број на Harper’s Bazaar е целосно посветен на […]

„Денови на независната продукција“ во јануари во Драмски 


Драмски театар Скопје во јануари го продолжува проектот „Денови на независната продукција“. Поддршка на уметниците од независната сцена се реализира со отворање на двете сцени на театарот за изведба на претстави во продукција на независната сцена. Преку Јавен повик објавен на веб страната на Драмски театар и на социјалните мрежи, театарот ги повикува уметниците да […]