Ретроспективна изложба на дела од Костадин Танчев-Динка: Живеам за уметноста


Околу 90 дела ќе бидат изложени на ретроспективната изложба на познатиот графичар Костадин Танчев-Динка. Во неговиот богат творечки опус се содржат дела од областа на графичката уметност, сликарството и графичкиот дизајн. Изложбата ќе биде отворена вечерва во просториите на Даут Пашин Амам во 20:30 часот, а кустоси на изложбата се Маја Неделкоска-Брзанова, Маја Чанкуловска-Михајлоска и […]

„Семејни приказни“ во режија на Милош Б. Андоновски во прилепски театар


Ансамблот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ги почна подготовките за претставата „Семејни приказни“ во режија на Милош Б. Андоновски. Сценографијата е на Наташа Вчкова, костимите се на Марта Дуфне Јосифовска, а во претставата играат: Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска Клинческа и Димитар Црцороски. Во текстот на српската драмска авторка Биљана Србљановиќ станува збор […]

„Кога заминав од Карл Либкнехт“ – нова книга на Лидија Димковска


Наградуваната писателка Лидија Димковска напиша нова книга насловена  „Кога заминав од Карл Либкнехт“ во издание на „Или-или“, кои соопштија дека се работи за одлична збрика со раскази замислена како 27 исповеди на луѓе од различни страни на светот чиј живот на некој начин бил поврзан со името на Карл Либкнехт, поточно со адресата врзана со […]

Танцова претстава од Кина за затворањето на 15. „Танц фест“


Со гостување на танцов ансамбл од Ханџо, Кина, вечер завршува 15. „Танц фест“. Учествуваат петнаесет млади танчари од Кина кои од 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар ќе ја изведат претставата „Секвенци – минато / сегашност / иднина“. Кореограф на претставата е Рисима Рисимкин, музиката  е на Тони Китановски, а костимите ги изработи […]

Важно е чувството што книгата ќе ти го донесе во срцето


Светскиот ден на книгата и авторското право на 23 април ќе се одбележи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје. По повод овој ден порака испрати генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. „Книгите овозможуваат да се соедини човештвото во една фамилија споделувајќи го минатото, историјата и културното наследство, со цел да се […]

Концерт на „Трио џентлмен“ во КИЦ во Софија


„Трио џентлмен“ составено од тројца оперски пејачи – тенорите Дејан Стоев и Јане Дунимаглоски и баритонот Кристијан Антовски ќе одржат концерт „За дамата“ вечер од 18.30 часот во Културно-информативниот центар на РСМ во Софија. Ќе бидат изведени македониски композиции, евергрини, македосни народни песни и италијански канцони, аранжирани за триото. Композициите ќе бидат изведени во придружба […]

Концерт на камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“


Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ под диригентско водство на Борјан Цанев вечер ќе одржи концерт во зградата на Филхармонијата. На програмата се дела од Моцарт, Блох, Пјацола, Вилијамс (оркестрација Борјан Цанев), Елгар и Бритн. Како солисти ќе настапат студентите Илза Бафтијари – виола и виолинистите Ени Вучидолова, Андреј Ѓорѓевски, Диана Мирчевска и Марија Јанчулеска. Камерниот […]

ОФФ-Фест 2019: 9 настапи, три локации и еден документарен филм


Традиционалниот ОФФ-Фест, што годинава ќе се одржи (во рекордни шест дена) од 3 до 8 јуни, е сочинет од 9 настапи и еден документарен филм. Осумнаесеттото издание на фестивалот ќе го отвори, на 3 јуни во МОБ, виртуозниот дует на велшката харфистка Catrin Finch и сенегалскиот кора-мастер Seckou Keita, како и нашиот њујорчанец Крсте Роџевски, […]

Светскиот ден на книгата и авторското право се одбележува во Битола


Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола според востановената традиција го одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право. Програмските активности ќе се одвиваат три дена, а почнуваат со манифестацијата „Книги кои гледаат“ посветена на лица со целосно или делуно оштетен вид, за кои во библиотеката ќе биде читана поезија. – Светскиот ден на книгата и […]

Кан 2019: Ален Делон ќе ја добие почесната  ,,Златна палма”


Франција– Француската актерска легенда Ален Делон (83) , ѕвездата на филмовите „Роко и неговите браќа“, „Самурај“, „Гепард“ и „Господин Клајн“, е добитник на почесната „Златна палма“ на годинешниот Кански фестивал, што ќе се одржи 14 до 25 мај. – Станува збор за жива легенда, за глобална икона, изјави директорот на Канскиот фестивал, Тери Фремо, соопштувајќи […]

