Ден на Виетнам во Скопје, во рамки на Скопско лето


Во фоајето на Македонската опера и балет се одржа Виетнам ден во Скопје во рамки на 47. издание на фестивалот Скопско лето. Амбасадата на Виетнам во Бугариjа, истовремено акредитирана во Северна Македониа, во партнерство со Виетнамската асоциациа за култура и туризам во Европа (VNCT), Виетнамскиот културен центар во Франциjа и фестивалот Скопско лето, гордо го […]

Концерт „Вечер на романтични серенади“ вечерва на Скопско лето


Вечерва (06.07.2026г. – понеделник), во Сули ан во 20:30 часот ќе се одржи концерт насловен „Вечер на романтични серенади“ во изведба на НУ Камерен оркестар на Битола.    Проектот „Вечер на романтични серенади“ претставува концертна програма посветена на романтичниот музички израз, лириката и длабоката емоционалност во класичната музика. Замислен како суптилно, елегантно и уметнички заокружено музичко доживување, концертот има […]

Влада Урошевиќ донираше свои книги на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје


ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје со особена благодарност ја прими донацијата на книги од академик Влада Урошевиќ, еден од најистакнатите современи македонски книжевници, поети, есеисти, преведувачи и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Оваа значајна донација претставува драгоцено збогатување на библиотечниот фонд и ќе им овозможи на читателите непосреден пристап […]

Популарни звуци го маѓепсаа Скопје – во Сули ан со Панфили и „Фејмс“ се славеше светската музика


Префинета публика, синоќа, во свежото Скопје, во рамки на 47. фестивал „Скопско лето“, уживаше во спојот на класичната традиција, фолклорното наследство и филмската имагинација. Историскиот двор на Сули ан се претвори во светска сцена на концерт под ѕвездено небо, каде што публиката музички патуваше низ разни култури и епохи . Преку делата на Барток, Григ, […]

21.издание на „Астерфест“ ќе се одржи од 4 до 8 август, лауерат е актерката Синоличка Трпкова


Од 4 до 8 август, во Струмица, традиционално по 21. пат, ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, соопштија денеска организаторите. Според овогодишното фестивалско мото „Со отворени очи“, независните филмски автори метафорично ја повикуваат публиката да гледа како животот тече како на филмска лента низ бројните приказни раскажани од различни краишта на светот.  -Физиономијата на […]

Mалите јазици го чуваат достоинството на народите: Интервју со Анеке Брасинга, лауреат на СВП


Поезијата е простор на слободата, а јазикот не смее да биде средство за поделби, туку мост што ги зближува луѓето, смета годинашната добитничка на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, холандската поетеса Анеке Брасинга. „Златниот венец“ го доживува како огромна чест и признание што не го очекувала, а објавувањето на својата поезија на македонски […]

Симфониски концерт на ФЕЈМС Институт во Сули ан во рамки на „Скопско лето“


 Симфониски концерт „Поврзани преку звукот: трансформативната моќ на светската музика“ ќе одржи ФЕЈМС Институт вечер од  20:30 часот во Сули ан, во рамки на 47. фестивал „Скопско лето“.  Дирекцијата за култура и уметност – Скопје (ДКУС), организатор на фестивалот, соопшти дека концертот е завршен настан на шестдневната едукативна програма на ФЕЈМС Институтот, во чии рамки […]

МАНУ ќе учествува во креирањето на стратегиите за развој на културата


Врвни научни и стручни кадри од Македонската академија на науките и уметностите ќе учествуваат во креирањето и подготовката на политики, стратегии и развојни насоки во културата, како и за реализација на научни и културолошки истражувања од национален интерес. Ова е предвидено со меморандумот за сорботка што денеска го потпишаа Министерот за култура и туризам Зоран […]

Словенечкиот актерски великан Нико Горшиќ добитник на наградата „Актер на Европа“


Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, основан во 2003 година кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското Езеро за Меѓуграничен европски парк меѓу Македонија, Грција и Албанија, годинава ќе го одбележи своето 24. издание, кое ќе се одржи од 6 до 11 јули 2026 година во Ресен и Преспа. Фестивалот традиционално ги обединува најзначајните театарски творци […]

Победничката на наградата „Роксан Стојанов“, Виола Имери, заминува на професионален престој во Париз


Победничката на првото издание на националната награда „Роксан Стојанов“, во организација на Интерарт културниот центар и Францускиот институт во Скопје, младата балетска уметница Виола Имери, од 3 до 12 јули 2026 година ќе престојува во Париз, заедно со нејзината менторка Дафина Данилоска Кочевска. Патувањето, престојот и професионалната програма се организирани од Интерарт културниот центар, Францускиот институт и Амбасадата на Франција во […]

Концерт на „Фејмс“ со Русанда Панфили в недела во „Сули ан“ на тема светска музика


