Драмски со претставата „Мојот маж“ на РУТА во Сараево


 Синоќа со претставата „Шиндлеровиот лифт“ на домаќинот Камерни театар 55 се отвори седмиот фестивал РУТА, кој се одржува од 11 до 16 мај во Сараево. Во текот на шесте фестивалски дена, публиката ќе има можност да ги проследи и останатите претстави на театрите членки на РУТА: „Мајки“ на Казалиште „Улисис“, „Гидионовиот јазол“ на Београдско драмско […]

Канскиот филмски фестивал 2026 ги враќа холивудските ѕвезди на Ривиерата


Кан – 79-то издание на Канскиот филмски фестивал почнува денес и ќе трае до 23 мај 2026 година, во гламурозниот јужен дел на Франција. Оваа година, францускиот крајбрежен град Кан повторно ќе биде епицентар на глобалната кинематографија, привлекувајќи ѕвезден состав на режисери, актери и филмски ентузијасти од целиот свет. Меѓу главните имиња оваа година е […]

Министерството за култура ги прифати предлозите за вклученост на лицата со попреченост во новата Национална стратегија за развој на културата


 На последната јавна расправа за Националната стратегија за развој на културата 2026 – 2030 и Акцискиот план, официјално беа претставени и дел од мерките за инклузија и пристапност предложени од страна на претставничката на „Абилитист (Abilitist)“, Елизабета Јовановска – експерт за пристапност и добитничка на светска награда за иновативни решенија за отстранување на бариерите за […]

„Телма и Луиз“ на официјалниот постер на Канскиот фестивал


Кан – Официјалниот постер за изданието на Канскиот филмски фестивал 2026 година му оддава почит на легендарниот филм „Телма и Луиз“ – феминистичката авантура со автомобил на Ридли Скот, која премиерно се одржа во Кан пред 35 години. Канскиот филмски фестивал има долга историја на користење на иконски слики од култни филмови како основа за […]

Отворањето на Канскиот филмски фестивал во чест на Питер Џексон


Кан– Филмски ѕвезди од целиот свет се очекуваат на отворањето на Филмскиот фестивал во Кан денеска, со посебна почит и почест кон новозеландскиот режисер Питер Џексон – автор на познатиот серијал „Господарот на прстените“. Втората почесна Златна палма ќе ја добие американската актерка, пејачка и режисерка Барбра Стрејсенд. Се очекува 64-годишниот филмаџија да присуствува денес […]

„Без повод за поводи“ – нова книга студии на Иван Антоновски


  „Матица македонска“ ја објави книгата „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски, ново научно и книжевно-критичко дело посветено на современата македонска книжевност, нејзините развојни процеси, канонските автори, недоволно истражените дела, новите поетики и книжевните предизвици. Книгата е дел од јубилејната издавачка продукција со која „Матица македонска“ одбележува 35 години постоење, потврдувајќи ја својата мисија да објавува дела што […]

„Како вода за чоколада…“ – самостојнаа изложба на Валентина Поцеска во Чифте амам


„Како вода за чоколада…“ е насловена самостојната изложба на Валентина Поцеска, која вечер од 20 часот ќе биде отворена во галеријата Чифте амам. Ќе бидат претставени 60-ина дела, кои авторката ги изработила од 2020 до 2026 година. -Во основата на постапката на сликање е комбинираната техника или постапка на градење на слоевитоста на секое дело, […]

„Вкрстени погледи: културно наследство и современа уметност” во Францускиот институт во Скопје


Францускиот институт во Скопје ќе биде домаќин на новото и проширено издание на „Изложба и уметничка средба“, овојпат под наслов „Вкрстени погледи: културно наследство и современа уметност“, посветено на дијалогот меѓу францускиот сликар Клеман Бедел и македонските уметници Христина Иваноска и Јане Чаловски. Настанот ќе се одржи вечерва, во 19 часот, во Францускиот институт во […]

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии


Агенцијата за филм во август годинава ќе распише мконкурс за снимање македонски серии, соопшти денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Како што напомена одговорајќи на новинарски прашања во врска со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030, поголем фокус ќе биде ставен на играната детска програма. -Агенцијата за филм […]

