Возбудлива унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите уметници Ноеми Салаи и Александра Балог


Прекрасен концерт за кларинет и пијано се одржа синоќа во рамки на Унгарската вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се организира со поддршка од Амбасадата на Унгарија во Скопје. Во црквата „Света Софија“  настапија младите  унгарски уметници со плодни меѓународни кариери, кларинетистката Ноеми Салаи и пијанистката Александра Балог. Александра Балог се вбројува помеѓу  највозбудливите пијанисти […]

„Во животот не ме водеше храброста, туку безобразлукот.“ Најдоброто од Ведрана Рудан


На 77 години почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан, по долга борба со ракот. Таа беше позната по својот остар, провокативен и често контроверзен стил. Со години, во своите текстови и јавни настапи, таа без срам коментираше за политиката, општеството, медиумите, бракот, семејството и положбата на жените, поради што редовно предизвикуваше силни реакции од […]

Стоечки овации за „17“ на Косара Митиќ во Сараево


Дебитантскиот долгометражен игран филм на режисерката Косара Митиќ – „17“  за вистинит настан кој се случи во 2016, кога студентка од Скопје го фрли во корпа за отпадоци своето живо родено бебе, во тоалет на граничниот премин Табановцe и замина на апсолвентска екскурзија во странство, доби синоќа, стоечки овации на 32. Сараево филм фестивал кој […]

Унгарска вечер на „Охридско лето“ со уметничките Ноеми Салаи и Александра Балог


Музичката програма на годинешното 66. издание на „Охридско лето“ продолжува со Унгарската вечер и целовечерниот концерт на кларинетистката Ноеми Салаи и пијанистката Александра Балог. На концертот ќе бидат изведени дела од Роберт Шуман, Мате Бела, Золтан Кодај, Реже Кокаи и Бела Барток, со што публиката ќе има можност да проследи програма во која се преплетуваат […]

Младински оркестар на Западен Балкан со маестрален концерт на „Охридско лето“


Во извонедниот амбиент на Долни Сарај синоќа беше реализиран уште еден од низата успешни концерти од музичката програма на „Охридско лето“. Овојпат, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан.Вкупно 75 врвни инструменталисти-членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична  мотивираност, ослободувајќи моќна творечка […]

Завршен концерт од Интернационалниот семинар на виолинистот Перцан и пијанистката Гулијевa на „Охридско лето“


Македонскиот виолинист со интернационална кариера Емилио Перцан заедно со пијанистката Тамила Гулијева изминатите денови во Охрид го водеа Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика, а крајот на семинарот беше означен  вчера со завршен концерт на учесниците во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Годинава на  семинарот учествуваа 11 млади од Украина, Словенија, Перу, Србија, […]

Вуди Харелсон пред Сараево во Дубровник: Пееше песна на Оливер Драгоевиќ и пиеше вино со Вишњиќ и Цвитешиќ


Дубровник – Се чини дека американскиот актер Вуди Харелсон е неповратно вљубен во Хрватска, но и во претставата „Еквиноција“ во која глумат неговите долгогодишни пријатели Зринка Цвитешиќ и Горан Вишњиќ. Познатиот холивудски актер неодамна повторно пристигна во Дубровник и го гледаше класикот на Војновиќ во режија на Крешимир Доленчиќ на Дубровничкиот летен фестивал, а по […]

Македонистите од светот повторно во Охрид на 59. Летната школа на МСМЈЛК


 Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од 17 земји ќе учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од 20 август ќе се одржува во Конгресниот центар во Охрид. Предвидено е на свеченото отворање на Школата пред […]

38. издание на „Поетска ноќ во Велестово“ викендов со учесници од шест земји


Од 21 до 23 август ќе се одржи 38. издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“, кое ќе обедини дваесетина поети, музичари и уметници од Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија. Програмата започнува во петок, 21 август во Велестово, со кус музички концерт на Иван Христов и Петар Чухов од Бугарија, по што […]

Две музички содржини на „Охридско лето“ – концерт на млади виолинисти и настап на Младинскиот оркестар на Западен Балкан


Фестивалот „Охридско лето“ вечерва нуди две музички содржини – завршен концерт на Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика и настап на Младинскиот оркестар на Западен Балкан. На завршниот концерт ќе се претстават најуспешните учесници на Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика, кој од 2014 година се одржува во Охрид под уметничко […]

Документарецот на Милчо Манчевски за пожарот во Кочани со емотивна светска премиера во Сараево


