Безвремената џез и поп музика на Квинси Џонс го крена Скопје на нозе (фото)


  Концертот насловен „Џез-лектира: Quintessence by Quincy Jones!” , како почеток на новата концертна сезона на Националниот џез-оркестар, беше музичко совршенство, во петокот вечер, во Филхармонија, на која му се оддаде почит на огромниот и влијателен биг-бенд опус на музичкиот гениј Квинси Џонс, кој почина на 3 ноември, 2024, во Бел-ер, на 91 година.  Од […]

„Народен пратеник“ на Нушиќ  и Егон Савин ја собраа културната елита во МНТ


Автори, актери и режисери се собраа викендов во МНТ, на премиерата „Народен пратеник“ од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин, со што започна одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар. Во претставата играат Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска.   Култното режисерско име Егон Савин […]

Мултимедијална промоција на романот „Не ѝ верувај на баба ти“ на Натали Спасова


Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје вечер ќе се одржи мултимедијална промоција на новиот роман на Натали Спасова, „Не ѝ верувај на баба ти“. Ова е четврти роман на Спасова, по „Прва љубов во розевата улица“, „Запалка“ и „Двете принцези“, кои се преведени на украински, српски, бугарски и англиски јазик. Спасова е и драматург на театарските […]

Премиерна изведба на „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ во МНТ


 Во рамки на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар вечерва ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. Во претставата играат Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска. – Култното режисерско име Егон Савин се враќа во […]

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп


 Со промоција на стихозбирката „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска, денеска во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп ќе почне седмото издание на проектот „Добри гости“, кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители. Настанот е организиран од издавачката куќа „ПНВ Публикации“ […]

Елегантен и привлечен, вели „Холивуд репортер“ за „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски


„Елегантен и привлечен“, „Инспиративна приказна за созревањето…“ вели прочуеното филмско списание „Холивуд репортер“  во рецензијата за дебитантскиот филм „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски, кој синоќа премиерно беше прикажан на фестивалот  Санденс во Парк Сити, Јута, во конкуренција за награди на програмата Светски филм. „Холивуд репортер“ е меѓу трите најголеми светски филмски списанија, заедно со „Вараети“ […]

Ексклузивен концерт на џипси музика „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ на 19 февруари во Филхармонија


На 19 февруари во 20 часот, во камерната сала на Македонската филхармонија, во организација на Фејмс Институтот, ќе се одржи уникатен музички спектакл насловен „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ кој ќе ја спои магијата на џипси музиката со модерниот оркестарски израз. Под диригентската палка на реномираниот диригент Тимоти Редмонд, концертот ќе понуди богата програма која опфаќа […]

Бугарскиот писател Николај Терзијски доаѓа во Скопје


Современиот бугарски писател Николај Терзијски ќе гостува во Скопје по повод книжевната промоција на македонското издание на неговиот роман „Ѕвезди под клепките“, во превод на Виолета Танчева-Златева. Промоцијата ќе се одржи на 30.1.(четврток), од 19 часот, во скопската Јуроп хаус. „Веќе наредниот ден, на 31.1. (петок), Николај Терзијски ќе го заокружи својот престој со средба […]

Промоција на книгата „Бен Акиба – о нама“ од Бранислав Нушиќ


Во Скопје во галеријата „Метаноја“ денеска ќе се одржи промоција на книгата „Бен Акиба: о нама“ со изложба на карикатури со ликот на Бранислав Нушиќ во авторство на карикатуристот Зоран Товирац – Тоцо. Организатор на промоцијата е галеријата „Метаноја“ во соработка со „Нушиќ фондација“ од Белград. Настанот ќе го отвори директорката на „Галерија Метаноја“, Нада […]

Концерт „Џез-лектира: Quintessence by Quincy Jones!” вечер во Филхармонија


Со концертот насловен „Џез-лектира: Quintessence by Quincy Jones!”, вечерва во просториите на Филхармонија почнува новата концертна сезона на Националниот џез-оркестар. Како што најавија од установата, центарот на вниманието ќе биде огромниот и влијателен биг-бенд опус на музичкиот гениј Квинси Џонс. Од неговите почетоци во 1959 година, па сè до неговиот подоцнежен период како аранжер и […]