Рецитал на Ева Богоевска и Маја Стојановска во Лисабон


Виолинистката Ева Богоевска и пијанистката Маја Стојановска денеска ќе настапат во Лисабон во концертната сала на палатата „Фоз“, каде што ќе изведат дела од Моцарт, Бетовен, Шопен и Дебиси. Богоевска е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко. Досега имаше успешни настапи во Виетнам, Малезија, во театарот „Марчело“ […]

Полански ја тужи Американската Академија за филмски уметности и науки


САД– Француско-полскиот режисер Роман Полански поднесе тужба против Академијата која ги доделува престижните Оскари затоа што бил исклучен од институцијата пред една година во екот на движењето #И Јас (Me Too). Американската Академија за филмски уметности и науки на 3 мај 2018 година соопшти дека Полански и Била Козби ги исклучува од членството затоа што […]

Игор Јосифов за првпат ќе го изложи заробеното дело за Нелсон Мандела во Венеција


Заробеното дело за Нелсон Мандела изработено од македонскиот уметник Игор Јосифов првпат ќе биде изложено во јавноста Палацо Мора, во рамките на „Лични структури“ на Венециското биенале на уметноста. Станува збор за дело кое Јосифов го создаде во Северна Калифорнија во 2013 година, а подоцна беше испратено во Париз каде што требаше да биде изложено […]

Концертен викенд во Скопје: Промовирани четири албуми од различни артисти


Изминатиов викенд во Скопје помина во знакот на музиката и промоцијата на нови музички дела на повеќемина артисти. Во петокот во Младинскиот културен центар концертна промоција на последниот албум направија членовите на метал-кор бендот „Смат“ (Smut). Албумот „Тие се насекаде“ го издадоа минатата година, а годинава, пак, бројат 23 години на музичката сцена. Концертот беше […]

Се грижиме за Курбиново и Аквадуктот, ама не се гледа


Пожарот во париската катедрала Нотр Дам на домашен терен провоцираше прашања како: што се прави и до каде се решенијата за повеќегодишната борба да се реставрира црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, скопскиот Акведукт и други недвижни културни наследства за кои треба да се грижи државата. На прашањето на „Независен весник“ упатено до Министерството за култура […]

„Поглед“ од Њујорк: Михаил Корубин со шампањско наздрави за изложбата


Њујорк пред Скопје ја виде уметничката бескрајна приказна, светлост, раце, очи и ликови кои истовремено личат на секого и никого, насликана на 15 мега формати, платна работени во масло и акрилик техника на талентираниот уметник Михаил Корубин, од семејството на славни сликари како Миле и Рубенс Корубин. На изложбата ” Поглед” (Gaze) во галеријата „MC“  […]

Документарец за Жан Пол-Готје на Скопски филмски фестивал


Во вторник (23.4) од 20 часот во кино „Фросина“ ќе се одржи проекција на документарецот за славниот дизајнер Жан Пол-Готје „Фрик и шик“, во рамки на Скопски филмски фестивал. По проекцијата на филмот, ќе следи СФФ дискусија: Модата и родовиот идентитет со пранешната директорка на катедрата за модни студии/ теорија и професор на Стокхолмскиот универзитет […]

Средба на читателите со авторката на наградениот роман „Некој бил тука“


Николина Андова-Шопова која за книгата „Некој бил тука“ ја доби наградата „Роман на годината 2018“ од Фондацијата „Славко Јаневски“, денеска од 12 до 14 часот во книжарницата „Или-или“ ќе има неформална средба со читатели и ќе потпишува примероци од наградениот роман. -„Некој бил тука“ е психолошки убедлив и вознемирувачки длабок роман, го лови моментот кога […]

„Охридско лето“ на третото место меѓу стотина европски фестивали


Фестивалот „Охридско лето“ е рангиран на трето место во Европската асоцијација на фестивали што вклучува стотина такви манифестации од 40 земји, оценија делегатите на годинашното Генерално собрание на ЕФА што се одржа во Лисабон. Високото признание за нашата најголема музичко-сценска манифестација се должи, пред се, на квалитетот на програмата понудена во изминатите 59 години, врвните […]

Концерт на дуото Дарбеле – Камакаро на 42. Денови на македонска музика


Дуото Ноел-Ан Дарбеле (виолина, глас) и Рене Камакаро (виолончело) вечер ќе одржи концерт во Даут-пашиниот амам, во рамки на 42. Денови на македонска музика. На програмата се дела од авторите Жан-Лик Дарбеле, Хајнц Холигер, Жорж Апергис, Алфред Цимерлин, и од македонските автори Бојана Петровиќ – Алексова, Михаило Трандафиловски. Светска премиера ќе доживее и композицијата „Седум […]