Тошо Филиповски: Златното време на македонските винили допрва доаѓа


Монографијата „Македонска дискографија – винили (1958-2019)“, Прв том, во петок на 26 јули ќе биде промовирана на летната сцена зад Младинскиот културен центар. Станува збор за капитално дело во кое се опфатени 333 винилни изданија на околу 480 страници во боја, А4 формат. Автор на монографијата е Тошо Филиповски, кој зад себе го остави изданието […]

Филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ кандидат за наградата „Лукс“


Македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на режисерката Теона Митевска, по селекцијата во Берлин и успесите на неколку други филмски фестивали, влегува во трка за престижната награда „Лукс“ што ја доделува Европскиот Парламент. Како што информира на денешната прес-конференција претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ е номиниран […]

МОБ: Се чека тендер за „Национална“


Натписот Македонска опера и балет е изваден од зградата на оваа институција и сега има празно место. Најголемата културна институција во државава согласно Договорот од Преспа и уставните измени, го промени називот во Национална опера и балет (НОБ). „По насоки и инструкции на Владата, тргнати се старите букви, коишто ќе ги замениме со нови, Национална […]

„Медена земја“ од 26 јули во кината во САД, во Скопје на крајот на август


Документарниот филм „Медена земја“ од 26 јули ќе се прикажува во кината во САД. Застапуван од американската компанија за производство и дистрибуција на филмови „Неон“, која ги откупи правата за прикажување во Северна Америка, македонскиот победник на „Санденс“ ќе има кинодистрибуција во селектирани киносали, вклучувајќи ги „Ламли Ројал“ во Лос Анџелес и „Куад синема“ во […]

Овации  за концертот на Стефан Миленковиќ на „Охридско лето“: Атрактивно, летно


Долги и стоечки овации, бисови, задоволна публика и уметници кои пленија со своето музицирање и со својата скромност и внимание кон публиката. Ваква беше атмосферата синоќа во црквата „Света Софија“ на концертот на српскиот виртуоз на виолина Стефан Миленковиќ и неговиот колега, пијанистот Владимир Милошевиќ за кој се бараше карта повеќе. Дуото Миленковиќ-Милошевиќ приреди квалитетна […]

„Охридско лето“ : Концерт на руските уметници Шаповалов и Вершинин


Музичката програма на годинешното издание на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на руските уметници Денис Шаповалов на виолончело и Александер Вершинин на пијано. За маестро Шаповалов познатиот Мстислав Ростропович рекол дека е брилијанен талент, на што треба да биде горд. Она што го издвојува Шаповалов од останатите надарени виолончелисти во светот е неговото комплексно продирање […]

Продадени промотивните билети за Лиза Жерар во Филхармонија


Младинскиот културен центар неодамна најави дека фантастичната вокалистка Лиза Жерар , наградена со Златен глобус за музиката во филмот „Гладијатор“ и нејзиниот последен проект на кој сорабутува со уникатниот женскиот хор од соседна Бугарија – The Mystery Of The Bulgarian Voices, доаѓаат во Скопје! Првите 300 билети, кои беа по промотивна цена од 1000 денари […]

Скопско лето: Изложба на фотографии „Спомен од Битола 2019“


На „Скопско лето“ вечер од  20.30 часот во Ликовниот салон на Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде отворена изложба на фотографии „Спомен од Битола 2019“,  во соработка со Амбасадата на Израел и здружението  „Acta Non Verba“. Изложбата ќе претстави 27 победнички фотографии избрани од жири на интернационалниот натпревар „Спомен од Битола 2019“. Во март годинава, […]

Виктор Митревски ќе ја диригира „Свадбата на Фигаро“ во Австрија


Македонскиот диригент Виктор Митревски ќе ја диригира операта „Свадбата на Фигаро” од Волфганг Амадеус Моцарт во австрискиот град Вајдхофен ан дер Ибс во продукција на „Опера наоколу“ („Опер рунд ум“). Митревски ќе води три изведби на Моцартовата опера од кои едната беше на 21 јули, а следуваат претстави на 25 и 28 јули. – Станува […]

Битола преку Илинденски денови ќе биде центарот на светски фоллкорни ора и танци


Над 1000 учесници од Мексико, Индија, Русија, Италија, Белгија, Израел преку ора и танци ќе ја прикажат народната културна традиција на ансамбли на овогодинешното 49-то издание на интернационалниот фестивал Илинденски денови. Настанот ќе се одржи на различни локации во Битола од 27 до 31 јули, во организација на НУ Центар за култура Битола. „Фестивалските денови […]

