Новогодишен базар на ракотворби во „Континентал“


Утре, од 11 часот, Хотел Континентал ќе биде домаќин на најголемиот Новогодишен базар на ракотворби во Скопје. Веќе втора година по ред, Хотел Континентал е собирното местото на близу 100 вешти и креативни ракотворци кои ќе имаат можност да ги понудат своите уникатни рачни изработки и ќе им овозможат на посетителите бајковито предновогодишно искуство.

Почина актерката Љупка Џундева


Театарската уметност во Македонија денеска загуби уште еден легендарен актер. Почина Љупча Арсова Џундева. Оваа информација ја пренесе Македонски народен театар на својот профил на Фејсбук. „Со голема болка и огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Љупка Арсова Џундева (1934-2018), тивката дама на македонското актерство. Џундева секогаш со гордост истакнуваше дека припаѓа […]

Новогодишен концерт во Скопје : Доаѓа “Vienna Classic Orchestra”


Вечерва, во 20,30 часот во Македонската Филхармонија ќе се случи вистински светски музички настан за паметење, во организација на „Прагма продукција“. За првпат љубителите на класичната музика добиваат можност, во живо да ја почувствуваат музичката магија, која низ светот ја шири единствениот Vienna Classic Orchestra. Vienna Classic Orchestra е основан во 1998 година, кога најзначајните […]

Објавени номинациите за „Златен глобус 2019“: „Vice“ води пред „A Star Is Born“


САД– Номинациите за „Златен глобус 2019“ беа објавени во Лос Анџелес, а доделувањето на наградите е закажано за 6 јануари. „Златниот глобус“ годинава ќе го следат 210 земји од светот и се предвесник за Оскарите. Во продолжение, целата листа на номинации за филм.   Најдобра драма   Black Panther BlacKkKlansman Bohemian Rhapsody If Beale Street […]

Ермис Лафазановски македонски кандидат за „Балканика 2018“


Книгата „Туја“ од реномираниот македонски писател Ермис Лафазановски ќе биде националниот претставник за меѓународната книжевна награда  „Балканика 2018“. На конкурсот, до организаторот, издавачката куќа „Магор“, пристигнаа уште шест книги:  „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља, „Океан од слики (раскази и каприча)“ на Томислав Османли, „Земја на бегалците“ од Кица Барџиева Колбе,  „Диссомнии“ од Игор Станојоски, „Божја честичка“ […]

(Видео + Фото) Календарот „Пирели“ 2019 ги слави успешните (облечени) жени


САД- Од самите почетоци во 1964 година, прочуениот календар на италијанската компанија за гуми, Пирели, ја славеше еротиката, но годинава новиот Пирели 2019 календар е во знакот на прослава на фотографијата сама по себе. Изданието за 2019 ги слави успешните жени кои фотографот Алберт Вотсон ги опишува како остварување на сопствените соништа и страсти. Првичната […]

Изложба на фотографии: Славните портрети на Надар


Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија го најавуваат отворањето на изложбата на најзначајниот француски фотограф во 19 век и татко на современата фотографија, Надар,вечерва, во 20 часот, во Мала станица. Изложбата, која е насловена „Славните портрети на Надар“, официјално ќе ја отворат Дита Старова-Ќерими, директорка на Национална галерија на Македонија, Кристијан Тимоние, […]

Зграда од универзитетот во Кент да го носи името на Горан Стефановски, бараат студентите


Студенти од Универзитетот во Кент, Велика Британија, каде предаваше македонскиот драматург Горан Стефановски, со онлајн петиција побараа една од зградите на универзитетот да го носи името на нивниот професор. „Горан беше неверојатен човек и неверојатен предавач, па дали има подобар начин да му оддадеме чест, од тоа што ќе ја именуваме новата зграда по него“, […]

Почина режисерот Љубиша Георгиевски


Утрово на 81 година почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски. Тој е роден во Битола на 30 мај 1937-та година. На македонската јавност и е познат и како кандидат за претседател во 1994-та година, беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и […]

Промоција на „Припитомувањето на кучката“ на Венко Андоновски


Новата книга на писателот Венко Андоновски „Припитомувањето на кучката“ ќе биде промовирана вечерва во Клуб-ресторанот МКЦ во 19 часот. По извонредниот успех на неговите романи „Папокот на светот“ (15 изданија) и „Вештица“ (9 изданија), како и по успехот на неговите драми, особено „Олово на перница“, „Генетика на кучињата“, „За секого има по една“ и „Господарот […]

