На фестивалот во Мотовун: „Петрунија…“  ја доби наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ


Хрватска– На штотуку завршениот Филмски Фестивал во Мотовун, Хрватска, “Господ постои, името и’ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска ја доби наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ. Во Мотовун 20 одлични филма се натпреваруваа за само двете награди што се доделуваат. Главната награда „Пропелер“ ја доби исландскиот филм “Бел бел свет“. “Главната актерка не освои со одличен […]

Охридско лето: Вечер со Камерниот оркестар на МММ


Музичката програма на „Охридско лето“ за вечер предвидува концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски Ѓумар“, со уметниците Олег Кондратенко на виолина, неговата колешка на виолина Софија Никоска и саксофонистот Иван Трајановски. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои повеќе од 32 години и е основан како прв сегмент на […]

Одлични рецензии за „Медена земја“ во САД


САД – Американските медиуми, меѓу кои и влијателните „Њујорк тајмс“ и „Лос Анџелес тајмс“, објавија одлични рецензии за документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland). Македонскиот победник на „Санденс“, кој застапуван од американската компанија за производство и дистрибуција на филмови „Неон“ од 26 јули се прикажува во кината во САД, ги одушеви критичарите, соопшти продукцијата на филмот. […]

Активизмот и уметноста решаваат општествени проблеми: Железничката зграда навистина зборува


Неодамна, земјава се закити со едно златно признание во уметноста, кое во светски рамки дава сериозна потврда. Имено, станува збор за „Златната трига“, прва награда од квадриеналето во Прага што ја доби Македонскиот павилјон со перформативниот дизајн „Оваа зграда зборува (на)вистина“. Проектот произлегува од неколкугодишното истражување на Ивана Васева и Филип Јовановски како тандем преку […]

„Златна потковица“ на „Астерфест“ за „Кружно патување на монахот“


Македонскиот краток анимиран филм „Кружно патување на монахот“ на авторот Жарко Иванов ја освои „Златната потковица“ на 14 издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ што се одржува во Струмица. Одлуката ја донесе официјалното стручно фестивалско жири составено од Данчо Чеврески, Гинка Андреева, Андреј Кошак и Ед Годсел. -На фестивалот имаше сериозни филмови и искрено не […]

Грчката музичка ѕвезда Елена Папандреу воодушевена од Охрид


Грчката музичарка и гитарски виртуоз Елена Папандреу, покрај извонредниот настан на „Охридско лето“, посака да го запознае градот подетално. – Сум слушала за Охрид, но благодарение на фестивалот „Охридско лето“ првпат имав можност да се запознам со културно-историското богатство на градот, вели гитаристката. Грчката музичарка со богата кариера во Охрид остана два дена кои ги […]

Почина актерот Гоце Влахов


Почина актерот Гоце Влахов (1949-2019), соопшти Македонскиот народен театар. Од 1980 година до пензионирањето Влахов е дел од Македонскиот народен театар – Скопје, иако остварува бројни улоги на оваа сцена од 1972 година. Тој ќе остане запаметен по вештината со која го создаде секој лик карактеристичен, секогаш сигурен во играта и страста кон театарот и […]

„Несоодветно за на работа“-претстава за медиумите и демонстрацијата на моќ


Лесна и приемчива театарска претстава, но со повеќеслоен текст кој во себе крие приказни и отвора многу прашања, донесоа премиерно актерите на Драмски театар Скопје, синоќа во рамките на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“. Премиерната изведба на театарската претстава „Несоодветно за на работа“ од Луси Кирквуд, во режија на големиот холивудски актер и режисер […]

Оперска претстава „Орфеј и Евридика“ во Тетово


Здружението „Lege artist“ во соработка со манифестацијата „Лето на тетовската култура“ во Тетово по долго време ја поставуваат безвременската оперска претстава „Орфеј и Евридика“ од Кристофер Вилибал Глук. Оперската претстава ќе се одржи денеска со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово. Во улогата на Орфеј е мецо-сопран Бесиана […]

76. Мостра во знакот на жените: Од Катрин Денев до Мерил Стрип


Италија– Катрин Денев, Роберт Де Ниро, Бред Пит, Кристен Стјуарт, Скарлет Јохансон и многу други филмски ѕвезди се очекуваат на венециска Мостра, на најстариот меѓународен филмски фестивал „Venice Film festival“ кој годинава ќе се одржува од 28 август до 7 септември, а во своето 76. издание во фокусот ќе ги има филмовите кои говорат за […]

