Три награди во Никшиќ за претстава по текст на Горан Стефановски


Претставата „Љубовни пози на историјата“ по текст на Горан Стефановски, а во режија на Наташа Поплавска освои три награди на Меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора. Претставата ја игра ансамблот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“. Дибитници се на награда за најдобра епизодна женска улога за Ангела Наумоска за улогата на Госпоѓица, награда за […]

Романот „Бусола“ објавен на македонски јазик


Романот „Бусола“ од францускиот писател Матијас Енар, кој е добитник на наградата „Гонкур“ во 2015 година е објавен на македонски јазик, соопшти издавачката куќа Антолог. Преводот на македонски е на Владо Ефтимов. Во текот на една бессона ноќ во Виена музикологот Франц Ритер ги оживува во своите сеќавања спомените за сопствената универзитетска кариера, за своите […]

Mинистерот за култура Адеми на Светска конференција за туризам и култура во Турција


Од денес  до среда, министерот за култура Асаф Адеми ќе присуствува на  Третата светска конференција за туризам и култура, „За доброто на сите“,  која е во организација на Владата и Министерството за култура и туризам на Република Турција, Светската туристичка организација (UNWTO) и УНЕСКО. На овој настан присуствуваат високи претставници од Светската туристичка организација (UNWTO), […]

Интервју – Ана Софреновиќ, српска актерка: Преку улогата на Зојка се изразувам на повеќе начини


Зојка е жена која не избира средства за да опстане во животот сè додека не дојде моментот кога истото време ќе ја совлада и ќе ја потсети дека ниту еден човек не е поголем од времето во кое живее. Со овие зборови српската актерка Ана Софреновиќ го опишува ликот на Зојка во претставата „Зојкиниот стан“ […]

(Фото) Балетска магија на мраз: Скопје како Санкт Петербург


Скопје една вечер беше Санкт Петербург. Светска метропола која почнува да дише празнична, новогодишна атмосфера, која верува на бајки, која ужива во магии и снег и почитува врвен балет со призвук на спектакл. Синоќа, во Македонската опера и балет, со две претстави на „Заспаната убавица“ од Петар И. Чајковски, малите беа големи, големите беа мали, […]

Министерот Адеми го отвори Фестивалот на современ дански филм во Кинотека


Министерот за култура Асаф Адеми, заедно со постарата советничка во Амбасадата на Кралството Данска во Белград надлежна и за Република Македонија, Мариане Топач, и почесниот конзул на Кралството Данска во нашава земја, Живко Мукаетов, синоќа во Кинотеката на Македонија присуствуваше и се обрати на свеченоста по повод почетокот на манифестацијата „Фестивал на современ дански филм“, […]

Фестивал на современ дански филм во Кинотека


Во Кинотеката на Македонија од  утре ќе се одржува првиот фестивал на дански филмови во Македонија. Филмовите што ќе се прикажуваат беа дел од поголемите европски филмски фестивали како фестивалот во Берлин, Солун, Брисел и Единбург. „Наша цел е да ги прикажеме филмовите со кои се гордееме”, вели Кристијан Јул Лемче, водител на проектот за […]

Запленети повеќе од 30.000 артефакти низ Европа


Повеќе од 30.000 артефакти, меѓу кои и грчка и римска керамика, шлемови, погребни урни, ламби, стрели и копја запленети се во рамките на најновата операција насочена против трговијата со културни добра во Европа, соопшти денеска Европол. Во соопштението се наведува дека помеѓу запленетите артефакти има и оригинали и фалсификати. Артефактите се запленети во рамките на […]

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ одбележува 65 години дејност


Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје денеска ќе отпочне со активностите по повод одбележувањето на јубилејот 65 години од основањето. Од почетоците до денеска, со научно – истражувачката, високо – образовната и издавачката дејност Институтот израсна во респектабилна институција од највисок ранг. Централното одбележување ќе започне во амфитеатарот на Институтот со избрани цитати […]

Претставата „Марија Калас – Час“ во МОБ


На малата сцена во Македонска опера и балет вечерва од 20 часот ќе биде изведена претставата „Марија Калас – Час“ – Теренс Мекнели во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2018. Режијата и преводот е на Урсула Хорнер, костимографија Марија Пупучевска, графички дизајн Марија Ветероска, светло дизајн Васко Лисичов. Во претставата настапуваат Надежда Рубен, Андреја […]

