Две награди на Санденс за „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски
Две награди доби „Диџеј Ахмет“, дебитантски филм на режисерот Георги Унковски, на фестивалот Санденс во Парк Сити, Јута. Филмот ја доби наградата од публиката во програмата Светски филм и Специјалната награда на жирито за креативна визија. „Диџеј Ахмет“, на турски и македонски јазик, е драма со примеси на комедија за Ахмет, 15-годишно момче од […]