Од безбедносни причини: Се укинува фестивалот на античка драма „Стоби“


Во амфитеатарот во Стоби овој јули прекината е 17-годишната долга традиција на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, кој по три години преместување на сцената на затворено во велешкиот театар, ланското лето повторно беше вратен на отворената древна сцена во Стоби на радост на многубројната публика. Градоначалникот Аце Коцевски вели дека причина е што Министерството […]

Салман Ружди повторно кандидат за Букерова награда


Англија- Поранешните добитници на Букерова награда, Салман Ружди и Маргарет Атвуд повторно се номинирани за престижната награда во жанрот фикција. Ружди освои Букерова награда во 1981 година за книгата „Midnight’s Children“ („Деца на полноќта“), а годинава е номиниран за романот „Quichotte“. Атвуд во 2000 година победи со книгата „Blind Assassin“ („Слеп убиец“), а годинешната номинација […]

Охридско лето: Концерт на гитаристката Елена Папандреу 


Фестивалската програма на „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, со вечерашниот концерт на грчката уметничка на гитара Елена Папандреу. Папандреу настапува во повеќе од 40 земји во Европа, Северна и Јужна Америка, а како една од уметниците на програмата „Нови ѕвезди“ на Асоцијацијата на концертни сали на Европа добива можност да настапува и […]

Министерот Исмаили го посети археолошкиот локалитет „Градиште“ – Девол Град


Министерот за култура Хусни Исмаили го посети археолошкиот локалитет „Градиште” – Девол град, кој се наоѓа на околу 2,5 км западно од селото Дреново, во близина на Кавадарци. За време на посетата министерот Исмаили се запозна со текот на истражувањата на локалитетот каде на површина од преку 10 хектари се наоѓаат остатоци од значајна пајонска […]

„Интеграција на идентитети“ – изложба на македонски и бугарски уметници


Во галеријата Мала станица вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Интеграција на идентитети“ со дела од 21 автор од Северна Македонија и Бугарија. Изложбата е иницирана од групата уметници „Конекција“ и продуцирана од македонскиот Културно-информативен центар во Бугарија и претходно беше претставена во Пловдив и во Софија. На изложбата ќе учествуваат уметниците од […]

„Нетфликс“ ќе снима мини серија во земјава


Американската компанија „Нетфликс“ во октомври годинава прв пат ќе дојде во земјава за да го снима првиот дел од новата играна серија наречена „Во ноќта“, соопштија на денешна конференција Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и продукцијата „Сестри и брат Митевски“ . Серијата ќе се снима на Аеродромот Скопје. Главниот продуцент е белгиската компанија […]

Претставата Бакхи на Битолскиот театар на „Охридско лето“


Драмската програма на „Охридско лето“ за вечерва ја нуди театaрска претстава Бакхи – краток преглед на распадот по Бакхи од Еврипид, во изведба на Народниот театар од Битола. Режисерот на поставката Вук Торбица за драмата ќе каже дека од преостанатите и сочувани грчки трагедии на Еврипид, Бакхи се издигнува заради неколку тематски и формални причини, […]

Признание за Војо Цветановски од „Театроск“


Војо Цветановски од „Театроск“ е прогласен за уметнички амбасадор на годинашниот уличен уметнички фестивал ИнАрт во Тиват во Црна Гора. – Ова значи дека соработката со црногорскиот фестивал се зацврстува и за во иднина се најавуваат големи заеднички проекти, соопшти „Театроск“ – продукција која работи уличен театар. Цветановски е дипломиран пантомимичар и театарски режисер. Учествувал […]

Меѓународниот семинар за македонски јазик во Охрид од 4 до 24 август


Во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од 4 до 24 август ќе се одржат 52. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и 46. Меѓународна научна конференција. Официјалното отворање ќе биде на 5 август напладне во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид. УКИМ нагласува дека […]

„Бог на масакрот“ – премиера на Турски театар-Скопје


Турскиот театар-Скопје вечерва премиерно ќе ја изведе претставата „Бог на масакрот“, според истоимениот текст на Јасмина Реза, во режија на Билге Емин. Текстот на француската драмска авторка Реза е објавен во 2006 година и оттогаш е често поставуван на сцените низ светот, а пред осум години доби и филмска верзија во режија на Роман Полански. […]