Литература.мк одбележува 10 години под мотото „Културата има адреса“


Оваа година Литература.мк одбележува 10 години посветени на книгите, читателите и културните навики што растат заедно со нас. Во изминатата деценија, брендот се позиционираше како едно од клучните места за книги, подароци и училишна програма, создавајќи препознатлив културен простор каде читањето станува навика, а изборот на подарок добива друга димензија.   По повод јубилејот, од […]

Со „Кула крај море“ повторно патуваме низ мистичниот поетски универзум на Влада Урошевиќ


Академик Влада Урошевиќ со најновата поетска збирка „Кула крај море“ (во издание на „Антолог“), создава особен, мистичен и соновиден свет во кој реалноста и фантазијата постојано се преплетуваат. Синоќа, во просторот на литературното кафе „Метаноја“ посветен на духовното во стварноста, во книжевноста и во уметностите, со стиховите, корицата на збирката, инспиративната реч на промоторот, академик […]

Роза Бојанова и Ристо Василевски – лауреати на „Книжевен жезол“ на ДПМ за 2026


Друштвото на писателите на Македонија информира дека лауреати на наградата „Книжевен жезол“ за 2026., годината во која ова меѓународно признание одбележува јубилеј – три децении постоење, и кое Друштвото го доделува за поетски опус на еден домашен и на еден странски автор, се реномираната бугарска поетеса Роза Бојанова и македонскиот поет академик Ристо Василевски. – […]

Опери од Пучини и Верди на 54. Мајски оперски вечери од 9 до 31 мај


Седум оперски претстави од Пучини и Верди, од кои две првпат во една вечер, како и еден балет, се на програмата на годинашниот 54. фестивал „Мајски оперски вечери“, кој традиципнално се одржува од 9 до 31 мај во Националната опера и балет.  Фестивалот ќе почне в сабота со две оперски претстави од Џакомо Пушини – […]

Венециското биенале „не е суд“, вели претседателот за повторното учество на Русија


Рим – Меѓународната уметничка изложба на Венециското биенале е простор за дијалог за подготовка на мир, а не суд, изјави во среда раководителот на фондацијата во страствен говор за да ја одбрани својата одлука да ѝ дозволи на Русија да се врати на настанот. На Москва ѝ е дозволено повторно да го отвори својот павилјон […]

Изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“ е оригинален сликарски дијалог меѓу историјата и сегашноста


Во МКЦ во Скопје, синоќа, во друштво на сликите на „старите европски мајстори и великаните на македонската модерна“ , бројни љубители на уметноста, меѓу нив и претседателката Гордана Силјановска-Давкова, уживаа во оригиналниот сликарски дијалог меѓу историјата и сегашноста, концепт и избор на проф. Кирил Пенушлиски, остварувајќи го сонот што му го раскажал татко му, славниот […]

Македонската филхармонија со концерт „Хармонија“ со виолинистот Нинг Фенг


Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи концертот „Хармонија“, на кој како солист ќе настапи реномираниот кинески виолинист Нинг Фенг, а диригент ќе биде маестро Емил Табаков од Бугарија. Нинг Фенг важи за еден од водечките виолинисти на меѓународната сцена. Иако често настапува со најзначајните оркестри во Кина, тој има и успешна европска и […]

„Мачкина глава“ ќе го отвори, „Црно злато“ ќе го затвори јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп


Десет претстави во официјална и четири во придружна програма ќе бидат на програмата на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи во Прилеп од 5 до 12 јуни 2026 година. Под мотото „Храбриот нов театар“, и тематот „Кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“, уметничката […]

Љутков од Брисел: Македонската култура силно одекна во срцето на Европа


„Македонската култура е жива ризница на духот. Таа е светлина во фреските, ехо во каменот и трепет во народната песна. Во неа се запишани радоста и болката, копнежот и гордоста, истрајноста и вербата на многу генерации што создавале, чувале и оставале траен белег“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчеравечер во своето обраќање […]

Работилница за креативно пиштување проза во КИЦ


Во Културно информативниот центар – Скопје денеска ќе биде одржана „Работилница по креативно пишување проза“, наменета за ученици од средните училишта кои имаат интерес за пишување и сакаат да го развијат својот креативен потенцијал. Работилницата ќе ја водат писателите Петар Андоновски и Фросина Пармаковска, кои преку практична работа и насочени вежби ќе ги запознаат учесниците […]