На 05.07.2026г. (недела) во 20:30 часот во Сули ан, во рамките на „Скопско лето’ ќе се одржи симфониски концерт „Поврзани преку звукот: трансформативната моќ на светската музика“, во изведба на ФЕЈМС Институт. Како првиот концерт на Јулската концертна серија на ФЕЈМС Институтот, овој концерт ќе се одвива под водство на Русанда Панфили, молдавска виолинистка, композиторка […]

Македонско-американски тим археолози истражуваат на битолскиот локалитет Градиште


Македонско-американски тим археолози, професионалци од НУ Завод и Музеј-Битола и од Универзитетот Кал Поли Хамболд од Арката, Калифорнија, САД, продолжија со ланските истражувања на археолошкиот локалитет Градиште, кај битолското село Црнобуки. Да го откриеме минатото за подобро да ја градиме иднината. Ние, ја откриваме приказната за нашите предци како достојни наследници, велат од тимот кој […]

Невремето ја збриша издавачката куќа „Антолог“ – уништени десетици илјади книги


Магацинот на издавачката куќа „Антолог“ беше поплавен во вчерашното невреме, уништени се илјадници книги, возило, целиот инвентар, техниката. Од познатата книжарница сметаат дека невремето ги одзело нивните минато, сегашносt, но и иднината.  На верните читатели им порачуваат дека сега не се во можност да им ги достават нивните нарачки.    „Драги Антологџии, „Антолог“ каков што […]

Во Скопје за прв пат на Западен Балкан се одржа работилница за јапонски Бунраку театар


На 30 јуни се оддржа работилница и Бунраку демонстрација во Кinoteka.mk. Бунраку е професионален јапонски куклен театар кој е на УНЕСКО листата како Светско нематеријално културно наследство. Настанот започна со поздравни обраќања на амбасадорката Кавахара и деканот Владимир Павловски, ФДУ Скопје / FAD Shkup / DSF Üsküp, по што следуваше извонредна изведба и работилница посветени […]

Бесплатни проекции на македонски филмови и во јули и во август во „Синеплекс“


Агенцијата за филм и Cineplexx продолжуваат со проектот „Македонски филм. На големо платно.“, кој ова лето носи богата програма со бесплатни проекции на македонски филмови. Во текот на јули и август, секој понеделник од 19 часот, во Cineplexx публиката ќе може да проследи внимателно избрана селекција од долгометражни, омнибус, кратки играни и анимирани филмови. Влезот […]

Зоран Анчевски: „Длабок простор“ е ново нурнување во длабокиот простор на поезијата


Патување низ тишината меѓу зборовите, низ местата каде што видливото се претвора во прашање, а прашањето во нова светлина. Во новата поетска збирка „Длабок простор“ на Зоран Анчевски, просторот не е само вселенска бесконечност, туку и нешто што се отвора во секојдневието, во јазикот, во човековата внатрешност и во постојаното движење меѓу надворешното и внатрешното, […]

Кој е Седат Сулејмани, кој ќе го наследи Љутков на министерското столче?


Премиерот Христијан Мицкоски синоќа ги кажа имињата на новите министри што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ исто така, а денес се јавни и предлозите на Вреди. Нов министер за култура и туризам ќе биде Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во ресорот што го водеше Зоран Љутков. Седат Сулејмани е роден во Тетово, во 1975 година. […]

Театарската претстава „Кокошка“ на фестивалот „Скопско лето“


Во Едукативниот културен центар – Лабараториум вечер во рамки на 47-мо издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одигра театарската претстава „Кокошка“ на Независниот театар Вортекс во копродукција со НУ Театар Комедија. Претставата „Кокошка“ е создадена според Николај Кољада, во режија на Теодора Силјаноска. Во претставата играат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Ане Блажовски, Ванеса Тримчевска, Toме Станковски […]

Културен земјотрес во Скопје и на Хераклеа: „Танец“ и „Ладо“ на иста сцена


Гласови и срца, сцената гори, а историјата се пишува во живо! Подгответе се за незаборавно аудио-визуелно доживување и емотивен спектакл каков што ретко се гледа. Македонскиот непокор и гордост преку НУ „ТАНЕЦ“ и хрватската безвременска традиција преку АНСАМБЛ „ЛАДО“ се спојуваат во совршена симфонија на традицијата, младоста и врвната уметност. Ова лето, бидете дел од […]

Гран при за „Анна“ и „Златен лав“ за Маја Љутков на фестивал во Умаг


Претставата „Анна“ според текст на Драгана Лукан Николоски, а во режија на Нина Николиќ, освои Гран при на 27. Меѓународен фестивал на камерен театар „Златен лав“ што заврши синоќа во Умаг, Хрватска. Актерката што ја толкува насловната улога, Маја Љутков, ја доби наградата за најдобра актерка. Претставата е копродукција помеѓу Театар Комедија Скопје и „Перипетија […]