Љутков: Никој нема да биде отпуштен од работа, ќе се фузираат одредени институции


Никој нема да биде отпуштен од работа, современата реорганизација и оптимизирањето на националните културни установи подразбира фузирање на одредени институции – изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков образложувајќи сегмент од Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030, кој се однесува на автономијата во културата и предвиденото преобликување на […]

Младите, културното наследство, дигитализацијата и филмот меѓу приоритетите во Стратегијата за култура


Поттикнување и негување на квалитетот и разновидноста на креативните изрази во уметностите, заштита и одржливо користење на културното наследство, преобликување на моделите на управување и институционална автономија како основа за развој, како и дигитализација и дигитална трансформација – се приоритетите на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030. Стратегијата, меѓу другото, […]

Осмиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ ќе трае до 1 јуни 2026


Осмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година ќе трае до 1 јуни. Добитникот на наградата, востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, ќе биде прогласен на 2 септември оваа година. За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи […]

Глобалниот форум за дизајн ќе ги собере врвните меѓународни дизајнери во Истанбул


Со својата единствена енергија, Истанбул секогаш бил неисцрпна инспирација за уметниците и дизајнерите. Овој град со богата и историја и култура, секоја година е домаќин на над 20 меѓународни уметнички и дизајнерски настани, а од 13 до 16 мај, годинава за првпат во Истанбул се одржува Глобалниот форум за дизајн, што дополнително ја зајакнува неговата […]

Трето издание на Деновите на поезијата посветени на Ацо Шопов, од 14 до 16 мај


 „Поезијата е свртена кон човекот, се создава за него и ги дели неговите соништа“. Под ова мото, посветено на Ацо Шопов, годинава ќе се одржи третото издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај, во Скопје Сити Мол. Традиционално, манифестацијата ќе започне со одбележување на јубилеи на истакнати македонски поети и творци: Васил […]

Концерт на млади виолинисти во Струмица


Фестивалот на млади виолинисти „Виолин фест“ и оваа година продолжува да биде место каде талентот станува уметност и каде младите виртуози ја слават музиката. Започнувајќи ја својата мисија со работилница и презентација во музичкото училиште во Прилеп, продолжува денеска со концерт во музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица, каде ќе блеснат 17 виолинисти – ученици […]

Отворени 54-те Мајски оперски вечери


Со традиционалното палење на фестивалскиот оган, кој годинава го запали сопранистката со меѓународна кариера Ана Дурловски, синоќа беше отворено 54-то издание на манифестацијата „Мајски оперски вечери“. Фестивалот беше отворен со премиери на две оперски претстави од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, што е првпат две претстави да бидат изведени на почетокот на […]

Свечено отворен македонскиот павилјон на 61. Венециско биенале


Во просторот со силна духовна и историска меморија „Ex Capella Buon Pastore“, свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 61. издание на најпрестижниот светски настан од областа на современата уметност – Биеналето на уметноста во Венеција. На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот „Пиета во прекривките на ургентноста/Will my eyes be closed or […]

„Мајски оперски вечери“ почнуваат со оперите „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ од Џакомо Пучини


Со премиери на две оперски претстави од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, вечер во Националната опера и балет ќе бидат отворени 54. „Мајски оперски вечери“. Првпат две претстави ќе бидат изведени на почетокот на фестивалот. Официјално ќе биде отворен со палење на фестивалскиот оган од сопранистката со меѓународна кариера Ана Дурловски, која […]

Отворање на македонскиот павилјон во Венеција со проектот на Велимир Жерновски


Македонскиот павилјон во Венеција и проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ на мултимедијалниот уметник Велимир Жерновски привлекува големо внимание кај посетителите на Биеналето, што ќе се одржува од мај до ноември 2026 година во Венеција. Сместен во Спацио Кастело 77 на влезот во престижното Арсенале, публиката љубопитно влегува во просторот каде е изложена монументалната претстава […]

Жанета Вангели со изложбата „Архивски документи“ пред истанбулската публика


Во Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, во соработка со Национална галерија на Македонија, вечер во 19:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Архивски документи“ на македонската уметница Жанета Вангели. Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 15 мај 2026 година во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул. Како што информираат од КИЦ Истанбул, изложбата претставува […]