Проекција на филм за Марија Шнајдер на „Кино средби” во Кинотека


Францускиот институт во Скопје и Кинотека ги организираат месечните „Кино средби” на кои ќе бидат прикажани современи француски филмови како и големи класици на француската кинематографија. Овие кино средби денеска продолжуваат со проекцијата на „Марија” (2024), од Жесика Пали, со Анамарија Вартоломеj, Мет Дилон и Џузепе Маџо, во Кинотека. Во „Марија”, Жесика Пали раскажува за […]

Изложба „Старите мајстори и македонската модерна“ на 6 мај во МКЦ


Во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје на 6 мај во 20 часот ќе  биде отворена изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“, истражувачки проект на авторот проф. Кирил Пенушлиски. Како што соопштуваат организаторите, изложбата претставува длабинско истражување на комплексниот однос меѓу европското уметничко наследство и развојот на модерната уметност во државата. Проектот го […]

Изложбата „Архивски документи“ на Вангели, по Загреб и Белград, во Истанбул


  Изложбата „Архивски документи“  на професорката и ликовна уметница Жанета Вангели е продолжение на програмските проекти за 2026 година на Националната галерија по нејзиното презентирање во македонскиот КИЦ во Загреб и Белград минатиот месец. Овој проект ќе биде реализиран во македонскиот Културно информативен центар во Истанбул со поддршка на Министерството за култура и туризам. Изложбата […]

Мастерклас со реномираниот дизајнер на звук од „Хари Потер“ и „Игра на тронови“ во Скопје


По повод одбележувањето на 20 години постоење на Агенцијата за филм започнува серија на мастеркласови со врвни меѓународни професионалци, со цел унапредување на знаењето и вештините во помалку застапените, но клучни сегменти на филмската индустрија. Првиот мастерклас ќе се одржи во Скопје на 7 мај (четврток) во 11 часот во киното Cineplexx во Skopje City […]

Министерот Љутков на „Денови на македонската култура“ во Брисел


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков престојува во Брисел каде што вечер ќе има обраќање пред почетокот на концертот на Оркестарот за џез-музика, кој е дел од програмата на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија. Публиката на концертот, што ќе се одржи во престижната сала „Бозар“ (Bozar) во Брисел, ќе има можност да […]

„Хармонија“: Виртуозниот кинески виолинист Нинг Фенг со Прокофјев и Шостакович во Филхармонија


Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Хармонија“ на кој како солист ќе настапи виртуозниот кинески виолинист Нинг Фенг, а диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија. На програмата се Концерт за виолина и оркестар бр. 1 во Де-дур, оп. 19 од Сергеј Прокофјев и Симфонија бр. 11 во […]

Никшиќко позориште со претставата „Татко“ гостува на големата сцена во МНТ


На 18 мај во 20 часот на големата сцена во МНТ ќе гостува претставата „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Никшиќко позориште.  Претставата „Татко“ е едно од најпознатите дела на Зелер и има освоено престижни награди. По истиот текст е снимен и актуелниот […]

ДМП в сабота ќе го одржи редовното годишно Собрание


Друштвото на писателите на Македонија ја информира книжевната и културната јавност дека ќе го одржи редовното годишно Собрание на 30 мај (сабота) во 12 часот, во своето седиште на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје. Како и минатата година, Собранието ќе биде од хибриден карактер, односно активните членови ќе можат да учествуваат со физичко […]

Уметноста без својата публика е како човек без својата сенка: Интервју со Иван Џепароски, поет и естетичар


  Во време кога јавниот простор е исполнет со брзи и минливи зборови, ретко се слушаат гласови што носат тивка, но длабока мисла. Иван Џепароски е еден од тие интелектуалци- поет, есеист, филозоф, естетичар и универзитетски професор, сега во пензија, чие творештво со децении го обликува македонскиот културен простор. Неговиот неодамнешен избор за дописен член […]

Националниот џез оркестар со „Македонски сновиденија“ ќе настапи во Брисел


Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар денеска ќе настапи во културниот центар „BOZAR“ во Брисел, со програмата „Македонски сновиденија“. Како што соопшти НЏО, концертот е дел од пошироката програма на „Денови на македонската култура“, чија цел е да ја афирмира македонската уметност и култура пред […]