Влада: Се основа нова национална установа „Гостиварски театар“


Владата на Република Македонија на седница одржана на 30 октомври донесе одлука за основање нова национална установа „Гостиварски театар“ во Гостивар. Одлуката е донесена имајќи го предвид мислењето на Министерството за финансии, како и оправданоста за основање нова национална установа. Основањето на нова театарска установа во Гостивар беше една од заложбите на министерот за култура […]

И еден изгледан филм е богатство


Под слоганот „Збогати се преку ноќ“, на 8 ноември во Младинскиот културен центар ќе стартува Меѓународниот фестивал за европски филм „Синедејс“. Како што информираше директорот на МКЦ, Русе Арсов, мотото е инспирирано од тоа што за рок од една година во Скопје се отворени 30 обложувачници, па овие десет филмски дена препорачуваат духовно збогатување. Неформално […]

Јубилејно издание на интернационалниот фестивал „Музика од Светот“ во Битола


НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на интернационалниот фестивал „Музика од Светот“ ја промовира програмата на јубилејното, 10-то издание кое од 16 до 18 ноември ќе се одржува во овој град. Според Маја Илијевски Андоновска, првата деценија на фестивалот „Музика од Светот“ ќе биде во знакот на македонската група „Синтезис“ и неколку групи од […]

Министерство за култура ќе финансира дефицитарни кадри 


Министерството за култура објави конкурс за поддршка на стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни стручни кадри во областа на театарот, музиката, танцот, литературата, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот и заштитата на недвижното, движното и нематеријалното културно наследство за 2019 година. Во конкурсот е наведено дека Министерството за култура ќе обезбеди средства во еднократен износ […]

Веле Смилевски: Не сакам да бидам кандидат за наградата „Книжевно жезло“ на ДПМ


-Замолувам моето име да биде изземено од списокот на кандидати за наградата Книжевно жезло, се вели во писмото на писателот Веле Смилевски до Соња Стојменска-Елзесер, претседателката на Друштвото на писателите на Македонија. Смилевски во писмото вели дека неофицијално бил информиран дека во процесот на одлучување за наградата Книжевно жезло и тој бил на список на […]

Рецензија: „Зое“


Заглавието на рецензијава за „Зое“ во режија на Дрејк Доремус, со Еван МекГрегор, Леа Сејду и Кристина Агилера, е парафраза од филмот на Ридли Скот „Блејд Ранер“ изговорена од преубавата репликантка. Во случајов на оваа продукција, Ридли се јавува како продуцент обработувајќи слична тема. Само тука роботите се наречени синтетични. Според мене, ова е една […]

Целосна заштита на „Чифте-амам“ по штетите од ланските поплави


Вкупно 91.000 американски долари од Амбасадата на САД во Скопје ѝ се доделени во форма на грант на Националната галерија на Македонија. Парите, добиени преку „Амбасадорскиот фонд на САД“, ќе се искористат за санација на оштетувањата од влага, заштита од продор на атмосферска вода, заштита од УВ-зрачење и оградување на културното добро на Чифте амам“. […]

Во МСУ вечерва „Препрочитување на Бергман“


Со проекција на филмот „Седмиот печат”, вечер во Музејот на современата уметност (МСУ) почнува дводневната филмска и видео програма „Препрочитување на Бергман”. Програмата се фокусира на наследството на Бергман во современиот филм, а кураторка е Кумјана Новакова од МСУ. „Преку програмата посветена на Бергман, Музејот на современата уметност Скопје иницира чин на заедничко препрочитување на […]

Еден век од формирањето на Чехословачка: Изложба на дела во Музејот на современа уметност


Во просториите на Музејот на современа уметност денеска во 18 часот ќе биде поставена изложба на тема „Подарени дела од Чехословачка, 100 години од формирањето на Чехословачка“. Во колекцијата се наоѓаат 265 дела од 92 автори од Чехословачка. Изложбата ќе ја отворат амбасадорот на Република Словачка Н.Е. Хенрик Маркуш, амбасадорот на Република Чешка Н.Е. Мирослав […]

91 илјада долари грант од Американците за санирање на Чифте амам


Министерот за култура Асаф Адеми, амбасадорот на САД во РМ Џес Бејли и директорката Дита Старова Керими  утре (31 октомври) во 10:30 часот  во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе се обратат пред присутните по повод потпишувањето на Договорот за грант доделен од Амбасадорскиот фонд за културна заштита на САД за 2018 година. […]