Новиот албум на „Фолтин“ е стандарден, но уште пољубовен


Тоа што албумот „Момома“ содржи шест постандардни песни од она на што досега сме навикнати и вие и ние, за нас претставува своевиден експеримент, затоа што досега правевме експерименти, сега направивме албум баш со песни – вели вокалистот и текстописец на „Фолтин“, Бранислав Николов, а во уметничко-пријателските кругови препознатлив како Пијан Славеј. Публиката е навикната […]

Велигденски и џез концерт во Куманово во рамки на „Куманово-град на културата“


Традиционалниот Велигденски концерт во Куманово ќе се одржи утре во Соборниот Храм Свети Никола, најавија на денешната прес-конференција, надлежните од секторот и од Фондацијата за култура и спорт од општина Куманово. Пред кумановци со почеток во 19:00 часот, ќе настапи хорот „Свети Нектариј“ од Битола. -Станува збор за традиционална манифестација, велигденски концерт. Ги покануваме граѓаните […]

Шумански: Несреќите како со Нотр Дам го свртуваат вниманието на одржување на спомениците


Потребно е да се случат такви несреќи како опжарувањето на Богородичната црква во Париз за да посветиме потребно внимание на одржување на спомениците на културата, вели Лазар Шумански претседател на Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОМОС. -За жал многу повеќе даваме приоритет кога ќе се случи несреќа, но не разислуваме […]

„Втора шанса“ е женски филм за личните избори и одлуки


Филмот „Втора шанса“ – прв долгометражен филм на режисерката Марија Џиџева синоќа премиерно беше прикажан во кино „Милениум“ и го отвори 22. Скопски филмски фестивал. Оваа македонско-српска копродукција што почна да се снима во 2016 година е психолошка драма на три жени соочени секоја со лична борба да го најде излезот, а амбиентот во кој  […]

Филмовите на Алмодовар, Малик и Долан во трка за  „Златна палма“  во Кан


Франција – Филмовите “A Hidden Life ”на Теренс Малик, “Matthias and Maxime“  на Хавиер Долан и  “Pain and Glory”  на Педро Алмодовар  ќе се натпреваруваат за „Златна палма“ на годинешниот  72. Меѓународен филмски фестивал во Кан, соопштија денес организаторите. Мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инариту, добитник на два „Оскара“, за филмовите „Повратник“ и „Човек птица“, ќе […]

Убиен актер кој глумеше во „Треинспотинг“


Поранешниот боксер и актер Бредли Велш е смртно застрелан вчера во Единбург, пишуваат британските медиуми. Велш играше во второто продолжение од култниот филм „Треинспотинг“. Четириесет и двегодишниот Велш е поранешен боксерски шампион, а бил познат и како страсен фудбалски навивач. Како што пишува Гардијан, тој бил застрелан во близина на неговиот дом во западниот дел […]

Романса со корејската виолинистка Сојанг Јун во Филхармонија


„Романса“ е насловен вечерашниот симфониски концерт на Филхармонијата со врвната корејска виолинистка Сојанг Јун, која ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар од Јоханес Брамс. Оркестарот ќе го води диригентот  Михал Нестерович од Полска, а на концертот премиерно во земјава ќе биде изведена и Петтата симфонија од англискиот композитор Ралф Вон Вилијамс. Солистката Сојанг […]

Изложба за модата на црногорскиот двор во Скопје: Кој дојде од политичката и културната елита?   


Модата ги спои политиката и културата синоќа на отворањето на ексклузивната гостувачка изложба од пријателска Црна Гора во Музејот на македонската борба, насловена „Европската мода на црногорскиот двор-рефлексии“. Претставници од државниот врв, предводени од премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски , министрите за култура на Македонија […]

Монографијата за Динка содржи вонвременски парчиња уметност


Mонографското издание посветено на делата и творечкиот опус на Костадин Танчев – Динка со наслов „Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми“ содржи повеќе текстови од проф. д-р Владимир Величковски, проф. д-р Тони Васиќ, проф. Лазе Трипков, како и веќе објавени текстови од проф. д-р Кирил Темков и Конча Пирковска. Монографијата, чија […]

„Глобална комедија“ од Плевнеш во Сатиричен театар во Софија


Во Сатиричен театар во Софија почнаа подготовки за меѓународна изведба на „Глобална комедија“ – најнова драма на драматургот Јордан Плевнеш. Драмата ќе ја режира Патрик Вершурен од Франција, а главните улоги ќе ги толкуваат бугарските актери Александра Срчаџиева и Теодор Елмазов. Сценографијата е на Бојана Семерџиева, звучниот дизајн е на Мартин Каров, а песните за […]