Турски театар ја подготвува „Бог на масакрот“


Турски театар в четврток, на 25 јули премиерно ќе ја изведе претставата „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза, а во режија на Билге Емин. Сценографија е на Татјана Блажевска Христоска, костимографија на Марија Папушевска, а Џенап Самет е асистент на режија. Улогите во претставата ги толкуваат: Сузан Акбелге, Џенап Самет, Филиз Ахмет и Селпин Керим. […]

Работилници, промоции и музички настапи на „МКЦ за Скопје“


Со детски работилници на уметникот Доротеј Нешовски и писателката Билјана Црвенковска, в петок, во 18,30 часот ќе почне мултимедијалниот културен настан „МКЦ за Скопје“, кој традиционално се одржува на овој ден за да потсети на солидарноста и хуманоста на скопјани. Настанот ќе се одржи во паркот на МКЦ и е бесплатен. По работилниците, програмата продолжува […]

Бесплатно кино на отворено во паркот пред МКЦ


Со проекција на филмот „Студена војна“ на режисерот Павел Павликовски вечер во  паркот на МКЦ ќе почне првото издание на „Кино на трева“ во чии рамки во наредните пет дена ќе има бесплатни филмски вечерни проекции. До 27 јули ќе се прикажат вкупно пет филмови за кои е обезбеден превод на македонски јазик. Сите проекции […]

„Картографија на огнот” прва македонска антологија објавена во Колумбија


Во Богота, Колумбија деновиве излезе од печат антологија на 14 македонски поети објавени кај издавачите Ладронес дел Тиемпо и Уни Едисионес со наслов „Картографија на огнот”, а во избор и предговор на академик Катица Ќулавкова, во соработка со Наташа Сарџоска. Изданието денеска во Кафе Музео Ибањез во Богота ќе го промовираат авторите Глорија Бернел, Стефан […]

Рецензија: „Приказна за играчките“ (3Д-анимација)


Преминувањето од детството во светот на возрасните е голема тема во уметноста, иако таа историски се појави релативно доцна. Преовладува мислењето дека својата основа ја има во германската класика, онаа на Гете и Шилер. На пример, филмот со оваа тематика „(Нема веќе) Сјај во тревата“ на Елија Казан, исто така има поетска основа. Претходно преовладуваше […]

Стефан Миленковиќ: Се радувам што ќе настапам во Охрид


Многу ми е драго што сум повторно тука. Со Охрид ме врзуваат спомени уште од детството, тоа е нешто повеќе од самите мои концерти, од самиот фестивал, тоа е практично дел од мојот живот и моето семејство. Тука сме престојувале со денови, седмици, тука имам многу пријатели, прекрасни музички спомени. Тоа го изјави познатиот виолинист […]

Концерт на квартетот „Терем“ од Санкт Петербург на „Охридско лето“


Единаесеттиот ден на годинешното издание на „Охридско лето“ резервиран за концертот на рускиот „Терем“ квартет од Санкт Петербург, во состав Андреј Константинов-сопран домбра, Андреј Смирнов- бајан/ хармоника, Алексеј Барсчев –алт домбра и Владимир Кудрјавчев на контрабас. Основан во 1986 година од страна на студенти од фолклорно-инструменталниот оддел на државниот конзерваториум „Николај Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург, […]

„Кино на трева“ со пет филма во паркот на МКЦ


„Кино на трева“ е насловено првото издание на бесплатни филмски вечери кои од утре до 27 јули ќе ги организираат Младинскиот културен центар и кино „Милениум“ во паркот на МКЦ.  Ќе бидат прикажани пет филма во петте вечери, кои се во склоп на програмата на настанот „МКЦ за Скопје“. Утревечер ќе биде прикажан „Студена војна“ […]

Златна арена за најдобра режија во Пула за Теона Стругар Митевска


Режисерката на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ Теона Стругар Митевска ја доби наградата Златна арена за најдобра режија на 66.Филмски фестивал во Пула, Хрватска. Како што е наведено во соопштението, одлуката за доделување на оваа награда на Теона била донесена едногласно. -Прецизната препознатлива режисерска работа успеа целосно да го вовлече гледачот во случувањата, […]

Со Михаил Корубин во ателје: Слободата ми е тука, во Скопје


Њујорк пред Скопје ја виде уметничката бескрајна приказна, светлост, раце, очи и ликови кои истовремено личат на секого и на никого, насликана на 15 мегаформати, платна работени во масло и акрилна техника на талентираниот уметник Михаил Корубин (33), од семејството на славни сликари како Миле и Рубенс Корубин. Сега на ред е родниот град да […]