Концертот „Филхармонија на кирилица“ без солист


Македонската филхармонија вечер, под диригентство на Борјан Цанев, ќе го одржи концертот „Филхармонија на кирилица“, но без солист. Пијанистката Нина Костова го откажала својот настап од здравствени причини, а поради краткото време за наоѓање друг солист, на овој концерт ќе биде изведена само симфониска музика и ќе оди во еден дел без пауза. На програмата […]

Отворање на изложбата „Дијалог преку уметност“ во Софија


Изложбата „Дијалог преку уметност“ на професори од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и професори од Националната уметничка академија од Софија вечер ќе биде отворена во галеријата „Академија“ во Софија. „Дијалог преку уметност“ е втор настан преку кој Националната ликовна академија и Факултетот за ликовни уметности Скопје при Универзитетот […]

Почина сликарот Коле Манев


По кусо боледување денес во Скопје почина доајенот на македонското сликарство Коле Манев. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на гробиштата во Бутел во задутре (24 јануари) од 14.30 до 15.30 часот, а погребот ќе биде во 15.30 часот, информираат од Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Коле Манев беше роден во 1941 година […]

Новата шефица на Берлинале сака да го врати гламурот и да ја намали драмата


Триша Татл, новата шефица на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, можеше да се надева на полесен почеток. Татл, која беше шеф на Лондонскиот филмски фестивал BFI од 2018 до 2023 година, го презема Берлинале (најголемиот јавен филмски фестивал во светот) по Annus horribilis. Минатогодишниот гала филмски настан заврши во хаос, со жестока политичка дебата за војната […]

Патување низ епохите, од Бах до електроника, со Џијан Емин и Филхармонијата на Луксембург


Несекојдневно патување низ музичките епохи е најавено на концертот во Луксембург, под диригентско водство на нашиот Џијан Емин, со светски познатиот пијанист Франческо Тристано и Филхармонијата на Луксембург на 25 јануари во 19.30 часот. Ова музичко доживување ќе започне со концертот за пијано и оркестар во Д мол од Ј.С.Бах, а ќе заврши со современа […]

Промоција на книгата „Милчо за Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека


Во Кинотеката вечер ќе се одржи промоција на книгата „Милчо за Манчевски“, чиј приредувач е д-р Атанас Чупоски. Книгата претставува обид да се опфатат многубројните аспекти од животот и работата на режисерот Милчо Манчевски. -Книгата претставува обид да се опфатат многубројните аспекти од животот и работата на Манчевски, еден од нашите најнаградувани и во светски […]

Од Венко Андоновски до Румена Бужаровска: Серија средби на писатели и читатели во „Три“


Издавачки центар ТРИ најавува серија книжевни средби меѓу книгите во рамки на „Зимскиот фестивал на книгата“. Во периодот од 21 јануари до 31 јануари, во книжарницата на ТРИ во Градски трговски центар (ГТЦ), ќе се одржат средби меѓу писатели и читатели – неколки „книгокругови“ на читатели и писатели, со читања, разговори и размена на топли […]

Европски интелектуалци на конференцијата „Европа и Балканот – да се биде или не“ во Кинотека


Во знак на одбележување на десетгодишнината од Скопската декларација, која претставува еден од основачките акти за формирање на Академија Балканика Еуропеана и во чија изработка учествуваа голем број европски и балкански интелектуалци, во октомври 2017 година во Букурешт, Република Романија, беше формирана академијата. Основачкото собрание, составено од 17 членови од сите земји на Југоисточна Европа, […]

Изведба на балетската претстава за деца „Доктор Офболи“


Во Националната опера и балет (НОБ) вечерва ќе биде изведена балетската претстава за деца „Доктор Офболи“. Од НОБ информираат дека оваа класична балетска сказна ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото, во која, како и секогаш, доброто ќе победи. Претставата ја плени најмладата публиката со прекрасната музика, живописните костими и сценографија и децата ја […]

Театрите за првпат однапред ќе добиваат годишен буџет за програмите


Театарите во земјава по примерот на фестивалите, за првпат однапред ќе добиваат одредена сума на буџет, со кој ќе ги реализираат своите програми, а потоа на крајот на годината Министерство за култура и туризам и со нивните тимови ќе вршат евалуација на проектите кои се изработени, колку карти се продадени, на колку фестивали бил театарот, […]