Адеми – Богдановиќ: Културната соработка има потенцијал да се продлабочи


Министрите за култура на Северна Македонија и Црна Гора, Асаф Адеми и Александар Богдановиќ, денеска во Скопје потпишаа нова Програма за соработка во културата за 2019-2022, која произлегува од Спогодбата за развој во културата на двете земји од 2006 година. Адеми и Богдановиќ на прес-конференција по средбата истакнаа дека двете земји имаат одлична соработка на […]

ДПМ: Трудот на писателите со децении наназад е потценет, обезвреднет и омаловажуван


Трудот на писателите со децении наназад е потценет, обезвреднет и омаловажуван. Се вели дека писателите пишуваат затоа што нема што друго да прават, едноставно како тоа за нив да е релаксација, задоволство или забава. Но, и писателите се луѓе, и нормално и тие треба да живеат зашто имаат секојдневни потреби и трошоци. Ова го посочи […]

Пијанистот Дино Имери ја воодушеви софиската публика


Пијанистот Дино Имери, на покана и во организација на Софиската Филхармонија, оддржа солистички рецитал во рамки на циклусот „Музиката на Европа“ на кој промовираше дела на македонските композитори Зографски, Џамбазов, Николовски, Дамир Имери, Глишиќ, Завков како и свои авторски композиции чија премиера доживеаа во концертната сала „Бугарија“. Софиската публика не го пушташе својот миленик да […]

Недела на турски филм од 23 до 26 април во кино Милениум


Недела на турски филм ќе се одржува од 23 до 26 април, ќе бидат прикажани шест долгометражни и два документарни филма, а на проекциите ќе присуствуваат актери и режисери на филмови од програмата. Филмската недела ќе се одржува во Меѓународниот балкански универзитет во Скопје и во кино „Милениум“. Ќе почне во вторник со филмот „Балкајмак“ […]

Крсте Роџевски ќе настапи на ОФФ-Фест


Македонскиот композитор, гитарист и пејач со кадифен глас Крсте Роџевски, кој повеќе од дваесет години живее и работи во Њујорк, ќе одржи ексклузивен концерт во рамките на годинешниот ОФФ-Фест, на 3 јуни во МОБ. Во оваа прилика тој ќе настапи со некои од највозбудливите музичари од првата лига на њујоршката џез-авангарда: Мери Халворсон (гитара), Кирк […]

„Скомраси Апсурдистански“ – трет соло-проект на Горан Трајкоски


Дванаесет песни со оригинална музика на Горан Трајкоски, создадени за филмот „Ругање со Христос“ на Јани Бојаџи, содржи албумот „Скомраси Апсурдистански“, во издание на „Пасворд продукција“ и ќе биде промовиран в сабота. Тоа е трет соло-проект на Трајкоски, кој зад себе има и 12 изданија со други музичари и бендови. Трајкоски е композитор на театарска […]

Изложба во Скопје: Европската мода на црногорскиот двор


Вечерва, во 18 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност ќе биде отворена изложбата на свечена облека од фондот на Народниот музеј на Црна Гора „Европската мода на црногорскиот двор-рефлексии“. На отварањето ќе присуствуваат и министерот за култура Асаф Адеми и неговиот колега од Црна Гора Александар Богдановиќ. Двајцата министри денес во Скопје ќе […]

Скопски филмски фестивал од денеска до 25 април


Со премиерата на првиот долгометражен игран филм на режисерката Марија Џиџева – „Втора шанса“, денеска во кино „Милениум“ ќе биде отворен 22. Скопски филмски фестивал кој до 25 април ќе прикаже 50-ина филмови во неколку програми. Македонско-српската копродукција „Втора шанса“, кој работно беше насловен „Жртва“, испреплетува приказни за три жени кои се обидуваат да ја […]

Потпишување Програма за културна соработка меѓу Северна Македонија и Црна Гора


Министерот за култура Асаф Адеми денеска во просториите на Филхармонијата на Република Северна Македонија ќе оствари билатерална средба со министерот за култура на Црна Гора, Александар Богдановиќ. Двајцата министри по средбата ќе потпишат нова Програма за културна соработка меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура на Црна Гора за периодот […]

Промоција на монографија „Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми“


Промоција на монографско издание посветено на творештвото на Костадин Танчев – Динка ќе се одржи денеска во објектот Даут пашин амам на Националната галерија. Изданието насловено „Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми“ содржи повеќе текстови од истакнати автори за неговото творештво. Книгата која е издадена на македонски и на англиски јазик […]