Турски театар вечерва со претстава „Среќна нова година“


НУ Турски театар ќе ја изведе претставата ,,Среќна нова година” по мотиви на Даниел Хармс и Дејвид Ајвс во адаптација и режија на Бојан Трифуновски вечерва во 20 часот. Претставата ќе биде изведена на сцената во „Театар Комедија“ и се изведува со титл на македонски јазик. Уметник кој истражува ЗОШТО светот САКА да се самоуништува, […]

Концерт на Македонската филхармонија со славниот виолончелист Даниел Милер-Шот


„Морски бранови“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија што ќе се одржи вечерва во 20 часот, а на кој како солист ќе настапи Даниел Милер-Шот, еден од најславните виолончелисти на новата генерација. Овој амбасадор на музиката на 21 век за македонската публика ќе го изведе Концертот за виолончело и оркестар бр. 1 […]

Повик за млади кореографи за меѓународен натпревар


Млади кореографи до 35 години од целиот свет може да аплицираат за четвртиот по ред „Танцлаб“ (Dancelab) кој ќе се одржи следната година. Под уметничко водство на македонскиот амбасадор во танцот, Рисима Рисимкин, „Танцлаб“ е престижен меѓународен натпревар и е дел од Танц Фест Македонија кој следната година ќе го прослави својот 15-годишен јубилеј. Кореографите […]

Комеморација за Горан Стефановски во Драмски театар


Комеморацијата по повод смртта на драмскиот писател Горан Стефановски ќе се одржи во Драмски театар. Како што соопштуваат од театарот комеморацијата ќе биде во понеделник на 10 декември во 12 часот. Семејството објави дека неговото тело ќе биде кремирано на 5 декември годинава во крематориум во Кентербери, Велика Британија. Како што соопштија тие, ова била […]

Како Скопје стана град на срамот?


„Поетика на срамот“ е проект во процес на реализација, во соработка помеѓу Здружението „Артопија“ – Скопје и „#reteteatro41“ од Италија, а се одвива во рамки на програмата Матера – европски град на културата за 2019 година. Проектот „Поетиката на срамот“ се стреми кон тоа во уметничка и изведбена форма да ги истражува различните етички, социјални, […]

Промоција на „Уште музика и муабети“ од Ненад Георгиевски


Промоцијата на книгата „Уште музика и муабети“ на новинарот Ненад Георгиевски во издание на „Полица“ ќе се одржи на 10 декември со почеток во 20 часот во МКЦ-ресторанот. Книгата е втора во серијата изданија и е уште една колекција на интервјуа со домашни и со странски музичари, фотографи, режисери и дизајнери што се работени во […]

Американска филмска академија: Топ 10 филмови за 2018


САД- Музичката драма “Се роди ѕвезда” на Бредли Купер, фантастична акција “Црниот Пантер” на режисерот Рајан Куглер и хорор филмот “Ниту звук” на Џон Кразински се меѓу десетте најдобри филмови на оваа година. Ова е рејтингот на американската филмска академија, која се занимава со чествувањето на американското кино наследство. „Се роди ѕвезда“ е приказна за […]

Рецензија: „Вдовици“


Последново остварување „Вдовици“ на еден од најбараните режисери на денешницата Стив Меквин, со Виола Дејвис, Мишел Родригез и Елизабет Дебицки, е во многу нешта необично во споредба со неговите претходни остварувања. Тука го нема неговото карактеристично интензивирање на дејствието, туку инсистира на некоја нетипична и во многу нешто неадекватна опуштеност, која резултира и со нефокусираност, па […]

Министерот за култура Адеми во Истанбул: Потврдена одличната културна соработка со Турција, Црна Гора и со Словенија


Mинистерот за култура Асаф Адеми денеска во рамките на Третата светска конференција за туризам и култура која се одржува во Истанбул, Турција, оствари билатерални работни средби со свои колеги од регионот, меѓу кои и со турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, со министерот за култура на Црна Гора, Александар Богдановиќ, како и […]

Музејот на град Скопје со изложба во Истанбул


Музејот на град Скопје со изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци” од авторите Драгица Живкова и м-р Игор Кузманоски, и Климе Коробар како нејзин комесар, ќе се претстави вечер во културниот центар „Али Емири Ефенди” во Истанбул. Изложбата се состои од 33 паноа со фотографски прикази на артефакти од средновековниот и турскиот период што се […]