Документарниот филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски синоќа имаше светска премиера пред публика, која не можеше да ги скрие силните емоции. Филмот се прикажа во официјалната документарна конкуренција на 32. Сараевски филмски фестивал.  После проекцијата во салата завладеа заглушувачка тишина, која траеше бесконечно – за потоа да биде разбиена со силен аплауз од емотивната публика. „Во оваа громогласна тишина се […]

Милена Зупанчич, љубовниот триаголник и последниот кадар од нејзиниот филм


На денот на заминувањето на можеби најголемата словенечка актерка Милена Зупанчич (1946-2026), славниот режисер Рајко Грлиќ се потсетува на својот документарец „Секоја добра приказна е љубовна приказна“ (2017) за Милена Жупанчиќ, Радко Полич и Душан Јовановиќ и го подарува тој филм на читателите на „Велике приче“. Пишува: Рајко Грлиќ   Милена беше сè што може […]

Македонска премиера на „Уна“ на „Звездара“ од Белград : Празник на театарот на „Охридско лето“


Театарската претставата „Уна“ работена по текст на истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица, режија на Дејан Пројковски и во продукција на театарот „Звездара“ од Белград, вчеравечер беше вистински празник на драмскиот репертоар на 66. „Охридско лето“.  Во време кога технологијата и социјалната пропаганда го преплавуваат секојдневниот живот, кога е тешко да […]

Џез-програмата на „Охридско лето“ наиде на голем интерес кај публиката


Четирите џез-вечери на фестивалот „Охридско лето“ поминаа со настапи на реномирани домашни и странски музичари и полни гледалишта, со што фестивалот годинава за првпат понуди посебна џез-програма. Џез-програмата синоќа на Долни Сарај ја затвори британскиот состав „Kiiōtō“, предводен од наградуваниот пијанист и композитор Рохан Хит и вокалистката Лу Роудс. Нивниот настап беше посветен на авторска […]

Љутков седна на фотелјата како национален координатор за култура и предизвика бура


Разрешениот министер за култура и туризам Зоран Љутков не се врати како актер во матичниот Драмски театар туку продолжи како национален координатор за култура во Владата на ВМРО-ДПМНЕ. На неговото место беше избран Седат Сулејмани, кој претходно ја извршуваше функцијата заменик-министер. И тоа е нормално во Македонија. Заменик -министер да стане министер, а министерот -координатор. […]

Агенцијата за филм во работна посета на анимациското студио за филмот „Лефти и Рајти си најдоа дом“


Претставници на Агенцијата за филм беа во работна посета на студиото за анимација „Тун Моушн студиос“ за време на процесот на анимирање на филмот „Лефти и Рајти си најдоа дом“.  Како што се наведува во соопштението на продукцијата „Занимација“, директорот на Агенцијата за филм, Сашко Потер Мицевски, за време на посетата истакнал дека институцијата покажува […]

Не се уништува културата со реформи – се уништува со неодговорност


Комисијата за култура на СДСМ најостро реагира на секој обид за гасење, обезличување или институционално слабеење на „Вардар филм“ и „Струшките вечери на поезијата“ ,институции кои се дел од темелите на македонската културна меморија. Ова не е реформа. Ова е продолжение на политиката на Зоран Љутков, кој како министер за култура и туризам остави зад […]

СВП контра Љутков


НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Струга преку социјалните мрежи излезе со соопштение во кое го демантира поранешниот министер за култура Зоран Љутков дека имало предлог за укинување на Националната установа Струшки вечери на поезијата. Објавата ја пренесуваме во целост: „Во врска со изјавите во медиумите на поранешниот министер за култура Зоран Љутков и сегашен […]

На 79 години почина култната словенечка актерка Милена Зупанчич


Љубљана – Словенечката театарска, филмска и телевизиска легенда Милена Жупанчич почина вчера на 79-годишна возраст, објави Словенечката радио-телевизија. Жупанчич одигра повеќе од 120 театарски и 80 филмски и телевизиски улоги во текот на својата петдецениска кариера. Откако првично стана позната по своите улоги како темпераментни и наивни заводнички, подоцна играше голем број емоционално сложени женски […]

Вечерва на „Охридско лето“ џез-концерт на „Kiiōtō“ и претставата „Уна“ на Звездара театарот од Белград


 Фестивалот „Охридско лето“ вечерва нуди две содржини од својата програма – музичка џез-вечер со британскиот состав „Kiiōtō“ и театарската претстава „Уна“ од Момо Капор, во продукција на Театарот „Ѕвездара“ од Белград. Во рамки на џез-програмата ќе настапи „Kiiōtō“, музичкиот проект на наградуваниот пијанист и композитор Рохан Хит и вокалистката Лу Роудс, позната и како членка […]